Франција

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
26
Сум била во Франција на 3 сата :rofl Ама планирам да одам таму мноогу подолго. Сега треба да почнам со одење на курсеви по француски јазик. МНОГУ ми се свиѓа јазикот и МОРАМ да го научам. И онака имам кнап време, уште ова и готова сум! (happy) Али ова е битно човече! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Франција... мора еден ден да ја посетам. Многу ја сакам државата, а Париз највеќе. Не сте ја спомнале Еди Пјаф, таа е белег на Франција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
« Fille : - Dis moi je t'aime devant tout le monde
Garçon : - Je t'aime (dans l'oreille )
Fille :-Pourquoi tu ne l'as pas dis devant tout le monde ?! :(
Garçon : parce que le monde pour moi c'est toi ... » ♥
 

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
tumblr_lzgfqpZ1pA1r51u45o1_500.jpg


%D0%90%D1%98%D1%84%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0+%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jana and JaMi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дестинација Лувр

Многумина на зборот музеј веднаш помислуваат на Лувр. Веројатно тој е најпознатиот музеј во светот, а деновиве потврди дека има и најголема туристичка посета, дури 8,8 милиони посетители во минатата година.
cour_louvre-e1330427082223.jpg

Незаобиколен е во секое патување во Париз, градот на богатата култура, многу музеи и други туристички локации. За навистина да го видите музејот Лувр, мора да одвоите повеќе од еден ден, па дури и повеќе од недела.
За славата на музејот секако придонесе и сликата на Мона Лиза, која стана своевиден симбол на Лувр. Но покрај неа, Лувр е дом и на преку 380.000 дела, иако кога бил отворен во 1793., за време на Француската револуција, поседувал само 557 дела.
inside-the-louvre-photo_986743-770tall-e1330427133880.jpg

Се наоѓа во прочуениот стар популарен Прв арондисман на Париз, во дворецот со исто име, Палас ду Лувр, изграден уште во 12 век, а чии остатоци може да се видат и денес во подрумот на музејот. Самото име Лувр според историчарите некогаш значело утврдена палата. Прекрасната градба проширувана е и доградувана на повеќе наврати, и била кралевска палата. Во втората половина на 16 век, Лувр бил мешавина од нови градби во процес и остатоци од старите над 200 години. Катерина Медичи, вдовицата на кралот Анриј Втори, незадоволна од таа мешана градба и од недостигот од удобност, наредила изградба на уште поамбициозен дворец, Тилјери. Идејата двете огромни згради во центарот на Париз да се поврзат кулминирала под владеењето на Шарло Деветти, со создавање на голема галерија, огромен пасаж што ги поврзувал одаите на Лувр со оние на Тилјери. Владеењето на Луј 13 и Луј 14 најмногу се одразиле на проширување на палатата, за во 1672. кралот Сонце сепак да се пресели во новата палата, Версај, оставајќи ги недовршени некои од големите проекти за проширување на Лувр. Новиот живот на напуштениот дворец до некаде го внеле и новите резиденти, Француската Академија и Кралската академија за сликарство и скулптура. Сепак, дури Луј 15 покренал ново реновирање на Лувр и Тилјери во 1756 година.
Design-for-the-Grande-Galerie-in-the-Louvre-e1330427173516.jpg

Револуцијата со себе донела и нов поглед на овие две значајни палати. Народното собрание во 1791. ги прогласила Лувр и Тилјери за национални институции што ќе служат како кралска резиденција, но и како место за собирање на сите значајни дела на уметноста и науката.
Централниот музеј ги отворил своите врати на 10 август 1793., со дела преостанати главно од кралската колекција или од аристократите што ја напуштиле земјата во текот на револуцијата. Во текот на револуцијата и Луар влегува во нова фаза на развој. Наполен го прогласил Тилјери за своја официјална резиденција. Музејската збирка во негово време е многу зголемена, а во 1803 музејот е преименуван во Наполеонов Музеј. По битката кај Ватерло и поразот на Наполеон, вратено му е старото име.
louvre-e1330427223670.jpg

Музејот продолжува да ја шири својата колекција, а како важна пресвртница се смета тоа што Шамполион, кој ги дешифрирал египетските хиероглифи, станал прв кустос на египетски збирки во музејот. Се основаат и други значајни збирки, сè до 1871., кога за време на париската комуна се запалува палатата Тилјери. Оганот горен цели два дена и речиси потполно ја зафатил градбата. Остатоците од Тилјери така стоеле во следните 11 години, кога народното собрание донело одлука остатоците од Тилјери да се уништат. Денес на тоа место се наоѓа прекрасен парк, кој е еден од најубавите атракции на Париз.
Музејот Лувр ја дочека Втората светска војна во голема селидба и евакуација на делата. Колекцијата е скриена на многу места низ Франција. По војната, Лувр стана престолнина на светската уметност и култура, кој и понатаму се шири, реновира и основа нови збирки.
louvre11.jpg

Тоа што го привлекува вниманието на бројната публика, секако е и Пирамидата, која е главен влез во музејот. Големата стаклена пирамида е изградена во времето на премиерот Митеран, во1898., со висина од 21 метар, и стана нов симбол на градот. Низ оваа пирамида влегувате во еден од најважните музеи во светот, каде што низ 8 кустоски одделенија можете да согледате голем дел од цивилизациските текови на човештвото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Париз – самото име асоцира на романтика, луксуз и убавина.
Има толку многу работи што можат да се видат во „градот на светлината“ што може да го посетувате безброј пати и секогаш да откривате нови интересни работи. Има многу туристички водичи кои ќе ве упатат каде да престојувате или да јадете, кои музеи и познати локации да ги посетите ... овде даваме предлози за други работи на кои треба да обратите внимание во Париз.
1. Луѓето
Една од најинтересните работи што треба да ја направите во Париз е едноставно да седнете и да ги набљудувате луѓето. Кога ќе се уморите од шетање и разгледување на туристичките атракции, најдете едно убаво типично париско кафуле. Седнете со кафе и набљудувајте го светот околу вас!
paris_mesta4.jpg

2. Гробиштата
Ова може да звучи малку чудно како предлог, но гробиштата Pere Lachaise се познати низ цел свет и годишно ги посетуваат околу два милиони посетители. Гробиштата се тивко и мирно место на кое може да прошетате и да ги видите вечните домови на многу славни лица како Џим Морисон, Оскар Вајлд, Едит Пјаф, Амадео Модиљани, Марија Калас, Фредерик Шопен ...
paris_mesta6.jpg


3. Разгледување излози
Париз е познат по уникатниот стил и излозите на продавниците се јасен доказ на ова. Без разлика дали станува збор за продавница за облека или пекарница, се е изложено и наредено со вкус, максимално истакнувајќи го квалитетот на производот. Не мора да влегувате внатре, разгледувањето на излозите е бесплатно!
paris_mesta2.jpg

4. Пазари за стари работи
Најпознатиот „бувљак“е оној кој се наоѓа на St. Ouen, каде што има стотици продавачи на тезги со најзарзлични стари работи (исто така и џепчии, така што треба да се внимава!). Има и други познати вакви пазари како Porte de Vanves и Marché au Puces d´Aligre – така што не испуштајте да посетите некој, можеби ќе си најдете нешто интересно!
paris_mesta8.jpg

5. Паркови
Париз има многу паркови, некои од нив добро познати, како Jardins de Luxembourg, други поодалечени или помали. Меѓу најпознатите, најпосетуваните и најубавите се Parc Montsouris, the Parc Aux Buttes-Chaumont и the Jardin des Plantes. Задолжително посетете еден и уживајте во глетката ...

paris_mesta3.jpg

6. Музеи
Освен познатиот и огромен Лувр, Париз има многу други познати музеи кои треба да се посетат и разгледаат како Musée Picasso и Musée Rodin, Musée d'Orsay, Musée du Montparnasse, како и Центарот Georges Pompidou, познат и како Beaubourg, седиштето на Националниот музеј на современа уметност. Ако сакате да избегнете гужва и да поминете интересно попладне можете да си најдете некој од помалку познатите музеи кој ве интересира, како на пример за историјата на полицијата, музејот на слободното ѕидарство (масоните) ... во секој случај изборот е голем!
paris_mesta1.jpg


7. Улиците
Во убавите градови со богата историја како Париз можете едноставно да шетате по улиците без посебен план, да се движите по чудесните улици накаде ви фаќа око, да подзастанете и да разгледате нешто ако ви се види интересно. Сигурно ќе налетате на пријатно изненадување без разлика дали ќе биде некоја градба, ресторан, продавница!
paris_mesta7.jpg


8. Глетка
Освен погледот од Ајфеловата кула, друга локација што никако не смеете да ја пропуштите, а нуди прекрасни глетки на Париз, е ритчето Монмартр и црквата Sacre Coeur. Ќе бидете навистина воодушевени од стариот добар Париз!
paris_mesta5.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
27
Многу го сакам како град.
Мешавина од луѓе од сите слоеви,традиција,култура и уметност! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Mонте карло е административна област на Кнежеството Монако. Монте Карло е насекаде познат по неговите казина и неговата еминентност. Постојаното население изнесува 15 000 жители. Квартот Монте Карло не го вклучува само централното место на Монте Карло каде што се наоѓа “Големото Казино”(“Le Grand Casino”) туку исто така ги вклучува соседствата Сент Мишел, Сент Роман-Тенао и заедницата која се наоѓа на самата плажа на Ларвото. Граничи со Францускиот град Бузулеј (понекогаш познат како Монте Карло Супериор).
monte_carlo_17582_lo.jpg

Метропол Монте Карло

Монако е игралиште на богатите и славните, познат по принцезите и претерувањето, со својот центар во Монте Карло. Првпат ги отвори вратите за своите гости во 1886 година, а набргу стана синоним за ултимативниот гламур на Монте Карло, за и ден денес да остане најпосакувана дестинација во градот.


Приватниот хотел Метропол со пет ѕвездички, сместен на неколку чекори од легендарното Гранд Казино, целосно е реновиран и одново отворен кон крајот на јули 2004. Првпат ги отвори вратите за своите гости во 1886 година, а набргу стана синоним за ултимативниот гламур на Монте Карло, за и ден денес да остане најпосакувана дестинација во градот. Негови верни гости се Клаудија Шифер, Бритни Спирс, Стинг и други славни личности.
По реновирањето во кое се вложени неколку милиони фунти, новиот хотел Метропол Монте Карло беше отворен со фанфари и големи очекувања.


Секоја спална соба изработена е по највисоки стандарди и спецификации. Ладните бои се спојуваат со природните материјали, а хотелот се гордее и со екстравагантниот пентахаус-апартман.
Апартманот „Суит кар дор“ има огромен приватен балкон со фантастичен поглед на азурниот брег и плоштадот пред казиното. Велат дека на овој балкон може да се организираат приватни забави за 50 гости.
Хотелот Метропол е единствен во квартот Казино, кој има топол базен на отворено со морска вода, фантастичен за претпладневно излежување колку и за вечерна забава. Барот и ресторанот на базенот се опкружени со прекрасна палуба од тиково дрво на кое сончањето и релаксирањето добиваат вистинска смисла.
Гостите можат да одбираат меѓу ресторанот Гурмет со отворена кујна (со две мишелинѕвездички), кој нуди кујна со свежи вкусови од Медитеранот, и ресторанот Јоши, првиот јапонски ресторан на Жое Робушон, светски познатиот готвач, шеф со најмногу мишелин-ѕвездички во светот (во 2008 имаше дури 26 ѕвездички!).

Хотелското спа, одликувано со 5 ѕвездички, поседува високо ниво насоченост на деталите, сосема во согласност со ѕвездичките на целиот хотел. Спа-просторот веќе од 2006 година стана дел од престижниот сојуз Водечки спа-центри во светот (Leading Spas of the World). Тука гостите можат да го искористат ултрамодерното фитнес-студио, кое располага со најнова кардио опрема и да се подготват за вечерната забава во градот или ноќта во легендарното Монте Карло Казино.

Евровизиска песна од Франција :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Marick14