1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Дискусија во форумот 'Филм' започната од Saladin, 15 јуни 2013.

  1. Harvie

    Harvie Староседелец

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    83
    Допаѓања:
    59
    Тогаш си еден од ретките. Денес еден поднаслов на некој од странските филмски портали гласеше (парафразирано): повеќе луѓе гласаат за избор на кловн во основно училиште, отколку за Златен Глобус. Наградите всушност ги доделуваат само 90 луѓе - филмски критичари, новинари и уредници на филмски списанија, и ретко кога истите се основа за да се предвиди нечие номинирање или освојување на Оскар или Еми подоцна. Но ОК, ако тебе ти прават мерак оние филмови кои ги избрале на Глобусите, тогаш немам забелешки.

    А за релевантноста: кај им беше номинацијата на Show Me A Hero за минисерија годинава? (А му дадоа Глобус на Оскар Ајзак за актер во минисерија). После: на невидено ова, но мислиш ли дека таа британската костимирана минисерија е подобра од едни Fargo и American Horror Story? Зошто The Leftovers извиси со дури 0 номинации? И уште многу други...
     
  2. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Токму затоа ми е порелевантно. За Оскар гласа и шуто и рогато. Не спорам дека Оскарите се најпрестижната награда, знаеш дека редовно ги следам, но пред се уживам во претставата, се нервирам ден-два ако ми зезнат некој омилен лик или филм и тоа е. Сепак почесто се согласувам со Глобусите отколку Оскарите, не дека си имам направено филм туку така се погодува најчесто. Иако лани му дадоа награда на Бојхуд ама им простив веќе :)

    На страна тоа, ни еден избор не е како што ние сме замислиле во главата. Ние си имаме своја листа на кандидати и на крај ни останува да преброиме кој поминал а кој не. Конкретно не знам за овие што ги спомна, но и на Оскарите ќе ти извисат некои од фаворитите.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ако навистина Макс-4 биде номиниран за најдобар филм тоа значи дека меѓу академијата почнале да кружат некои многу лоши дроги, наредна година очекувајте номинирани за животно дело да бидат Стивен Сигал, Жанклодвандам, Долф Лундгрен, Џејсон Статам и Џет Ли а можно е да се појави и нова категорија `најјако кршење кичми на годината`
     
  4. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Макс беше номиниран и за Глобусите ама не доби ништо.

    @Harvie , Рики се согласува со тебе за Глобусите:



    :D
     
    На Harvie и Saladin им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Жерве е ѕверотиња во хуморот, коа веќе го напомена.
    Не пратам многу овие доделбиве за оскари и глобуси, мада второво ми е порелевантно. Исклучок беа минатава година номинациите, навистина врвот го доби заслуженото, со исклучок на Бојхуд кој беше просечен.
    И уште се рољам од смеење коа некој не го глеа Брдмен само затоа што го изглеал трејлерот и мисли дека е филм со суперхерои :patos
     
    На Io Sono му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Harvie

    Harvie Староседелец

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    83
    Допаѓања:
    59
    Тоа сигурно. :besen
     
  7. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Не ми се верува дека дочекав Џони Деп да биде номиниран за најлош актер. Не дека некогаш нешто многу сум го величел, ама ете.
    А Џенифер Лопез кутрата, шо и се случи, зошо вака малер ја бие, којзнае? :( Прво она срањето од песна Газиште, што стварно не и требаше, не знам кај и бил паметот, сега најлоша улога.
    Потсетување ,,Златна малина" ќе се одржи на 27 февруари.
    Најлоши филмови, водат ,,Педесет нијанси на сиво" и ,,Пиксели". Според мене на првиот му нема рамен.
     
    На Harvie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Harvie

    Harvie Староседелец

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    83
    Допаѓања:
    59
    Да си ми жив и здрав за Spotlight! Ко од некоја виуга во мојов мозок да си ја извадил рецензијава! А десетки му даваат некои пријателчиња, еј :p, десетки.
     
  9. Io Sono

    Io Sono Староседелец

    Зачленет на:
    27 јуни 2015
    Мислења:
    422
    Допаѓања:
    440
    Филмот ми се допадна добар е, но не е она што очекував да биде.
     
    На Harvie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Harvie

    Harvie Староседелец

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    83
    Допаѓања:
    59
    Исто, сосема! Ова е еден од оние филмови каде се е речиси совршено, но фали емоција, фали нешто да те допре, да сакаш да го гледаш повторно. Јас му дадов само 7/10, баш заради тој недостаток.

    Инаку - Марк Руфало одличен тука! Се надевам за неколку минути ќе земе номинација за споредна улога, заслужено. Полека станува еден од моите топ 5 омилени актери.
     

Сподели: