Дојде време да се објави во јавноста долго најавуваниот и со нетрпение очекуваниот весник - Весникот Црнобело4. На Црнобело4 најмногу внимание се посвети на дизајнот но и на тоа да се исполнат вашите барања и предлози од темата за предлози, прашања. Морам да признаам дека овој број се работеше со најмалку воља затоа што дознавме дека двајца од нашиот тим се откажуваат од целава оваа работа што значи дека во иднина само тројца ќе работиме што сме премалку за да составиме еден весник. Затоа сите оние кои сакаат да бидат дел од ЦБ тимот нека се пријават ќе помогнат за доброто на форумскиот весник кој донекаде даде живост на овој форум. А сега пред да биде сервиран ручекот, прочитајте го четвртото издание на форумскиот весник. Онлајн верзија тука. И не заборавајте да го дадете вашето мислење за Црнобело4
...само требаше да стои дека е со Мојс интервјуто, јас само служев како медиум кој во транс ги пренесуваше зборовите Дејвидови...
Ова е неверојатно, толку кратко и јасно да си кажеш што имаш. Шала на страна, да не бидам пак критички настроена ќе кажам дека весникот е ок. Како за разбивање на монотоноста е одличен. За дизајнот нема да коментирам овој пат, секогаш може подобро. Само она ми боди во очи дека во изминатиот месец се зачлениле 15 нови членови. Ок, е можеби и се зачлениле, ама нема логика да се споменува таа бројка кога сите знаеме дека нема скоро никој нов низ темите. Освен 4-5 души што имаат по две три мислења. Мислам, кого лажеме? Некако изгледа ко статистиките да се пишани колку да пополнат место на весникот. А да, и вовед сте заборавиле. Добри сте, се подобри во секој нареден број. Ова искрено. И мило ми е што сите критики што беа упатени претходно сте се потрудиле да ги остварите и да смените нешто.