Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Колку пати неделно вежбате?

  • Еднаш неделно

    Гласови: 8 6.8%
  • 3-5 пати неделно

    Гласови: 62 52.5%
  • Секој ден во неделата

    Гласови: 28 23.7%
  • Не вежбаам воопшто

    Гласови: 20 16.9%

  • Вкупно гласале
    118

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@MackioBodyBulding се е тоа убаво и индивидуално до кој степен сакаш да одиш , имено да не се лажеме за тоа мислам дека си свесен и самиот дека треба финансии .
Како прво дали ти самиот дали некој друг ти одредил начин на исхрана , и тоа е многу важен сегмент , протеините како ги комбинираш пред тренинг и темпото што го имаш секојдневно кога не тренираш , мислам дека си свесен колку одмарање бара телото во текот на денот , на телото треба да му посветиш внимание и да го осетиш колку му е доволно дневен тренинг ...

Бара да си инат ,да си посветен , имаш многу пакети со вежби , по мое теретана не ти ни треба , имаш да си купиш 3-4 работи со кој во домашни услови ќе си возиш без проблем ..

Јас би ти советувал да си земеш ако немаш - Јаже за скокање , ластици за растегнување кој ќе ги заменат теговите во секоја вежба ,дали е грб, бицепс ,трицепс итн , имаш тегови за нозе кој се лепат за нога со кој ќе можеш да трчаш , мислам дека не сакаш да се претвориш во одвратен биилдер туку да имаш дефиниција сајла што би рекол ,па мислам дека ова ти е доволно со една координација на секојдневните вежби ќе ти биде одлично !!
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
@Mnogo Bitno а за задник вежби што не му кажеш ? Или овие се доволни што ги кажа? ;)
Трчав една недела, супер се чувствував,ама немам време секој ден.Мислам дека најефикасно е трчањето, сите мускули ви се активираат, а и убаво топчесто газе се прави ;) :wavespin
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па незнам од кај ти е ова со задникот , а дека со трчање се прави газе тоа не постои .
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Зошто да не, така се зацврстува и обликува, а за поголемо треба други вежби ;)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Епа се затегнува ,а не се прави топчесто , за такво газиште ако сакаш да имаш ти треба СТАБИЛИТИ ТРЕНИНГ , јас го вежбам стабилити за лигаменти и зглобови тс поточно превенција од повреди ..
Тоа е тренинг со топка , тој може ќе ти помогне
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Не сакам, скоро задоволна сум од моето, ама уште малку поголемо не е на одмет. Гледав на јутуб разни вежби, ама пренапорно делуваат и изгледа како да треба многу време за да се видат резултатите.
 

Ane1392

Нов член
29 ноември 2016
5
1
1
26
Здраво
Јас си почнав посебен режим на исхрана, не диета туку не јадам леб, благо, сокови и сл.
Од утре сакам да почнам да ги вежбам вежбите од Jillian Michaels 3 левели од по 30 дена. Сакам да ослабам прво и после да си се одржувам.
Има ли некој искуство со овие вежби? Дали се слабее?
Ви благодарам.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Нека не те лажат дека ако не јадеш воопшто леб дека готово ќе ослабеш , можеш да намалиш со него и еднаш во ден да јадеш по неколку парчиња .
Треба пред се програма на исхрана да си направиш која што содржи протеини и помалце јаглехидрати , тренинг обавезно најмалце 3 пати во неделата , ќе внимаваш навечер после 9 да не јадеш ,да внесуваш многу вода и доручекот да не го занемаруваш ( тоа тесто како бурек и слично ако си јадела да заборавиш )
Ако не можеш да постигнеш баш со исхраната ќе си земеш протеин кој можеш да го пиеш пред тренинг 1 саат или ако веќе имаш јадено пред тренинг можеш после тренинг ...
Ако си упорна ќе имаш видливи резултати па и после 3 недели веќе , сака внимание и посветена работа :kafe