Филмски клуб

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Го изгледа некој филмот што го предложив? :zelen Како само ги избирам филмовиве, ни ја не знам.
Obviously, треба прво да ги изгледам па да ги предложам. :D

Ќе напишам деновиве нешто за филмот, сега одвај куцам на тастатура :^)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@Luckky ?

За филмот на @The Tramp .
Некогаш, а можно е и да грешам, ама најчесто и не грешам, има филмови кои уште откако ќе им изгледам десет минути знам дека не се за мене.
Можеби се добри, ама не се ко за мене. Исто и филмов, и тој што го предложи пред него. Не можам да им го фатам текот, не уживам да го гледам, се напнувам да сфатам нешто, не можам да се снајдам со ликовите, мачење ми е да продолжам да го гледам. Ќе ми извинете, ама овој ќе биде втор што ќе го оставам недогледан. А баш сакам да прочитам од некој што сум пропуштила, ако воопшто нешто сум пропуштила :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересен филм, авторска творба на Вендерс и нормално малку тежок за варење, немачки плус, секогаш има јака урбана фотографија во негови филмови а во овој беше исто, Хамбург/Париз/Њу Јорк. Америте би го сместиле дејството во 20 минути, пошто урбана прича од хамбург не продава карти и пуканки, британците ваљда би го сместиле во 45 минути, Вендерс го влече 120, а да беа руси ќе го издолжеа на 200...

Хитлер го глумеше главниот лик, скромен реставратор на слики во Хамбург со жена и две дробни дечиња :kafeкој си го заработуваше лебот насушен преку реставрација на слики и нивно врамување. Излезе дека наводно е терминално болен при што се појави некој гаден лик од франција, нешто како ѓаоло кога доаѓа со искушенија а за возврат ја бара душата, со понуда за 250К марки (не знам колку е тоа во денешна пара ама сигурно е преку милион евра) за да ликвидира некој мафијаш...
Манипулации со резултатите на ипситувањата, малку перење ум и успеаа да го убедат иако Хитлер (Бруно Ганц) не даваше сувишен отпор, си имаше некоја социопатска црта која веројатно била длабоко закопана пред да се појави искушението.

Го отепа шо го отепа тој ликот во метрото во Париз, се врати назад и испадна дека треба да убие уште еден лик. Нормално Ганц беше аматер и се ували во срање при што како спасител се појави неговиот амерички пријател Денис Хопер кој во овој филм делуваше помалку заканувачки отколку обично. После тоа работеа заедно за да ја завршат причата со мафијашите кои дојдоа да се одмаздат, жената на Ганц си легна на брашно иако му кукаше от каде нагло толку пари, реалните резултати од крвна слика наводно биле ок... ама Ганц си знаеше дека нема да трае многу и дека е стварно болен до даска, па за да и овозможи на сопругата и дечињата колку толку сигурен живот го направи и тоа што го направи...

При крај си приумре во `бубата`, Хопер остана на плажата разочаран пошто не стекна ново другарче (дојче американише фројндшафт) и филмот заврши...:zelen
Типичен Вендерс кој е од класата на режисери кои или веднаш ви се допаѓаат или веднаш ги мразите, нема средина.
За среќа мене ми е симпатичен, како и немачката кинематографија воопшто.:)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Тој што си е на ред го нема, па следна сум јас и јас се решив за A Simple Plan.
Го гледав пред некое време и баш си реков дека ако во меѓувреме не изгледам нешто поинтересно, да го предложам овој. Изгледав од тогаш и многу подобри филмови, ама овој сакам да го гледате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ко веќе двајца без тројца ми го изгледаа предлогов, ај сам да си напишам.
Ова ми е прв филм на Вим Вендерс и воопшто не ме „шармираше“. Вим Вендерс е звучно име во филмскиот свет. Неговите филмови постојано добиваа добри оцени од филмските критичари и се прикажувани на светските фестивали. Сепак, не ме привлече неговото име или реноме, да го дадам филмов за предлог. Барав филмови за книжевниов лик Том Рипли и случајно го најдов филмов, па си реков добра оцена и не верувам некој многу да слушнал, па да го предложам. Може требаше да го дадам The Talented Mr. Ripley, сигурно подобар ќе беше, ама бидна што бидна. :zelen

Филмов ко филм ми беше премногу монотон за крими, мистерија, трилер. Можеби и поради лошо дефинираните жанрови на ИМДБ потајно се надевав дека нешто ќе се случи, а добив драма in its purest form, со крими елемент. Од мистерија - ни М.

Од гледна точка на сценарио, не беше ништо посебно, постојано со едно исто монотоно темпо, со долги кадри. Not a fan of долги кадри, ко што не обичам во книга стотина страници да го опишуваат столчето во кујната на ликот, ама нека му биде.
Музика не се сеќавам дали имаше, а од точка на сценографија, костимографија беше одличен.
Глума на нивоу, не ни можеше нешто полошо да се очекува од Денис Хопер и Бруно Ганц (звучно име во европскиот филм) кој со нетрпение го чекам во најновиот филм на Митко Панов.

Филмов не беше лош, ама како што кажа и Аутрајдер, не е по мерка на сите. Некој го сака - некој го хејта. Во 2 саати е прикажано нешто што може да се прикаже во 20 минути.
Јас не сум по вакви арт-филмови и не ја гледам убавината во нив, ама ако некој сака вакви филмови, нека му даде шанса на овој.
За нареден предлог, дефинитивно ќе гледам да не биде арт-филм, туку некој покомерцијален што ќе ги задоволи вкусовите на повеќето филмски клубаџии. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
@Luckky Кажи си уште сега предлог, за наредна недела по Хоуп, твојов да го гледаме.
Само немој некој сентименталии ко претходниот, те мољам. :zelen
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересно филмче, почна нешто како оној Фарго ама испадна психолошки трилер со плот твист на крајот.
Били Боб Торнтон нормално легенда, има играно секакви ликови, овој пат не премногу бистар човек на кој животот не му бил склон, јаден средовечен тип без надежи дека нешто арно ќе му се деси...
Брат му (Бил Пакстон) ок лик со трудна жена и нормален живот да речеме а тука беше и третиот лик во причата, пријател на Били боб - алкос реднек со хистерична жена.

Смолтаун лајф и тие работи, еден ден судбината реши да им помогне на тројцата при што најдоа срушен авион во шумата и 4,4 милиони долари внатре.
Благодарејќи на неинтелегенцијата на били боб и другар му, флешевите на покајание и совест на стие тројца и општата збрка која ја предизвика жена му на пакстон со `советите` не можеше ни да се очекува дека ќе има хепи енд, недовербата почна да навлегува во друштвото и сето тоа кулминираше со стенд оф во кој настрадаа реднекот и жена му.
Били боб го изгуби единствениот пријател и остана сам со песот, на пакстон му се роди ќерка и изгледаше дека сепак ќе биде ок на крај - кога се замеша оригиналниот арамија на парите преправен како фби агент за да на крај следи уште еден стенд оф каде што настрадаа шерифот и арамијата.

На Били боб нешто му се откачи во главата, западна во очај пошто изгледа не веруваше дека парите ќе му помогнат да излезе од сивилото на сопствениот живот. Брат му беше соочен со избор да го остави да се самоубие или да му ја исполни желбата и да го убие, го одбра второто пошто инаку ќе се откиеше све.
Вистинските фби му соопштија дека на секоја десеетта стодоларка им бил запишан сеирски број што беше причина за панична реакција кај пакстон (кој не го послуша едиствениот асален совет од жена му да емигрираат од САД со парите, и тие завршија во каминот, отидоа 3,9 милиони во чад.

После следуваше каење ама беше касно, едноставно ликовите не беа на ниво да се справат со ситуацијата.

Фино филмче со солидна глума и ок сценарио.:)
Ликот шо го глумеше торнтон :(:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Длабоко се извинувам заради неактивност, премногу обврски, време за чат-пат по некој коментар. Ќе се потрудам да изгледам се во догледно време.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ај @Altaïr ако сакаш кажи што да изгледам јас барем и така не знам што да гледам. Па ќе си коментираме следен викенд :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr