Леле, редам некои слики по дома и можам да заклучам дека повеќето сликари овде се крш. Барем зборам за овие постари, „извикани“ имиња што сликаат по некој шаблон, наместено, никаде нема фатено вистинска емоција или некој агол што ќе даде посебност на сликата. Само право намести ги сите и чкрап, па нешто невестата поткачена на столбче како заносно гледа во младожењата, па неисчистено лајно до нив (озбилно имам видено ова на слика од едно локално место кајшто се сликаат за венчавки), па нешто пред црква така со бундичето врз цицки да не е харам.
И за мојата матура имавме таков сликар (глупости живи, се испоубив со моите да нема ништо такво за таква глупост) и сега дреме цд-то во фиока и сликите во заборавен албум. Милион пати подобро некој да сликаше со телефон или обичен дигитален апарат.
Како и да е, Русиве се победници за овој тип фотографии. Go hard or go home.

Бар се прекреативни. Секогаш со радост ова ќе гледам него досадава што 80% ја нудат.