Мене ми се допаѓа интервјуто, изгледа дека јас го правев.
@Makedonec немој да заборавиш да се заблагодариш.
@Makedonec немој да заборавиш да се заблагодариш.
Имав многу поголема замисла за овој број со различни содржиниОкеј, ќе бидам лоша/искрена и ќе кажам дека ми беше најдосаден досега.
Единствена светла точка се интервјуата и топ е последнава мистерија со сектата и атомската бомба.
Фокусирајте се повеќе на такви нешта. Останатово е досадно од причина што се испозалепени мислења што веќе сме ги прочитале по темите...и се лошо залепени. Подобро копирајте го текстот отколку да се лепи скриншот од мислењето со непропорционална резолуција. Неколку пати е тоа посочено. Во рубриката за Скопскиот Фестивал пример, мислењето на Саладин е згужвано до непребол.
Не сме голем форум, па да речеме сме пропуштиле мислење, па ајде весников ќе го покрие тоа. Напротив, имаме време по три пати дневно да ги прочитаме најновите мислења на денот. Подобро фокусирајте се на 3-4 квалитетни интервјуа со интересни прашања кои не се од типот како и зошто си се зачленил овде, покријте некоја вест надвор од форумов т.е. еден нека пишува еве за музичко случување - можеа да се покријаат номинациите и подготовките за АМА кои се одржаа на 23ти месецов, друг нека даде рецензија на албум - еден месец нека е рап, нареден метал, па нешто наше...па не знам, некоја претстава или филмска промоција - која, каде и како се одржала, за што се работи, кој бил присутен, известувања/рецензии за нови или популарни игри.
Зборот ми е, нека има еве кулинарско катче и филмска рецензија со мислења од форумов, ама баш секоја рубрика да е составена од тема и 2-3 копирани мислења од истата, е досадно.
За забавен карактер нека се додаде некоја загатка рецимо (тресам од ракав), па оној што ќе ја погоди, наредниот број тој да дава нова.
Дизајнот е прича сам за себе. Нема да лажам, не е подобрен. Лентите од страна се со ужасно непропорционален текст т.е. ставена е лентата, па ширена да ја зафати должината на страната, со што се губи текстот, нема никаква доследност во „дизајнот“ - нафрлани линии во триста бои, некаде има лента, некаде нема. Лентата на каверот правете ја барем со 40-60% opacity, да се гледа целосно и позадината, како Блу што ви даде предлог.
Бели пиксели околу буквите - никако. Такоџе е непотребна и статистиката околу активноста, не секој се зачленил или реактивирал ради весников, ко што имаше во некој претходен број. Засега толку. Пардон, не мислев дека волкаво ќе излезе.
И не е итно да се брза да се објавува на 20 и некој, средувајте си полека, ќе ви истекне може и нова содржина, а и има триста туторијали за подобра естетика, па нека дојде и 30/31...или на секој почеток на нов месец.
Знам, благодарите и ќе го земете ова предвид за следниот број.
Не ме сфаќајте погрешно, имате безрезервна поддршка од мене за иницијативата и за подобрување на весникот, и сакам да читам и да ве фалам, ама постојат точки на кои мора да се поработи.
А за промена да оставиш другите да те пофалат?Немам со што да се пофалам овој број, затоа така.
Никој нема да ме пофали мене. Ова ми беше последна шанса да си се пофалам сам, дека од следниот број па натаму не учествувам.А за промена да оставиш другите да те пофалат?
Продолжете со весниците,интересно е,ама некако ми се чини дека наместо да се подобрувате вие се уназадувате.
Но тоа не е причина за да прекинете.
Некако многу сиромашен овој број,а додуша и членството општо низ цел форум некако не толку активно.
,,Информациите,,низ весникот подзастарени.
Ајде ке се снајдеш ти и без тоа.Никој нема да ме пофали мене. Ова ми беше последна шанса да си се пофалам сам, дека од следниот број па натаму не учествувам.
Нормално, секогаш имам нешто со што да се пофалам.Ајде ке се снајдеш ти и без тоа.
Околу статистиките,јас пак не гледам зошто треба да ги нема,какви и да се,инормативни се.
Нели весниците служат и за инормирање на читателите.
Дури треба и повеке да ги има,од повеке карактери.Така полесно ке се ушалта некој нов член,или некој по колеблив околу учеството на форумов.
Зарем има кој нема?Нормално, секогаш имам нешто со што да се пофалам.
Еве јас некогаш ќе те пофалам тебе, ти мене, и така ќе си се фалиме.Зарем има кој нема?
Уште да нејдеме кој друг да не пофали,ама по пат на заслуга а не со сопствено тепање во гради.Помодревме.
Ами, се срамат децата.Имав многу поголема замисла за овој број со различни содржини
но најинтересно е тоа кога ќе прашаш некој член за нешто за весникот и ти одговараат ејјј само немој мене, ај друг пат, орашај друг, срам ми е, глупо ми е
со таков став еден весник не може да се направи а потоа сфати и зошто темите се со малку мислења
инаку ќе се потрудиме да создадеме подобар следен број само тројца незнам како ќе го сториме тоа
во тој случај чекам една насловна од тебеАми, се срамат децата.
Инаку да, морам да се сложам околу делот со поделеноста. Од прв поглед се распознава кој за што бил задолжен. И не дека е лошо што авторот си има сопствен печат, туку се добива впечаток дека секој сам си го сработува делот и потоа ти си тој што ги спојува во рубрики и толку.
Ако некој од другите има подобра идеја да ги распореди рубриките, дозволи му; ако некому му текнат интересни прашања - вклучете ги, а не вака јас сум составил/а, јас сакам да сум на тој дел и друго не може. Договор куќа гради.
Иако знам дека сигурно се трудите и ви е тешко да се координирате.
Не сум експерт, ама ако е од помош, пиши слободно, па ако успеам со време, бар еден темплејт (насловна + основна позадина со лого/што и да е) ќе пробам направам за дизајнот за следниот број, колку-толку.