Франција | Црнобело Форум

Франција

Lorejn

Полноправен Член
15 февруари 2012
68
82
18
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Commen ca va? (не дека знам многу француски, мислам дека вака се пишуваше како си) :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Lorejn

Полноправен Член
15 февруари 2012
68
82
18
супер ,каде го учиш?

Па на школо, сеуште гимназија. Повеќе професорката предава граматика, се нешто времиња кои не знаеме каде да ги користиме, ама во преводот се снаоѓам баш добро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,522
14,431
1,683
Таму каде што треба
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,522
14,431
1,683
Таму каде што треба
ФРАНЦИЈА
Француската Република или Франција (француски: République française или France) е демократска држава чија територија главниот дел (метрополитен)се наоѓа во Западна Европа и која е најголема во Европската Унија по површина од 551.500 км2, и втора по население (метрополитен)со 62.448.977 (1 јануари 2009), која понатаму е сочинета од збир прекуморски острови и територии (DOM - TOM) лоцирани на други континенти со површина од 675.417 км2 и население од 65.073.482 (1 јануари 2009)е прва формирана држава во ЕУ.
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите острови исто така се граничи и со Бразил и со Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), со Антилите (во делот на Сен-Мартен). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.

 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,522
14,431
1,683
Таму каде што треба

Историја на Франција
Современа Франција има скоро иста површина како и некогашниот регион Галија во кој живееле некогашните древни келтски жители Гали. Римскиот државник Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во 1 век п.н.е. и тогаш го присвоиле латинскиот јазик и култура а со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес ќе стане вториот доминантен јазик во светот.Од вториот до петтиот век Галите ја прифатиле христијанската вера. Традиционално, 486 година се смета за годината кога била создадена Француската држава. Создавањето ѝ се поврзува со завладувањето на голем дел од Галија од страна на Клодовик I, крал на Франките. Франкската држава, а подоцна Франција е најстарата држава која била создадена во Европа. Името Франција за прв пат се користи во 1190 година, кога кралот Филип II Августзапочнал да го употребува терминот rex Francie намесо rex Francorum.
Избрана статија
Францукската литература го претставува развојот на книжевбоста и создавањето на литературни дела на француски јазик. Нејзиниот развој може да се следи од XI век на територијата на Франција, а подоцна истата е развила и во Канада, Белгија иШвајцарија. Таа се развивала (и се развива) на територијата на денешна Франција. Дала доста познати дела во светската литература.
Од VI век има меморијални песни за пејачи и некои песни нанароден јазик. Постојат и неколку хагиографии од IX и X век кои немаат некоја уметничка вредност, но Животот на свети Алексиј од XI век е вистинско литературно дело.
Географија на Франција
Според својата географска местоположба, Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и наАнтарктик.
Европскиот дел на Франција зазема 547,030 квадратни километри (211,209 sq mi), заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на рељеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаатАлпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија.
Дали знаете...


    • ... дека административно, Франција е поделена на 22 региони и 96 департмани?
    • ... дека и музиката и текстот на Марсељезата ги напишал Клод Жозеф Руж де Лил во 1792 година?
    • ... дека Наполеон III, покрај тоа што бил цар, во своето четиригодишно владеење бил и претседател на Француската република?
 
Последна промена: