Форумски весник ,,Црнобело" (издание бр.5)

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
На овој број се работеше најнапорно и најпрофесионално до сега но и најпозитивно затоа што вистински ни тргна муабетот на сите како тим. Во ЦБ тимот дојдоа два нови играчи но и еден поранешен се врати, со други зборови за Црнобело5 се погрижија @Electra @Luckky @Outrider @JaMi @Lena и секако јас. Создадовме професионален весник кој се разликува од минатите изданија за кои можеме да кажеме дека во однос на Црнобело5 се аматерски изработени.
Се појави мал проблем а тоа беше прикачувањето на весникот на форумов, поточно преголема меморија зафаќаше, а и сеуште зафаќа. За решавање на тој проблем очекуваме @ipopovski да ни помогне па потоа да можеме да ја прикачиме .pdf верзијата на темава. Но ние како тим секако дека треба да го испочитуваме тој временски рок на објавување па затоа со сите сили се потрудивме да овозможиме весникот да дојде на форумов.

Препорака:
- Во Adobe, ставете го весникот во големина 87%, така е најчитлив.
- Download-ирањето е директно. Потребен ви е само еден клик на линкот подолу.

Читајте, уживајте и коментирајте!
Црнобело5 (flower)

________________________
Симнете го весникот тука.
Онлајн верзија тука.
_________________________
 

Прикачувања

  • црнобело5.pdf
    8.3 MB · Прегледи: 23

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Дечки @Luckky @Makedonec @JaMi @Outrider @Lena @Electra БРАВО!
Со сè поголем мерак го читам секој нов број.
Браво за иницијативата, за истрајноста, за упорноста!

Вложувате труд и создавате нешто што ќе остане, нешто на што ќе се потсетуваме и ќе викаме „еееј ти текнува, а види го првиот број каков беше, види како се развиваше секој следен број...“
Мислам дека тоа се емоции кои ќе ги топлат срцата на сите лојални и искрени членови на овој форум.