Филмски клуб

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Out of the Past, одличен трилер од 1947. Ако не можете да најдете торент, го имате овде само пишете го името на филмот горе,
Код:
https://yts.to/browse-movies
Не се надевам дека ќе му се допадне на некој, знам дека ќе ви се допадне. :)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Баш ок снимка беше некаде 750мб во мп-4, филм ноар со Кирк Даглас кој ми е познат од патишта на славата (јак филм од кјубрик) и оној за Ван Гог (плукнат Винсент беше :eek:) овој пат играше негативец и некој Роберт Мичам кој фино одигра приватен детектив во тогашен стил, значи јаки фаци кои секогаш имаат спремен одговор на се` (вербално and the rest), држат некој свој гард и обично ги заебува жена.:kafe
Како поджанр на крими мене ми е ок филм ноарот, најчесто нема нешто позитивни ликови, се` е тоа нијанса на сиво.
И така Даглас заебан од некоја жена за 40К долари и троа потскршено срце го ангажираше Мичам да ја најде, успеа да ја лоцира во мехико арно ама типката беше роден манипулатор и успеа да му го заврти умот на Мичам и да избега попатно убивајќи еден колега на Мичам.
После Мичам си најде скромна жена, домаќинка, тотално затрескана во него и планираше да си живее со неа, да се очоечи, да се скраси :zelen само што сметката за претходните години од животот му дојде за наплата, се појавија горилите на Даглас во гратчето и повторно го вовлекоа во срање, овој пат со помош на `морално сомнителната жена` која Даглас ја примил назад - требаше да го наместат Мичам за убиство и за малку не успеаа во тоа.
Даглас плати со живот на крај, лошата типка одлучи да избега заедно со Мичам кон кој потајно гаела емоции само што Мичам реши да се отараси од неа пошто знаеше дека е зла. Ја пријави а на полициската блокада типката виде дека е насамарена и во последен акт на злоба го застрела Мичам.
Добрата жена го очекуваше Мичам да се врати само што тој изгледа сфати дека не е чоек за неа, само ќе ја повреди и ќе и донесе хаос во животот и затоа ја препушти на друг лик веројатно...

На крај само не разбрав тоа глувонемото дете шо му беше другар на Мичам на кого му мафташе, дали тоа треба да значи дека сепак Мичам преживеа!?

И така фино филмче на крај испадна.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Никој не го гледаше филмот? :eek:
@Altaïr ?
Бреј ме најдофте мене вака прос` и наивен да ги глеам сите и да коментирам за нив :D
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Никој не го гледаше филмот? :eek:
@Altaïr ?
Бреј ме најдофте мене вака прос` и наивен да ги глеам сите и да коментирам за нив :D
Не бе што ти е го гледав и јас, кај ве оставам сами да гледате, да заврши фудбалот ќе пишам.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Го изгледав филмов иначе уште пред две недели, заборавив дури и што се дешаваше.
Еден лик е испратен да ја пронајде девојката на еден да се каже негов пријател која е осомничена дека украла многу пари од него и го напуштила, па откако ќе ја најде ќе се заљуби во нејзината совршеност, арно ама се работи за лукава и бесчуствителна девојка која и него како и пријателот ќе го остави на цедило и ќе исчезне откако ќе направи триста проблеми, а тој мирот ќе си го пронајде во едно селце покрај друга жена со сменет идентитет.Повеќе стравот ќе го натера на тоа него мирот, ама добро. И на новата женска ќе и раскажува колку ја сакал претходната и како страсно ја бакнувал... (facepalm)
Не ми текнува како пак ќе се сретнат со тој што го најми да му ја најди девојката, ама тука ќе се изнадесат триста работи, ќе се сретне пак со бившата љубов, која патем му се врати на првиот, и следно што ми иде на ум е смртта на двајцата на крај. Дупка имам во меморијата. Ама ми се свиѓаше филмов. И девојката.
И крајот не го сфатив со тој глувонемиот што значеше тој дел... :eek

Ќе почнеме од понеделник пак?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да почнеме, ама да бидеме фер за да не ни се лути Аутрајдер. Еве јас се извинувам што не сум гледал некои филмови, ќе се потрудам во иднина да гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*