Пропустот исправенMidnight Cowboy (1969)
Ако не сте го гледале веднаш исправете го тој сериозен пропуст
Пропустот исправенMidnight Cowboy (1969)
Ако не сте го гледале веднаш исправете го тој сериозен пропуст
Пропустот исправен
Да ти кажам искрено допре до мене...Импресии?
They didn`t reach Florida did they?
Да ти кажам искрено допре до мене...
Секогаш се потресувам кога гледам како луѓето го допираат дното...како го преживуваат денот...живеат ко песови, се хранат како глодари..а сите имаат еден ист сон...да заминат некаде и таму да живеат како кралеви...за жал не секогаш испаѓа така, не секогаш ветената земја е ветена во позитивна конотација, ко во случајов, му беше ветена на Ретсо ама не онака како што имаше замислено тој...
Во секој случај ми се допадна, иако крајот ми беше помалку очекуван...
А бе мислам дека се изнервира ама беше спремен на се’...ама смотан, загулен...Сцената кога Ретсо наместо милф му местеше п***р на Џон Воит
И психоделичната забава беше неверојатна кога пикаа салами по џебови и кога една типка им рече `зошто крадете кога хранава е бесплатна`, quite telling
А бе мислам дека се изнервира ама беше спремен на се’...ама смотан, загулен...
А забавата беше врхунска..кутриот не знаеше ни дека пуши трева...можда и затоа не можеше да ја задоволи дотичната, изгледа му требаше време да злезе супстанцата од него
А на типката Ретсо убаво и’ врати...Не е крадење ако храната е бесплатна...
Дастин Хофман во секоја улога ме фасцинира...Мислам дека тие “сакатени“ ликови никој не може да ги долови поумешно од Хофман и Пачино...
Ама со вториот п***р немаше револт, освен за парите...гик п***р...гледа Стар ворс дури мандори...Ах, фетиши...Мазохистички п***р со фетиш - релиогиозно покајание, премногу беше дури и за ванаби жиголо, селанчето се шокира и мораше да прибегне кон насилство... а го бараше и Ретсо за да му се `заблагодари` со ќотек
Навистина многу емотивна драма...You're Not You 2014 ( Извонредни: Hilary Swank, Emmy Rossum, Josh Duhamel)
Само што го изгледав овој филм и првата работа што сакав да ја направам е да го споделам со некого, да кажам дека нешто научив и дека сум подобра личност од таа што бев или сакам да бидам подобра личност од таа што бев пред да го изгледам.
Плачев за двете хероини, плачев за целиот свет, плачев за себе ....
Овој филм покажува како може се` да ни се промени во само еден миг , како може да се потресе сигурното стаклено ѕвоно во кое живееме секој ден , во кое градиме тула по тула нешто што го нарекуваме живот додека не знаеме што тој збор „живот“ воопшто и значи.
Не кажувам ниту еден факт за филмот туку кажувам што пробуди кај мене.
После ова јас имам желба да живеам, да сакам, да помагам најсилно што можам и никогаш да не допрам. Не сакам никогаш повторно да бидам површна, и не сакам да се пожалам повеќе од ништо и сакам само да се заблагодарувам што сум и што сме едни од привилегираните на светов. Привилегирани сме што имаме здравје , што можеме да трчаме, да патуваме, да врискаме кога ни е лошо. Можеме да измиеме заби, да направиме доручек и да станеме од кревет наутро.
Никогаш нема да станувам и да легнувам мислејќи дека тоа е единствената опција. Ќе се заблагодарувам ооо да ќе се заблагодарувам.
Зборовиве изгледаат нафрлено, но откако ќе го изгледате филмот ќе имаат голема смисла.
Еден од оние кои менуваат живот.
Силно го препорачувам.