Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Среќна сум што знам дека постоиш, дека те има во мојов живот. Но ме убива тоа што си далеку, што не можам да те имам покрај себе во секој момент.
Дојди, стопли ме. Досадно ми е да се кријам од студот под ќебе. Шалот од твоите раце ми ја дарува најголемата топлина.
Минувам низ улиците по кои талкавме така без цел, зборувајќи по цела вечер и ги баравме соѕвездијата.
Тргнувам накај сендвичарата по хот-дог, но ми текнува дека ми е срам да побарам да стават повеќе кечап и си се враќам. Врати се бе копан, ќе ти останам гладна
Споро ми минуваат деновите без тебе, не сакам само по телефон да слушам како си и што правиш. Сакам да те видам, да те прегрнам, да се стопам во твојата прегратка и така да останам цела вечер.
Има да те гњавам за цело ова време што ми недостасуваш. Само ти дојди си
Добро .. не ми е јасно .. како тоа раскинавме пред 6 ипол месеци .. и уште неможам да те извадам од глава ?
Како тоа те сонувам секоја вечер ? Зошто ? Се прашувам зошто ?
Не сакам да се случува тоа .. не сакам да се сеќавам на тие денови, зошто упорно тоа ми е во глава ?
Зошто неможам да те оттргнам од мисли ?
Оди си веќе еднаш .. зошто не сакаш да си одиш ?
Ќе пишам, но не сакам никогаш да прочиташ! Не сакам ни на крај памет да ти текне да отвориш токму овде и да го прочиташ токму ова.
Дали се сеќаваш кога првпат се сретнавме Кога ти сакаше тело, а јас копнеев по душа.. Тогаш не знаев каков си, ниту кој си А и ти не знаеше зошто сум толку убава на сликите... Јас те гледав како да не те гледам Како мојот поглед да поминуваше низ тебе Празнотијата никако да сопре да тече од твоето убаво лице Што всушност се случуваше тогаш.. Сакаше ли да се држиме за раце Затоа ли ме бакна како да бакнуваш првпат? Ги запали сите полиња во мојот роден крај И сите реки ги крсти со твоето име Затоа ли? За едно тело што немаше правилен облик? За едни гради? Само за неколку минути со мене?
Дали се сеќаваш кога се враќаше дома? Кога те прашав што сум ти од таа вечер? Не знаевме ни двајцата што сме си Товар или богатство И ме врза за себе со синџири Ме заведе со зборови Тие станаа корен на се што растеше подоцна А тоа подоцна стана светска експлозија.
Дали се сеќаваш како со една рака пишував А со другата те галев и милував Кога ти реков дека прегратката и бакнежот Не ја кажуваат ниту половина од мојата љубов Кога срцата ни грмеа над градот што блудно пиштеше А ние врз него качени еден на друг си се дававме самите Ти, се предаде ли тогаш? Како да се предаваш првпат? Не знам... А ме сакаше ли многу? Пак не знам... А ќе дознаам ли некогаш? Никогаш... Сега срцето ми грми и го загушува светот, знаеш ли?.. Јас ти кажав дека си ми единствен А јас тебе ти бев ли?
Се сеќаваш ли колку ме лажеше и колку ти верував? Тие лаги ми беа помили од вистинта Зошто беа твои Колку други освен мене имаше кога ме гушкаше А мислеше дека заради љубовта сум слепа и не можам да ги видам Ама тие мене ме гледаа И знам дека знаеш дека не знам И знам како мислиш дека нема да се научам Ама не знам дали знаеш дека знам И дека се сеќавам на секој дел од твојот јазик И кога ме лажеше и кога ме галеше Ама јас реков ти простувам За секоја безимена... за сите ти простувам Ти уште пред да признаеш Јас реков засекогаш, Ти уште пред да ме пронајдеш Јас те чекав секоја вечер, И секоја вечер бев сама.
Што сте ставиле лимит? Не може човек да се искаже.
Се сеќаваш ли како се смееше на моите шеги
И како тие не беа смешни..
На друго се сеќаваш ли како на мене?
Матно... презриво... речиси задимено
Имавме ли се заедно?
Ми даваше ли се потребно?
Добиваше ли се побарано?
Толку ноќи и утра една иста молитва
На кој и да е веќе ќе му преседне
Ама мене да те сакам не ми преседнуваше
Затоа и ти се чудеше повеќе отколку мојата мајка
Како можам да те сакам без да се заситам
Како гола стојам на студ и давам да ме маваат камшици
Кога ти тогаш не сакаше да ме заштитиш
За и самиот да не се повредиш
Се сеќаваш ли колку ја мразев ноќта што не разделуваше
Кога секој по свој пат ќе си тргнеше
И единствено што имавме беа кавгите
И оние зборови кои беа најтешки за изговарање
Си го имав тоа место во твојот свет и сега жал ми е
Зошто тоа место секогаш беше последно
Зошто немавме повеќе минути заедно
И повеќе тајни не сакаше да откриваш, а сѐ мое знаеше
И знаеше дека за друг не се сеќавам
И дека друг нема да паметам
Кога кај друг ме испраќаше, знаеше дека тебе те сакам
Кога бараше калап за мојата величина, не можеше да најдеш
Зошто бев огромна како вселената
Како лагите што ги кажуваше
Огромна и бескрајна како празнотијата во твоето срце.
Јас висев во твојот свет како алишта што се сушат
На разбеснет северен ветер
А ти сонцето не го даваше ниту за 1000 искрени бакнежи
Се сеќаваш ли кога ме калемеше?
Беше јули, врел и непобедлив
Таа ноќ толку чудна... исплашено мирна лежев под тебе со подадени раце
И чекав да ме носиш таму кај што не сум била никогаш
Да ми покажеш сосема нов свет на сакање и имање
Па немање
И да ми ги затвориш потоа сите тешки капии од твојот живот
Зошто мислеше дека поради грешките
Не сум достојна да ги пречекорам праговите
И да те гледам кога плачеш...
А знам дека ти е мака и дека ти е тешко,
Некогаш и убаво ти беше, но многу ретко
Знаеш дека солзите мои не капеа од болка туку од страв
Зошто се плашев дека ќе нема збор
Со кој потоа ќе ти кажам колку те сакав
И колку ќе те сакам и откако ќе ме нема
И откако ќе те нема...
Се сеќаваш ли кога не заврна дожд
И не завеа снег
Кога лутав и скитав во глуви часови само за да те видам
Кога не ми беше важно дали кучињата ќе ме растргнат
И не ги чувствувам мокрите чорапи зошто ме топлеше твојата рака на вратот кога си ја заборави
Колку повеќе те гонев - толку подалечен ми беше
А кога те чекав сам да ми дојдеш, ти не доаѓаше
Кога доаѓаше, брзо бегаше...
А јас само сакав да спојам две течности
Мојата и твојата!
Две живи струи,
Рацете и нозете!
Да сме така скаменети додека поплава не не однесе и гром не не уништи
Додека Бог не не проколне зошто премногу сме се сакале.
Требаше да си ги споиме разликите,
Да се објасниме,
Да не се лажеме и да не се мамиме.
Се сеќаваш ли како те молев да ми дозволиш
Да ти ѕирнам во душата?
Како те молев да ми дојдеш
Да ти го преведам молчењето?
Како ти го бакнував окцето зошто копнеев да ме гледа само мене
За потоа да сфатам
Дека само мене не ме гледало...
Јас му бев лош другар и учител на срцето
Кога тоа се вљубуваше повеќе отколку што можеше да издржи
Тебе не те болеше мојата болка
Кога плачев под ѕвездите
А од очите ми капеше мастило...
Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе ти бидам жена?
Дека сум планина која никогаш не пропаѓа,
Да се потпреш на неа секогаш!
Дека сум река која никогаш не пресушува,
Да се напоиш од неа секогаш!
Дека сум мајка која никогаш не застанува,
Да се бориме за љубовта заедно!
Дека сум облак кој никогаш не потемнува,
Да земеш малку и од мојата светлина!
Дека сум грешка која никогаш нема да се поправи,
Да се учиш самиот од моите паѓања!
Дека сум неверна и те мамам со песните,
Да се учиш на верност од мене!
Дека сум твоја колку што се твои и очите!!!
Да ме чуваш како што се чуваш себеси!
Се сеќаваш ли?
Или не се сеќаваш?
Зошто јас веќе не можам да се сетам...