Баш ок снимка беше некаде 750мб во мп-4, филм ноар со Кирк Даглас кој ми е познат од патишта на славата (јак филм од кјубрик) и оној за Ван Гог (плукнат Винсент беше
) овој пат играше негативец и некој Роберт Мичам кој фино одигра приватен детектив во тогашен стил, значи јаки фаци кои секогаш имаат спремен одговор на се` (вербално and the rest), држат некој свој гард и обично ги заебува жена.
Како поджанр на крими мене ми е ок филм ноарот, најчесто нема нешто позитивни ликови, се` е тоа нијанса на сиво.
И така Даглас заебан од некоја жена за 40К долари и троа потскршено срце го ангажираше Мичам да ја најде, успеа да ја лоцира во мехико арно ама типката беше роден манипулатор и успеа да му го заврти умот на Мичам и да избега попатно убивајќи еден колега на Мичам.
После Мичам си најде скромна жена, домаќинка, тотално затрескана во него и планираше да си живее со неа, да се очоечи, да се скраси
само што сметката за претходните години од животот му дојде за наплата, се појавија горилите на Даглас во гратчето и повторно го вовлекоа во срање, овој пат со помош на `морално сомнителната жена` која Даглас ја примил назад - требаше да го наместат Мичам за убиство и за малку не успеаа во тоа.
Даглас плати со живот на крај, лошата типка одлучи да избега заедно со Мичам кон кој потајно гаела емоции само што Мичам реши да се отараси од неа пошто знаеше дека е зла. Ја пријави а на полициската блокада типката виде дека е насамарена и во последен акт на злоба го застрела Мичам.
Добрата жена го очекуваше Мичам да се врати само што тој изгледа сфати дека не е чоек за неа, само ќе ја повреди и ќе и донесе хаос во животот и затоа ја препушти на друг лик веројатно...
На крај само не разбрав тоа глувонемото дете шо му беше другар на Мичам на кого му мафташе, дали тоа треба да значи дека сепак Мичам преживеа!?
И така фино филмче на крај испадна.