Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
еј да можеш ??? :zelen
ај пиши на фб :zelen
абе не можам да се вклучам, од школо пишувам,пред некој ден испоблокираа све живо и диво. ајт после кога ќе си отидам дома ќе ти пишам па ќе се договориме ;)
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
абе не можам да се вклучам, од школо пишувам,пред некој ден испоблокираа све живо и диво. ајт после кога ќе си отидам дома ќе ти пишам па ќе се договориме ;)
океј ;)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
сдк многу ме нервираат луѓе уште сабајле што едвај чекаат да дрндорат, и не те оставаат да докажеш ниту збор а не пак реченица..па дали ми се слуша цело време ветар у магла муабети :frantic
и сдк мразам кога некој ќе ми влее негативна енергија, а јас не сум носител на истата никогаш...зошто мора да има такви уфф
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
продуктивно препуцавање некад може да биде добра лекција, не е карање ако на некога му укажеш дека тој што га праи га иритира поголем дел од форум, напротиф, бш тој 'востание' треа да га натера да престане сс тој за што е дигнато истото
дискусија беше на место!
 

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
На тој Фејзбук можеш да видиш две крајности. Да запознаеш прекрасни личности и да се разочараш од многумина што си мислел дека се прекрасни. Истовремено, на Фејзбук можеш да видиш колку некој има смисла за хумор, музика, за креативност, но истовремено точно можеш да забележиш колку некој е празен „ко шупал заб“! Нема везе, во секој случај ако сакаш, можеш да се забављаш до сто и еден и назад. Не постои личност на овој свет која не носи барем една малечка фрустрација или комплекс. Или барем такви се девет од десет. Сите сме помалку или повеќе осамени длабоко во себе и сакаме да споделиме со некого нешто. Арно ама, социјалните мрежи се место каде што многумина го губат компасот и заоѓаат. Започнуваме да живеееме во време на два паралелни света. Еден виртуелен, и еден реален. И двата се сурови до крајност, со тоа што оној виртуелниот ти дозволува да имаш неколку лица, неколку имиња, неколку пристапи, неколку приказни. Во реалниот свет и секојдневие, го има она што во виртуелниот никогаш не може да се пренесе. Тоа е она што народот го нарекува „пусти нека очи говоре“. Тоа не го мислам во љубовна или швалерска смисла, туку во духовна, реална, човечка смисла. Многумина во виртуелниот свет се паметњаковичи, швалерчини, мудреци, начитани, духовити, додека истите тие кога некогаш и некаде ќе ги сретнеш се уствари празна вреќа со воздух, чија слика од онаа на профилот во виртуелниот свет е различна ко Тарзан и Моцарт. Многу е мал бројот на оние кои се она што се и виртуелно и реално. Виртуелното ти дозволува да бидеш похрабар и да настапиш онака како што не би си дозволил инаку, затоа што во реалноста треба некого да гледаш во очи додека зборуваш.
Заборавивме како изгледа некого да гледаш директно во очи! Заборавивме како изгледа топло стисната рака на другар, срдечна прегратка на роднина, искрен упатен збор од близок. Заборавивме како изгледа да ти заигра срце кога некому сакаш да упатиш или примиш зборови на љубов. Другарска, роднинска било каква. Заборавивме, едноставно да бидеме тоа што сме. Луѓе од крв и месо. На Фејзбук можеме само да илустрираме чувства, но, да ги подариме некому е сосема поинаква филозофија и механизам. Честопати човечкиот поглед е нешто што не може да го илустрира ниту една фотографија, ниту една музика. Заборавивме една страшна филозофија која вели „најдобар другар ти е оној кој што знае крај тебе да одмолчи саат време дур двојцата гледате во еден правец“. Ги губиме оние биолошки механизми и инстинкти кои бог ни ги дал а кои не врзуваат или оддалечуваат од некого. Нечиј мирис, говор на тело, боја на глас, насмевка, поглед. Ја стерилизираме душата под сееднаквоста дали некој ќе се насмее на наша шега, дали некој ќе се согласи со нашето мислење, дали некој ќе сподели со нас мирис на пролет, а не слика. Никој и никој на Фејзбук не може да те праша ‘‘што ти е, блед си, зошто се тресеш, зошто плачеш, гладен ли си, зошто си тажен‘‘. А, ако си тажен, тоа може да го забележи само оној што го гледа сјајот во твоите очи, доколку тие светат или не светат. Ниту едни очи не светат на Фејзбук. Kолку и да се убави, тие се таму мртви! Тие се само слика!Народот вели „ладни раце, топла љубов“. А како ќе знаеш чија рака каква е ако не ја допреш. Топлата насмевка и врелите солзи се доживуваат, не се читаат. Животот се живее, не се даунлодира. За човек да функционира како човек во околината, не му треба пасворд. Треба само да се сети дека е сепак, човек! Ако е човек, де!

Mногу ми се допадна текстов, па сакав да го споделам со вас. ;)
Имајте убав ден.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
WomanInRed за малце ќе го ставев текстов на форумски цитати а богами и во правиникот на форумот. Ама за ептен малце. Како и да е, текстов е реалноста на виртуелниот свет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed
Статус
Затворена за нови мислења.