Форумски весник ,,Црнобело" (издание бр.4)

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Не можам да сфатам зошто не добив лајк, ги прошетав уште еднаш сите страници и сите што имаат позитивни критки добија лајк, само јас не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не можам да сфатам зошто не добив лајк, ги прошетав уште еднаш сите страници и сите што имаат позитивни критки добија лајк, само јас не.
Еве јас ти ставив, јас сум ти другар овие другиве остави ги. Еден лајк да не се ставело бе. :)
 
Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Многу е подобар дизајнот од претходните броеви.
Си најдов печатни грешки на самата, каде бе вака Сара?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, ќе бидам лоша/искрена и ќе кажам дека ми беше најдосаден досега.
Единствена светла точка се интервјуата и топ е последнава мистерија со сектата и атомската бомба. :D:D
Фокусирајте се повеќе на такви нешта. Останатово е досадно од причина што се испозалепени мислења што веќе сме ги прочитале по темите...и се лошо залепени. Подобро копирајте го текстот отколку да се лепи скриншот од мислењето со непропорционална резолуција. Неколку пати е тоа посочено. Во рубриката за Скопскиот Фестивал пример, мислењето на Саладин е згужвано до непребол.
Не сме голем форум, па да речеме сме пропуштиле мислење, па ајде весников ќе го покрие тоа. Напротив, имаме време по три пати дневно да ги прочитаме најновите мислења на денот. Подобро фокусирајте се на 3-4 квалитетни интервјуа со интересни прашања кои не се од типот како и зошто си се зачленил овде, покријте некоја вест надвор од форумов т.е. еден нека пишува еве за музичко случување - можеа да се покријаат номинациите и подготовките за АМА кои се одржаа на 23ти месецов, друг нека даде рецензија на албум - еден месец нека е рап, нареден метал, па нешто наше...па не знам, некоја претстава или филмска промоција - која, каде и како се одржала, за што се работи, кој бил присутен, известувања/рецензии за нови или популарни игри.
Зборот ми е, нека има еве кулинарско катче и филмска рецензија со мислења од форумов, ама баш секоја рубрика да е составена од тема и 2-3 копирани мислења од истата, е досадно.
За забавен карактер нека се додаде некоја загатка рецимо (тресам од ракав), па оној што ќе ја погоди, наредниот број тој да дава нова.
Дизајнот е прича сам за себе. Нема да лажам, не е подобрен. Лентите од страна се со ужасно непропорционален текст т.е. ставена е лентата, па ширена да ја зафати должината на страната, со што се губи текстот, нема никаква доследност во „дизајнот“ - нафрлани линии во триста бои, некаде има лента, некаде нема. Лентата на каверот правете ја барем со 40-60% opacity, да се гледа целосно и позадината, како Блу што ви даде предлог.
Бели пиксели околу буквите - никако. Такоџе е непотребна и статистиката околу активноста, не секој се зачленил или реактивирал ради весников, ко што имаше во некој претходен број. Засега толку. Пардон, не мислев дека волкаво ќе излезе. (worried)
И не е итно да се брза да се објавува на 20 и некој, средувајте си полека, ќе ви истекне може и нова содржина, а и има триста туторијали за подобра естетика, па нека дојде и 30/31...или на секој почеток на нов месец.
Знам, благодарите и ќе го земете ова предвид за следниот број. :D
Не ме сфаќајте погрешно, имате безрезервна поддршка од мене за иницијативата и за подобрување на весникот, и сакам да читам и да ве фалам, ама постојат точки на кои мора да се поработи.
 
Ти благодариме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra