Форумски цитати

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тука можете да ги ставате оние мислења кои буквално ве имаат оставено со подотворена уста, подигнато од столчето.... во кратко, оние кои вреди да се подзамисли човек.

Еве конкретно едно одлично мислење во врска со Friendzoned темата но повеќе како општо мислење за заљубеноста и егото. Поготово болдираното.

не знам дали е страв, можеби
дека не ѝ е гајле на заљубената личност, веројатно е така
егото е чудна работа и тера на уште почудни постапки
зезнато е
а женските се поегоистични и повеќе манипулираат кога се работи за такво пријателство
има случаи кога таа си фаќа дечко, а ја продолжува блискоста со пријателот и покрај тоа што знае дека тој сака нешто повеќе
и дури оди то таму што кога тој ќе се одлучи да си го тера својот живот и да си ја бара љубовта на друго место, се чувствува предадена, изневерена, лута, па дури и бесна
оти го изгубила оној кој ја посакувал
а ништо не делува на една жена и нејзината самодоверба како сознанието дека е посакувана
тоа ја прави да се чувствува надмоќно, а кога тоа ќе го изгуби губи и дел од самодовербата, и ја боли
кога чувствата се во прашање, границите тешко се поставуваат
и не, не верувам дека се љуби само еднаш
љубовта има начин и моќ да ги побие сите вистини во кои сме верувале
затоа е таква - прекрасна
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Јас би цитирала уште едно мислење од lady_blue на тема "Дали луѓето може да се сменат?" со кое потполно се слагам.
Совршено ми е јасно дека би била одличен модератор за поезија и проза.

сѐ и сешто се случува
минуваме низ ситуации кои влијаат на нас
се соочуваме со проблеми кои влијаат на нас
доживуваме убавини кои влијаат на нас
се запознаваме со луѓе кои влијаат на нас
се менуваме?
веројатно
но до кој степен?
она што ни е во основа, суштината и ајде да ја речам - с'ржта, не верувам дека се менува
може да се променат навики, размислувања и погледи на нештата, имањето или немањето храброст за да се ризикува,
може да се променат границите, да се поместат понапред или поназад
но каков си - таков си
она што кај некој наликува на целосна промена, според мене е само момент кога човек собира доволно храброст да биде искрен кон себе и кон својата суштина
оти неретко сме вакви или такви заради некакви принципи, правила и норми наметнати колку од најблиските толку и од околината
ако си добар, остануваш добар, дури и кога мораш да реагираш безмилосно
ако си злобен, остануваш злобен, дури и кога оставаш впечаток дека си најљубезната личност на светот
ако си бунтовник, остануваш бунтовник, дури и тогаш кога имаш силна волја таа бунтовност да ја потиснеш во себе
ако си безгласна буква, остануваш безгласна буква, дури и тогаш кога си најгласен од сите
најпосле
ако си човек, остануваш човек, дури и тогаш кога мораш ѕверски да се бориш
ако си нечовек, за жал остануваш таков, дури и тогаш кога на дланка ги имаш сите убавини на светот
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
зошто бе не сте ја разработиле темата

еве нешто мене што ми фати око..

Присутноста како и отсутноста.
Присутност до таа мера да не се осеќа човек отсутен од општеството. (задушување)
Истотака и разбирањето. Лагите се дел од животот, икаде не постои чиста вистина, но сепак треба да има начин на комуникација како најдобро да се кажат/избегнат.
И за крај телесното и интелектуалното привлекување. Бидејќи ако едната страна е грда, другата во најголем број случаеви ја прифатила поради сожалување. А тоа и не е баш она што се бара.
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Ова ме воодушеви ....

melpomena напиша:
Епа ај оди сега па нешто не напиши :rolleyes:

Копнеж

Копнежот е минато
Во мене горат гаволски огнови,толку силно распламтени што допираат до мојата душа.
Ја прават погана.
Мирисот на изгорено го чувствувам.
Ма не постои пожарот,тоа е само имагинација на мојата непроспиена нок.
Секогаш ке копнеам,ако не по тебе,по она што сакав да бидеш.


продолжува...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ако веќе критикувате, правете го тоа директно и конструктивно. За почеток се доволни имиња.

Едно пријателство воскреснува. Всушност многу повеќе од очекуваното.
Сметав дека моите зборови ќе бидат негативно одразени, но сфатив дека критикувањето не е толку лоша ствар.

Среќна сум кога ме критикуваат, наместо навреда и туркање инает, јас засукувам ракави и се фаќам за работа. Кога би се прашувала и би имала моќ, веднаш ќе шитнам 100 комплименти за една критика, зошто понекогаш убавите зборови се празни гестови и лукаво изнудуваат поголема благодарност отколку вистински гестови на добрина.

А толку многу ми фали таква бездна на лудило.

Сосема случајно,но едното поврзано со другото иако од страна на Реми не е напишано за иста работа.
Едното од темата за критика на модератори а другото во темата сакам да кажам.
Ретко кој така ги прифака критиките.
Може не ја подотворив устата кога ги прочитав,но итекако ми се допадна размислувањето,поготово потврдено и за реалниот живот и за виртуелниот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Доволно е ова што доживеав да го прочитам за да бидам задоволна што сум се регистрирала на форумов.
Браво..ма големо БРАВО...што и да напишам за да доловам колку ми се допадна,нема да успеам,а да беше ти,ке успееше. :)
и двете подеднакво ми се допаднаа,но ке го издвојам вториот дел



Се сеќаваш ли како се смееше на моите шеги
И како тие не беа смешни..
На друго се сеќаваш ли како на мене?
Матно... презриво... речиси задимено
Имавме ли се заедно?
Ми даваше ли се потребно?
Добиваше ли се побарано?
Толку ноќи и утра една иста молитва
На кој и да е веќе ќе му преседне
Ама мене да те сакам не ми преседнуваше
Затоа и ти се чудеше повеќе отколку мојата мајка
Како можам да те сакам без да се заситам
Како гола стојам на студ и давам да ме маваат камшици
Кога ти тогаш не сакаше да ме заштитиш
За и самиот да не се повредиш

Се сеќаваш ли колку ја мразев ноќта што не разделуваше
Кога секој по свој пат ќе си тргнеше
И единствено што имавме беа кавгите
И оние зборови кои беа најтешки за изговарање
Си го имав тоа место во твојот свет и сега жал ми е
Зошто тоа место секогаш беше последно
Зошто немавме повеќе минути заедно
И повеќе тајни не сакаше да откриваш, а сѐ мое знаеше
И знаеше дека за друг не се сеќавам
И дека друг нема да паметам
Кога кај друг ме испраќаше, знаеше дека тебе те сакам
Кога бараше калап за мојата величина, не можеше да најдеш
Зошто бев огромна како вселената
Како лагите што ги кажуваше
Огромна и бескрајна како празнотијата во твоето срце.
Јас висев во твојот свет како алишта што се сушат
На разбеснет северен ветер
А ти сонцето не го даваше ниту за 1000 искрени бакнежи

Се сеќаваш ли кога ме калемеше?
Беше јули, врел и непобедлив
Таа ноќ толку чудна... исплашено мирна лежев под тебе со подадени раце
И чекав да ме носиш таму кај што не сум била никогаш
Да ми покажеш сосема нов свет на сакање и имање
Па немање
И да ми ги затвориш потоа сите тешки капии од твојот живот
Зошто мислеше дека поради грешките
Не сум достојна да ги пречекорам праговите
И да те гледам кога плачеш...
А знам дека ти е мака и дека ти е тешко,
Некогаш и убаво ти беше, но многу ретко
Знаеш дека солзите мои не капеа од болка туку од страв
Зошто се плашев дека ќе нема збор
Со кој потоа ќе ти кажам колку те сакав
И колку ќе те сакам и откако ќе ме нема
И откако ќе те нема...

Се сеќаваш ли кога не заврна дожд
И не завеа снег
Кога лутав и скитав во глуви часови само за да те видам
Кога не ми беше важно дали кучињата ќе ме растргнат
И не ги чувствувам мокрите чорапи зошто ме топлеше твојата рака на вратот кога си ја заборави
Колку повеќе те гонев - толку подалечен ми беше
А кога те чекав сам да ми дојдеш, ти не доаѓаше
Кога доаѓаше, брзо бегаше...
А јас само сакав да спојам две течности
Мојата и твојата!
Две живи струи,
Рацете и нозете!
Да сме така скаменети додека поплава не не однесе и гром не не уништи
Додека Бог не не проколне зошто премногу сме се сакале.
Требаше да си ги споиме разликите,
Да се објасниме,
Да не се лажеме и да не се мамиме.

Се сеќаваш ли како те молев да ми дозволиш
Да ти ѕирнам во душата?
Како те молев да ми дојдеш
Да ти го преведам молчењето?
Како ти го бакнував окцето зошто копнеев да ме гледа само мене
За потоа да сфатам
Дека само мене не ме гледало...
Јас му бев лош другар и учител на срцето
Кога тоа се вљубуваше повеќе отколку што можеше да издржи
Тебе не те болеше мојата болка
Кога плачев под ѕвездите
А од очите ми капеше мастило...

Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе ти бидам жена?
Дека сум планина која никогаш не пропаѓа,
Да се потпреш на неа секогаш!
Дека сум река која никогаш не пресушува,
Да се напоиш од неа секогаш!
Дека сум мајка која никогаш не застанува,
Да се бориме за љубовта заедно!
Дека сум облак кој никогаш не потемнува,
Да земеш малку и од мојата светлина!
Дека сум грешка која никогаш нема да се поправи,
Да се учиш самиот од моите паѓања!
Дека сум неверна и те мамам со песните,
Да се учиш на верност од мене!
Дека сум твоја колку што се твои и очите!!!
Да ме чуваш како што се чуваш себеси!

Се сеќаваш ли?
Или не се сеќаваш?
Зошто јас веќе не можам да се сетам...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ах, Мелчи, не е лично мое, ретко е, од непознат автор (можда моето алтер-его има пишувано, па не памтам :D), само проклето добро се вклопува и го кажува она што јас сакав, а немав сила и зборови да го пишам, па само е модифицирано на неколку места.
Но, џабе што допре до толку личности на форумов, кога не успеа да допре кај што требаше. Oh well...

Се извинувам за оф топик.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Шмекси ти до вчера бараше девојки за инпотенти старци за 50 евричи а сега ги спасуваш келнерките , а предходно генерациите од факултет ги спасуваше и Мајка Тереза ке ти завидуваше да воскренеше :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!

Mногу ми се допадна текстов, па сакав да го споделам со вас. ;)
Имајте убав ден.
WomanInRed во темата „Сакам да кажам 2“. Иако позајмено ова сметам треба да го прочита секој кој се соочува со веб просторот, отсек социјални мрежи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: khz777 and WomanInRed