Форумски весник ,,Црнобело" (издание бр.4)

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Океј, ќе бидам лоша/искрена и ќе кажам дека ми беше најдосаден досега.
Единствена светла точка се интервјуата и топ е последнава мистерија со сектата и атомската бомба. :D:D
Фокусирајте се повеќе на такви нешта. Останатово е досадно од причина што се испозалепени мислења што веќе сме ги прочитале по темите...и се лошо залепени. Подобро копирајте го текстот отколку да се лепи скриншот од мислењето со непропорционална резолуција. Неколку пати е тоа посочено. Во рубриката за Скопскиот Фестивал пример, мислењето на Саладин е згужвано до непребол.
Не сме голем форум, па да речеме сме пропуштиле мислење, па ајде весников ќе го покрие тоа. Напротив, имаме време по три пати дневно да ги прочитаме најновите мислења на денот. Подобро фокусирајте се на 3-4 квалитетни интервјуа со интересни прашања кои не се од типот како и зошто си се зачленил овде, покријте некоја вест надвор од форумов т.е. еден нека пишува еве за музичко случување - можеа да се покријаат номинациите и подготовките за АМА кои се одржаа на 23ти месецов, друг нека даде рецензија на албум - еден месец нека е рап, нареден метал, па нешто наше...па не знам, некоја претстава или филмска промоција - која, каде и како се одржала, за што се работи, кој бил присутен, известувања/рецензии за нови или популарни игри.
Зборот ми е, нека има еве кулинарско катче и филмска рецензија со мислења од форумов, ама баш секоја рубрика да е составена од тема и 2-3 копирани мислења од истата, е досадно.
За забавен карактер нека се додаде некоја загатка рецимо (тресам од ракав), па оној што ќе ја погоди, наредниот број тој да дава нова.
Дизајнот е прича сам за себе. Нема да лажам, не е подобрен. Лентите од страна се со ужасно непропорционален текст т.е. ставена е лентата, па ширена да ја зафати должината на страната, со што се губи текстот, нема никаква доследност во „дизајнот“ - нафрлани линии во триста бои, некаде има лента, некаде нема. Лентата на каверот правете ја барем со 40-60% opacity, да се гледа целосно и позадината, како Блу што ви даде предлог.
Бели пиксели околу буквите - никако. Такоџе е непотребна и статистиката околу активноста, не секој се зачленил или реактивирал ради весников, ко што имаше во некој претходен број. Засега толку. Пардон, не мислев дека волкаво ќе излезе. (worried)
И не е итно да се брза да се објавува на 20 и некој, средувајте си полека, ќе ви истекне може и нова содржина, а и има триста туторијали за подобра естетика, па нека дојде и 30/31...или на секој почеток на нов месец.
Знам, благодарите и ќе го земете ова предвид за следниот број. :D
Не ме сфаќајте погрешно, имате безрезервна поддршка од мене за иницијативата и за подобрување на весникот, и сакам да читам и да ве фалам, ама постојат точки на кои мора да се поработи.
Имав многу поголема замисла за овој број со различни содржини
но најинтересно е тоа кога ќе прашаш некој член за нешто за весникот и ти одговараат ејјј само немој мене, ај друг пат, орашај друг, срам ми е, глупо ми е
со таков став еден весник не може да се направи а потоа сфати и зошто темите се со малку мислења

инаку ќе се потрудиме да создадеме подобар следен број само тројца незнам како ќе го сториме тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Немам со што да се пофалам овој број, затоа така. :)
А за промена да оставиш другите да те пофалат?;)

Продолжете со весниците,интересно е,ама некако ми се чини дека наместо да се подобрувате вие се уназадувате.
Но тоа не е причина за да прекинете.
Некако многу сиромашен овој број,а додуша и членството општо низ цел форум некако не толку активно.
,,Информациите,,низ весникот подзастарени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Никој нема да ме пофали мене. Ова ми беше последна шанса да си се пофалам сам, дека од следниот број па натаму не учествувам. :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Никој нема да ме пофали мене. Ова ми беше последна шанса да си се пофалам сам, дека од следниот број па натаму не учествувам. :)
Ајде ке се снајдеш ти и без тоа.

Околу статистиките,јас пак не гледам зошто треба да ги нема,какви и да се,инормативни се.
Нели весниците служат и за инормирање на читателите.
Дури треба и повеке да ги има,од повеке карактери.Така полесно ке се ушалта некој нов член,или некој по колеблив околу учеството на форумов.
И не ке е лошо креаторите да си останат непристрасни креатори,без директно учество.
Некако премногу нападно и самоуверено,како примарна цел е да се истакне што знаат креаторите сам по сам а не да состават еден весник целокупно земено добар.
Работата ја чини успешна тимот не поединецот.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ајде ке се снајдеш ти и без тоа.

Околу статистиките,јас пак не гледам зошто треба да ги нема,какви и да се,инормативни се.
Нели весниците служат и за инормирање на читателите.
Дури треба и повеке да ги има,од повеке карактери.Така полесно ке се ушалта некој нов член,или некој по колеблив околу учеството на форумов.
Нормално, секогаш имам нешто со што да се пофалам. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Зарем има кој нема?
Уште да нејдеме кој друг да не пофали,ама по пат на заслуга а не со сопствено тепање во гради.Помодревме.:zelen
Еве јас некогаш ќе те пофалам тебе, ти мене, и така ќе си се фалиме. :)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Имав многу поголема замисла за овој број со различни содржини
но најинтересно е тоа кога ќе прашаш некој член за нешто за весникот и ти одговараат ејјј само немој мене, ај друг пат, орашај друг, срам ми е, глупо ми е
со таков став еден весник не може да се направи а потоа сфати и зошто темите се со малку мислења

инаку ќе се потрудиме да создадеме подобар следен број само тројца незнам како ќе го сториме тоа
Ами, се срамат децата. :D
Инаку да, морам да се сложам околу делот со поделеноста. Од прв поглед се распознава кој за што бил задолжен. И не дека е лошо што авторот си има сопствен печат, туку се добива впечаток дека секој сам си го сработува делот и потоа ти си тој што ги спојува во рубрики и толку.
Ако некој од другите има подобра идеја да ги распореди рубриките, дозволи му; ако некому му текнат интересни прашања - вклучете ги, а не вака јас сум составил/а, јас сакам да сум на тој дел и друго не може. Договор куќа гради.
Иако знам дека сигурно се трудите и ви е тешко да се координирате.
Не сум експерт, ама ако е од помош, пиши слободно, па ако успеам со време, бар еден темплејт (насловна + основна позадина со лого/што и да е) ќе пробам направам за дизајнот за следниот број, колку-толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Makedonec

во тој случај чекам една насловна од тебе
=)