Гледан ми е, вечер или најкасно утре ќе пишам.@Söldner To kill a mockingbird - гледан ти е? Ако да, пиши рецензија, ме интересират мислење за филмов. Ја читам книгава моментално и уба е досега.
Primal Fear (1996)
http://m.imdb.com/title/tt0117381/
Зашто мора да го гледате филмов? Само една причина има, а тоа е дека Едвард Нортон глуми во него.
Мојот омилен актер во еден од омилените филмови.
Не знам што да пишам за филмов . Ајде ќе пробам да не пишам спојлер.
Арон е обвинет за убиство на свештеникот од локалната црква, неговиот адвокат Мартин Вејл дознава дека Арон е луд и ќе се обиде да го ослободи од обвинението. Но исто така дознава дека свештениците во црквата не се баш толку добри како што се прикажуваат. Тие што не сте го гледале одма да го симнете, верувајте крајот ќе го памтите долго време.
Едвард Нортон во својата прва улога. Глумење маестрално, за момент си помислив дека не глуми туку дека можеби стварно е луд. Прво му го гледав Fight Club а после овој и знаев дека нема да има грешка во глумата.
Покрај Нортон тука е и Ричард Гир кој го глуми адвокатот Вејл. Убаво глумеше и Гир не викам не, ама не е за вакви филмови мислам.
Како и да е, феноменален филм.
10/10
@MissChievous гледан ти е Primal Fear?
Филм од почеток на кариерата на Нортон, имав рецензија пишано мислам. Премногу добар филм, филм после кој Нортон стана познат.
Еве ја рецензијата. Имам грешка таму, не му е прва туку втора улога ама не е битно тоа.
^Тапа е идентити. Кјузак е лигуш а мене не ме бива да ти давам предлози.
.
@MissChievous растури со филмовиве, одмори го компјутерот малку.
Филмов секогаш ми навира интересни спомени и ми изнудува насмевка...Trainspotting
http://www.imdb.com/title/tt0117951/?ref_=nv_sr_3
Отвори ја прикачената датотека 22187
Филм базиран на роман од Ирвин Велш за 4 другари- зависници од хероин.
Многу реално донесена приказна за зависноста од дрогата, животот со неа и очајничките и најчесто неуспешни обиди за спас, како и влијанието кое го има врз семејството, пријателите и општеството. И се разбира, последиците...
И кога сум кај последиците... За една сцена требаше да бидам предупредена
Ми се допадна и дури ќе го издвојaм ко најдобар што сум го изгледала со ваква тематика. 9/10