Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Јас имам повеќе почитување за Глобусите отколку за Оскарите, порелевантни ми се и обично прават понормален избор. Ама ова што Марсовецот победи во категорија Мјузикл/Комедија е нешто немогуче :)
Тогаш си еден од ретките. Денес еден поднаслов на некој од странските филмски портали гласеше (парафразирано): повеќе луѓе гласаат за избор на кловн во основно училиште, отколку за Златен Глобус. Наградите всушност ги доделуваат само 90 луѓе - филмски критичари, новинари и уредници на филмски списанија, и ретко кога истите се основа за да се предвиди нечие номинирање или освојување на Оскар или Еми подоцна. Но ОК, ако тебе ти прават мерак оние филмови кои ги избрале на Глобусите, тогаш немам забелешки.

А за релевантноста: кај им беше номинацијата на Show Me A Hero за минисерија годинава? (А му дадоа Глобус на Оскар Ајзак за актер во минисерија). После: на невидено ова, но мислиш ли дека таа британската костимирана минисерија е подобра од едни Fargo и American Horror Story? Зошто The Leftovers извиси со дури 0 номинации? И уште многу други...
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тогаш си еден од ретките. Денес еден поднаслов на некој од странските филмски портали гласеше (парафразирано): повеќе луѓе гласаат за избор на кловн во основно училиште, отколку за Златен Глобус. Наградите всушност ги доделуваат само 90 луѓе - филмски критичари, новинари и уредници на филмски списанија, и ретко кога истите се основа за да се предвиди нечие номинирање или освојување на Оскар или Еми подоцна. Но ОК, ако тебе ти прават мерак оние филмови кои ги избрале на Глобусите, тогаш немам забелешки.

А за релевантноста: кај им беше номинацијата на Show Me A Hero за минисерија годинава? (А му дадоа Глобус на Оскар Ајзак за актер во минисерија). После: на невидено ова, но мислиш ли дека таа британската костимирана минисерија е подобра од едни Fargo и American Horror Story? Зошто The Leftovers извиси со дури 0 номинации? И уште многу други...

Токму затоа ми е порелевантно. За Оскар гласа и шуто и рогато. Не спорам дека Оскарите се најпрестижната награда, знаеш дека редовно ги следам, но пред се уживам во претставата, се нервирам ден-два ако ми зезнат некој омилен лик или филм и тоа е. Сепак почесто се согласувам со Глобусите отколку Оскарите, не дека си имам направено филм туку така се погодува најчесто. Иако лани му дадоа награда на Бојхуд ама им простив веќе :)

На страна тоа, ни еден избор не е како што ние сме замислиле во главата. Ние си имаме своја листа на кандидати и на крај ни останува да преброиме кој поминал а кој не. Конкретно не знам за овие што ги спомна, но и на Оскарите ќе ти извисат некои од фаворитите.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако навистина Макс-4 биде номиниран за најдобар филм тоа значи дека меѓу академијата почнале да кружат некои многу лоши дроги, наредна година очекувајте номинирани за животно дело да бидат Стивен Сигал, Жанклодвандам, Долф Лундгрен, Џејсон Статам и Џет Ли а можно е да се појави и нова категорија `најјако кршење кичми на годината`
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Жерве е ѕверотиња во хуморот, коа веќе го напомена.
Не пратам многу овие доделбиве за оскари и глобуси, мада второво ми е порелевантно. Исклучок беа минатава година номинациите, навистина врвот го доби заслуженото, со исклучок на Бојхуд кој беше просечен.
И уште се рољам од смеење коа некој не го глеа Брдмен само затоа што го изглеал трејлерот и мисли дека е филм со суперхерои :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
За најлоши актери се номинирани Џони Деп во „Мортдекаи“, Џејми Дорнан во „Педесет нијанси сиво“, Kевин Џејмс во „Пол Бларт“, Адам Сендлер во „Пиксели“ и „Чевлар“ и Ченинг Тејтум во „Подемот на Јупитер“. Меѓу жените, конкуренцијата е меѓу Kетрин Хејгл во „Доме, сладок доме“, Дакота Џонсон во „Педесет нијанси сиво“, Мила Kунис во „Подемот на Јупитер“, Џенифер Лопез во „Момчето од соседството“ и Гвинет Палтроу во „Мортдекаи“
Не ми се верува дека дочекав Џони Деп да биде номиниран за најлош актер. Не дека некогаш нешто многу сум го величел, ама ете.
А Џенифер Лопез кутрата, шо и се случи, зошо вака малер ја бие, којзнае? :( Прво она срањето од песна Газиште, што стварно не и требаше, не знам кај и бил паметот, сега најлоша улога.
Потсетување ,,Златна малина" ќе се одржи на 27 февруари.
Најлоши филмови, водат ,,Педесет нијанси на сиво" и ,,Пиксели". Според мене на првиот му нема рамен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Spotlight (2015)
Spotlight-Poster-27X39-Ang-LR-208x300.jpg

Долго очекуван филм снимен по вистинити настани новинарите од весникот Boston Globe кои ќе го објават најмасовниот скандал за злоставување на деца од страна на свештениците во Католичката црква. Одлична драма со одлични актери и динамично темпо, но се е направено од новинарски агол. Филмот е повеќе приказна за новинарството отколку што е приказна за црквата и скандалите во истата. Нема емотивна длабочина и тоа му е најголема мана. Филмот потсетува на All The Presidents Men (1976) кој мене не ми се допадна кога го гледав но за Американците е култен филм околу аферата Вотергејт. Можеби оваа новинарска перспектива не ми се допаѓа во принцип. Да се навратам на филмот, Марк Рафало, Мајкл Китон, Лив Шрејбер, Стенли Тучи и Рејчел МекАдамс, тие се причината зошто овој филм е во трка за награди. Од мене 8/10, но морам да кажам уште нешто: Филмот не откри ништо ново. Ако ве интересира темата постои еден фантастичен документарец кој се вика Deliver Us from Evil (2006). Филм кој е направен од агол на жртвите и предаторот. Морници.
Да си ми жив и здрав за Spotlight! Ко од некоја виуга во мојов мозок да си ја извадил рецензијава! А десетки му даваат некои пријателчиња, еј :p, десетки.
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Филмот ми се допадна добар е, но не е она што очекував да биде.
Исто, сосема! Ова е еден од оние филмови каде се е речиси совршено, но фали емоција, фали нешто да те допре, да сакаш да го гледаш повторно. Јас му дадов само 7/10, баш заради тој недостаток.

Инаку - Марк Руфало одличен тука! Се надевам за неколку минути ќе земе номинација за споредна улога, заслужено. Полека станува еден од моите топ 5 омилени актери.