Ни јас не знам како ја докопав темава, ама дефинитивно е штета што е згасната и ојдена во вечни ловишта.
Со каков ентузијазам е почнато, за одеднаш да спласне без глас.
Ја видов темата со првиот весник, ама после не знам што се случило, но со оглед на тоа колку бил млад форумов кога почнала фамата, оправдано е.
Ама, сега сме малку позрел форум со поголем број и поконстантни членови заинтересирани за различни области, па добро би ни дошло вакво освежување.
Насловните што ги оставил ШакаЗулу беа најочекуваното нешто на времето на споменатиот форум. На некој начин ги држеа членовите заедно и беа одлични за запознавање, развивање муабет, па дури и дискусии. Секој имаше шанса за делче во целината. Плус, забавно е и опуштено, а тоа е најбитно.
Ако некој е уште заинтересиран, супер би било, ќе помагаме кој колку може.
Па и не мора еднаш месечно, може и еднаш во два месеци да се објавува весникот, таман дури да се собере солиден материјал и свежи идеи.