Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Пошто сум љубител на dark-fantasy, како ми легна Хобитот првиот дел, штета што не можам да одвојам повеќе време за другите два дела. Секако, после една недела да ми заврши колоквиумската недела, ќе ги изгледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инаку добро филмче ова од Финчер, имаше мајндфак и сето тоа иако малку беше чудно како сопругата на Афлек не покажуваше никакви симптоми на психо се до моментот кога го фати дека ја изневерува, дури и кога грубо ја одби во идејата да имаат дете... веројатно тогаш и прекипе...
Неколку години би биле доволни да се познаат симптоми на психопат а оваа напротив беше прилично ок, па дури и повеќе од него.
Откако таа стана манијак малку забега сценариото, посебно со ладнокрвното убиство пошто за тоа е потребно многу повеќе него желба за враќање кон сопругот, во некаква болесна комплементарност, таа ненормална, тој гад па чак дури на крај имаме и хепи енд, тоа кога сестра му се разочара пошто тој се откажа од идејата да ја напушти туку си легна на брашното...

А плотот беше фин, со сите форензички финти и пи-ар стантови со кои сакаше да го прати на бесилка...
Колку било подобро порано, едноставна била рајата, ако жената не те слуша - ќотек, сеа мајндфаци ова она :rofl
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Најдобрата улога на Афлек, не верував дека така добро ќе глуми. Не знам дали имал подобра глума ама мислам дека немал.
Филмов треба да добие номинација за најдобар филм.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Последно гледав француска комедија од 2014 - Qu'est-ce qu'on a fait au Bon Dieu? И препорачувам, добро филмче.
 

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Не ги знам баш новиве филмови, има некој што би земал оскар пред Gone Girl?
Birdman и Boyhood се најсериозни кандидати. The Imitation Game ги следи како можно изненадување. Birdman го гледав на Cinedays и е одлично филмче, заслужено ќе го земе оскарот, според мене. За Boyhood сметам дека хајпот е само околу начинот на кој е сниман (нели 12 години е сниман, со истите актери), иако не ми е уште изгледан, а го симнав уште пред повеќе од месец. The Imitation Game со душа го чекам. На 25ти е премиерата во Cineplexx, само уште не можат да се резервираат карти (проверувам на секои 5 минути :p).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Прв пат ќе гледам понови филмови само за да видам какви се. Мене сега за сега фаворит ми е Gone Girl, ама ај и другиве да ги видам.