The Taking of Pelham One Two Three (1974)
Не знам зошто и како, ама баш поради оваквите филмчиња ко мал се заљубив у филмската уметност. Имаат некаков дух, некаква убавина што денешниве филмови ни со стотици милиони не можат да го добијат, и ко ги изгледаш еднаш, ги памтиш со години. Отсекогаш сум сакал вакви не би рекол хајст, пошто не обиваа типциве банка, казино или нешто такво ама крими филмчиња.
Класична прича за 4, 5 души што им текнува како да грабнат некој авион, воз, брод и да бараат пари од владата, собранието, општината и сл. Во случајов станува збор за возот Пелам 123 во Њујоршкиот транспортен центар. Интересно разработена прича, добра актерска екипа, пред сè.
Волтер Матау (не сум сигурен баш дали така се изговара презимето) - не знам за вас, ама јас го паметам ко соседот на Палавиот Денис, Џери Стилер од серијата King of Queens, и останатите добро си ја завршија работата. Визуелно ми беше одличен, костимографија, сценографија, музика - топ. Од мене има 8/10.
Си мислев уште последниов на Јо Соно ми остана, оној со балонот намерно не го гледам зашто не сакам такви филмови, се извинувам на тој/таа што го предложи.
П.С. и The Boondock Saints беше на тапет за гледање?