Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Lucky Number Slevin (2006)

http://m.imdb.com/title/tt0425210/

Филмов ми беше сличен на North by Nortwest, разликата е во тоа што North by Northwest е мноогу подобар но и Slevin не е лош. Двајца одлични актери глумат тука, Бен Кингсли и Морган Фримен.

Џош Хартнет го глуми Слевин Келевра кој ќе се најде на погрешно место во погрешно време. Двајца мафијаши ќе го заменат Слевин со Ник Фишер, пријателот на Слевин. Таа грешка ќе му донесе многу проблеми од кои ќе проба да се спаси заедно со комшиката на Ник.

Крајот ми беше пријатно изненадување, но не ми беше нешто нај нај. Глумата на Бен и Морган не треба да се коментира, феноменални актери.

Не можам да кажам дека беше одличен филм, затоа што цело време додека го гледав како да знаев што следува, многу ме потсеќа на North by Northwest. Интересен можам да кажам дека е, онака ако ви е досадно можете да си го гледате, иначе не би го препорачал. :)

Добро филмче ова, еднаш пред неколку години имав грип и имав симнато филмови некои од кои низ температура и патња го запаметив само овој па сега кога и да се спомене ме асоцира на грип :zelen После некое време пак го гледав и пак ми беше ок.

Trainspotting
http://www.imdb.com/title/tt0117951/?ref_=nv_sr_3
Отвори ја прикачената датотека 22187
Филм базиран на роман од Ирвин Велш за 4 другари- зависници од хероин.
Многу реално донесена приказна за зависноста од дрогата, животот со неа и очајничките и најчесто неуспешни обиди за спас, како и влијанието кое го има врз семејството, пријателите и општеството. И се разбира, последиците...
И кога сум кај последиците... За една сцена требаше да бидам предупредена :eek
Ми се допадна и дури ќе го издвојaм ко најдобар што сум го изгледала со ваква тематика. 9/10

Со бебето кога шеташе на плафонот или Спад со чаршафот и фаците на женската, мајка и и татко и?
Или кога со воздушна го погодија пит-булот на тој скинерот в јајца? :frantic
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Со бебето кога шеташе на плафонот или Спад со чаршафот и фаците на женската, мајка и и татко и?
Или кога со воздушна го погодија пит-булот на тој скинерот в јајца? :frantic
Да не е поврзана со веце? :giggle
Иначе, топ филм. Би го сместила меѓу топ 20.
Сцената т.е сцените со мртвото бебе. И кога умре и го покажаа мртво и кога шеташе во собата. :eek
Вака некој треба да ме предупредува за такви сцени во филмови што не се хорор, да не зјапам на празно навака натака дур траат :D
Така и се сеќавам во машинист имаше сцена со таа куќата на стравот или што беше. Може вас ви е смешно, ама мене ми е страв : )
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што филм е ова со мртви бебиња. Јас ова да го гледам нема да гледам филмови веќе, се мислам за Антихрист како ќе го изгледам а не па да ми искочи на сред сцена мртво бебе и да ми шета.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сцената т.е сцените со мртвото бебе. И кога умре и го покажаа мртво и кога шеташе во собата. :eek
Вака некој треба да ме предупредува за такви сцени во филмови што не се хорор, да не зјапам на празно навака натака дур траат :D
Така и се сеќавам во машинист имаше сцена со таа куќата на стравот или што беше. Може вас ви е смешно, ама мене ми е страв : )

Имаше језив израз бебето, како подуено беше :unsure
Ненормален филм, уште од прва секунда е напнато, изгледа единствен филм кој е напнат од 00.00.01 натаму... :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and MissChievous

Harvie

Староседелец
8 декември 2014
83
59
1,018
Trainspotting
http://www.imdb.com/title/tt0117951/?ref_=nv_sr_3
Отвори ја прикачената датотека 22187
Филм базиран на роман од Ирвин Велш за 4 другари- зависници од хероин.
Многу реално донесена приказна за зависноста од дрогата, животот со неа и очајничките и најчесто неуспешни обиди за спас, како и влијанието кое го има врз семејството, пријателите и општеството. И се разбира, последиците...
И кога сум кај последиците... За една сцена требаше да бидам предупредена :eek
Ми се допадна и дури ќе го издвојaм ко најдобар што сум го изгледала со ваква тематика. 9/10
Ова беше филмот со кој ја почнав годинава, иако го имав гледано и од претходно. Одличен филм! Имам напишано и рецензија за него, само уште се привикнувам на форумов, не знам кај би можел да ја ставам?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ова беше филмот со кој ја почнав годинава, иако го имав гледано и од претходно. Одличен филм! Имам напишано и рецензија за него, само уште се привикнувам на форумов, не знам кај би можел да ја ставам?
Една тема под оваа. Последен гледан филм со рецензија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ова беше филмот со кој ја почнав годинава, иако го имав гледано и од претходно. Одличен филм! Имам напишано и рецензија за него, само уште се привикнувам на форумов, не знам кај би можел да ја ставам?
Можеш и во темата за препораки ако сакаш да предложиш добар филм ако сакаш темата за последно гледан филм да си ја користиш за да пишуваш за тие последно што си ги изгледал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Би сакал да завршам онака како што Рентон почна:
„Одберете живот. Одберете работа. Одберете кариера. Одберете семејство. Одберете еден голем е**н телевизор, одберете машини за перење, автомобили, CD плеери и електрични отварачи за конзерви. Одберете добро здравје, низок холестерол и стоматолошко осигурување. (...) Одберете ги вашите пријатели. (...) Одберете ’направи сам’ и во некое неделно утро запрашајте се кои сте вие, по ѓаволите. (...) Одберете ја иднината. Одберете живот...“ И дури и ако веќе го имате неколкупати гледано, одберете Trainspotting!

IMDB оценка: 8,2/10 Моја оценка: 9/10

Поентата е дека изборот му е меѓу рокање хорс и станување граѓански дрон, угоре високо удолу длабоко, looking ahead the day you die, во никој случај Рентон не е апологет на `нормалноста` :)


Препорака за оние кои не го гледале да го гледаат :kafe Бидејќи е специфично забеган, ниеден спојлер не може да го уништи гледањето на цел филм.