Дали супер-ѕвездите се добри актери или тоа е мит?
Би рекол дека се одлични актери, дури и во случаи како Бред Пит и А.Џоли. Ствар е што Холивуд после некое време откако ќе одиграат јаки улоги во почетокот на кариерата (12.мајмуни на пример) и ќе се стекнат со статус на машини за продавање карти на киноблагајните - ги пласира самите актери на пазар а не ликовите кои ги толкуваат. Така да во некој нов филм каде што глуми Пит, не глуми премногу туку го продава брендот Пит. Ликот кој го игра станува небитен, треторазреден, Пит го игра Пит. Не затоа што не ги бидува, туку што тоа се продава.
Од друга страна тука се ветераните како Пачино и Де Ниро кои се сметаат за врв во актерството. Но и тие се станати бренд, поинаков од Пит, продаваат `сериозност` во филмот и се во него за да ја привлечат публиката која сака `сериозни` филмови. Иако престанале да толкуваат улоги некаде при крајот на седумдесетите и сега во сите филмови Де Ниро го игра Де Ниро со истиот маниризам, навики и фацијални експресии.
Во поглед на филмските улоги интересни се случаи како Мајкл Кејн, Роберт Карлајл, Даниел Дај Луис, Мерил Стрип, Џенифер Конели кои не можат да станат супер ѕвезди. Можеби поради анемична харизма, можеби изглед, не ги сака камерата, можеби нешто десетто. Но таквите актери кои неможат да наполнат благајна со својата појава, со харизма/икс-фактор/цицка - можат со своето толкување на ликот кој го глумат. И тоа го прават со што се добиваат најдобрите и најсестраните актери на денешницата.
Има глумци како Клинт Иствуд кои се `глумат` себеси, толку им доделиле наречниците на третата вечер, но некако и тоа продуцентите и режисерите го вклопуваат во добра прича. Ок, Иствуд е далеку подобар како режисер но тоа е веќе друго...
И на крај има креатури како Стивен Сигал или Ума Турман кои опстојуваат на сцената од непознати причини, нивната физиономија е безизразна, бледа, амебична не би можеле да одглумат болка ни во случај некој да ги прободи со нож во стомак - а постојат поради незахтевната таргет група - деца, тинејџери и камионџии кои гледаат филмови со кршење кичми.