Реков јас: на моменти делува ко Бојл да бил под дејство на некакви опојни супстанци додека го режирал.Бидејќи е специфично забеган...
Да не го гледаше случајно со 3D наочари?Guardian Of The Galaxy
Отвори ја прикачената датотека 22233
Одлично авантуристично sci-fi филмче. Група интергалактични криминалци ќе бидат приморани да се борат заедно против фанатичниот воин Ронан кој сака да завладее во универзумот. Филмот е преполн со (3D) ефекти, иако е крајно нереален по приказна, ефектите се неверојатно реални. Има екстремно многу акција, ни на момент не опаѓа динамичното одвивање на дејствието и ниту на момент не е ни најмалку досаден. Го препорачувам за тотално искулирање особено доколку имате така малку поголем плазма телевизор и така малку подобро домашно кино.
Трејлер.
П.С. Филмчево има одлична музика.
Да не го гледаше случајно со 3D наочари?
Многу е јако така.
Не би било добро, супер би било. Филмов е баш за гледање во 3d, па ако имаш и добар телевизор, перфекција. Ама добро е и на лаптоп, супер филм е.Не, си го глеав дома на лаптоп. Имаше еден куп 3д моменти, не знам колку пати си реков: "Damn, ова ќе беше добро 3D да го видев!".
Јас па мислам ти прва го гледаше, мене не ми се троши нет. Не можам да најдам добра снимка уствари можам ама од 4 и нешто гига, помала сакам.Gone Girl (2014)
http://www.imdb.com/title/tt2267998/?ref_=nv_sr_1
И покрај тоа што не сакам да гледам филмови подолги од два часа, овој ми задржа внимание. Ок, имаше моменти и досадни сцени, но добар во секој случај. Башка тоа дека Бен Афлек ми е симпатија.
Филмов е заснован според бестселер на Џилијан Флин а Финчер е вистинскиот избор за ваква приказна.
Приказната започнува на денот кога брачниот пар Ник и Ејми ја прославуваат пет годишнината од бракот. Истата ден Ејми исчезнува а медиумите го прават Ник главен осомничен за нејзиното исчезнување. Постепено почнуваат да се откриваат нивните брачни тајни и сите пронајдени докази не му одат баш во прилог на Ник. Но се случува пресврт кој верувам никој од вас што го гледал не го очекувал.
Препорачувам, мада мислам дека јас бев последната тука што не го имаше гледано.
Јас ќе ти пратам торент ама покасно ако не ти е проблем.Јас па мислам ти прва го гледаше, мене не ми се троши нет. Не можам да најдам добра снимка уствари можам ама од 4 и нешто гига, помала сакам.
Од каде го симна ти?
Нема проблем, чекам.Јас ќе ти пратам торент ама покасно ако не ти е проблем.
Stonehearts Asylum го има гледано некој?