Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Оскар за филм реков - Birdman or (the Unexpected Virtue of Ignorance) и Boyhood се главните фаворити, пред The Imitation Game. Unbroken, Gone Girl, The Theory of Everything и A Most Violent Year веројатно ќе бидат номинирани, а за останатите номинации ќе бијат битка Interstellar, Selma, Foxcatcher, Mr. Turner, Big Eyes и Whiplash.

За режија трката е меѓу Ињариту за Birdman и Линклејтер за Boyhood, а Финчер (Gone Girl) и Ава ДуВерни, или како и да се чита, (Selma) веројатно ќе останат само со номинациите.

За главна машка улога Мајкл Китон е речиси со освоен Оскар за Birdman - без посериозна конкуренција.

Главна женска улога - Џулиен Мур за Still Alice е frontrunner, пред Фелисити Џонс за The Theory of Everything, Риси Видерспун за Wild и Розамунд Пике за Gone Girl.

Во категоријата - споредна машка има тројца кандидати кои подеднакво ја заслужуваат: Едвард Нортон за Birdman, Итан Хоук за Boyhood и Џеј Кеј Симонс за Whiplash. А тука е и Марк Руфало за Foxcatcher како можно изненадување.

А кај жените во споредна улога пак дуел Birdman vs. Boyhood - Ема Стоун vs. Патриша Аркет. За Мерил Стрип велеа - и дрво да глуми, Оскар ќе освои, па ај баш да видиме (за Into the Woods).

Тоа е тоа!
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Па уствари не ни има нешто друго освен во аватари. Ако изгубиш ти бирам јас, ако изгубам ти ми бираш. Може?
Договорено - јас велам дека Ињариту или Линклејтер ќе го освојат оскарот за режија, ти велиш - Финчер!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Моментално го гледам Gone Girl и сум на 20 и некоја минута и имам претпоставка за крајот. Мислам дека ништо не и е на Ејми, или го има исценирално исчезнувањето во име на играта која ја играат на секоја нивна годишница, или во име на некоја нова книга на мајка и. Баш ме интересира дали сум приближно блиску до тоа што ќе се случи понатаму. To be continued...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Моментално го гледам Gone Girl и сум на 20 и некоја минута и имам претпоставка за крајот. Мислам дека ништо не и е на Ејми, или го има исценирално исчезнувањето во име на играта која ја играат на секоја нивна годишница, или во име на некоја нова книга на мајка и. Баш ме интересира дали сум приближно блиску до тоа што ќе се случи понатаму. To be continued...
И како ти се допадна филмот? Нели е еден од подобрите годинава? :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
И како ти се допадна филмот? Нели е еден од подобрите годинава? :)

Што знам, не ми е нешто толку wow. Прво, мислев дека ќе биде напнат трилер, но не испадна така. Филмот е (криминална) драма. Второ, единствен интересен дел во врска со целата приказна ми е тоа што е прикажанaно како еден брачен пар пополека почнува да се одвљубува. Во принцип ми се допаѓа првата половина од филмот, односно ме забавуваше делот каде што уште не знаевме дали таа е лошиот лик или Ник нешто навистина и направил. Потоа, дејствието почна да ми опаѓа. Крајот ми беше досаден. Отткако Ејми го намести Деси за сите тие нејзини измишљотини дури почна филмот и да ме нервира. Најмногу што можам да пофалам за филмот е глумата на Rosamund Pike.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Non-Stop (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2024469/

Конечно филм што вреди бар да се спомне ко изгледан.
Бил е задолжен да надгледува еден од многуте летови кои одат од Њујорк кон Лондон. Борејќи се со сопствените демони, не ни насетува дека овој лет нема да е ко другите, сѐ додека не почне да добива пораки од мистериозен патник од авионот кој се заканува дека ќе убива по еден човек на секои 20 минути доколку не му биде исплатена одредена сума пари т.е. 150 милиони долари.
Бил прави сѐ што е во негова моќ да спречи трагедија, но среќата не е секогаш на негова страна, а и мотивите не се секогаш јасни ко што се чинат.
Сценариото е прилично напнато, има постојана акција и дефинитивно ќе ве остава постојано да се запрашувате, да погаѓате и да кроите теории.
Јас само во два наврати погодив. :place
Освен делот каде во типичен бедес стил пиштолот лета сред воздух, херојот го фаќа и го пука непријателот сред чело (не е јак спојлер, донт вори), ова е прилично кул филмче, онака, ко гилти плежр ми се овие со Лиам Нисон кај што е мадафакер, а Џулиен Мур ми е прекрасна актерка, мислам дека и ќеркичката ѝ е во филмот, неверојатно си личат. Од мене 8/10.

Овој Лиам Нисон откога остаре све напизаден нешто, крши кичми, убива 12 души со шаржер со 9 куршуми а понекогаш ја појебава и гравитацијата како помлад играше фини улоги... :zelen