Филмски клуб

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
ќе го гледам и јас деновиве па ќе напишам нешто. Не се љути Надежда. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не тaмaн рaбoтa дa се лутaм. Сaмo дa не ве зaмaрaм целo време. Ете aј некa кaже @Altaïr филм зa неделaвa, пa мoже ќе имa пoгoлемa зaинтересирaнoст.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересно филмче, во тек на гледање некако ми делуваше како да го имам гледано некогаш ама без разлика, има доста интересни филмови со судници, овој беше со неколку плот твиста при крајот со горе-долу ако не хепи барем праведен крај.
Адвокатот го имам видено во стари филмови, стар бритиш глумец, неговата глума за разлика од останатите во филмот делува сосема современо, типот би се снашол и во денешни филмови.:kafe

Марлен Дитрих - стереотипна немачка појава без особен распон на емоции, од тогашна гледна точка сигурно била секс-бомба или нешто така...мене ми делува некако језиво. Сепак, главна е пораката а таа е дека жената се реши на рискантен потег само за да го спаси избраникот на своето срце кој ја спасил од кариера на ефтина дроља која ќе ги забавува војниците во окупационите зони на берлин, интересен факт во историјата - немачките жени врз себе го примиле најголемиот терет од поразот во ЊЊ-2, настрана милиони силувања од црвеноармејските орди туку и `фините` западни сојузници, имало случаи кога француски војници си правеле харем со помош на штека цигари во соодветната окупациона зона, сосема разбирливо што се приврзала кон ликот кој ја избавил од грозната судбина.
Е сеа на ликот му досадила дотичната, почнал да шара наоколу и си нашол некоја помлада особа, во меѓувреме му излезе шанса да се обезбеди финансиски и ликот ја отепа таа старата која што ја замајаваше со некаков шарм колку да развие емоции кон него.
Очигледно пожртвуваноста на немачката сопруга не му беше доволна, нејзината спремност да лежи неколку години ради кривоклетство пред судот за да го спаси ич не го замараше...најважно беше да си најде младо месо и да земе пара од наследството.
Иако не делуваше на прв поглед така, типот си беше гомненце и како таков заслужи да биде заклан од Марлен Дитрих, факат кој му беше јасен и на адвокатот и затоа најави дека ќе ја брани на крај.

Сето тоа се случувало во далечното минато, имам слушано од стара раја дека наводно емоциите значеле многу повеќе во стари времиња, жени и мажи збиља се убивале ради љубав и такви ствари. Денес силните емоции скоро и да не постојат, врски пукаат поради лајкови на ФБ а најсилна емоција која рандом тип или типка ја доживеале е мигрена...
Далеку од тоа да ги глорифицирам `старите добри времиња` поради некаков филм, сепак изгледа позитивните ствар од минатото се заборавени а останати се само срањата...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Последниов филм беше најдобар, гледан ми беше веќе неколку пати ама ако. А којзнае, можеби најдобар ми беше заради убавата актерка. :)
Претходните филмови сите ги гледав ама немав време да пишам.

Првиот, About Time. Не беше лош иако јас не сакам такви филмови, не дека го изгледав едвај ама да го репризирам нема шанси.

Contempt искрен да бидам не ми се допадна, а сакам постари филмови. Тој го имав гледано и порано и не ми беше нешто баш нај, за овој можам да кажам дека не го гледав скроз цел туку рипав сцени. Без навреда за тој што го предложи.

Black Balloon исто како претходниот, гледам на повеќето ви се допаднал ама мене не, такви филмови ич не сакам. Можеби не е нешто во ред со мене не знам ама не ми се допадна филмот. Повторно без навреда за тој што предложил. :)

Јас ќе предложам акционен трилер, да смениме малку нели.

Taking of Pelham 123 оригиналот нормално од 1974.
За тие што ги мрзи да бараат торенти или не можат да најдат, еве им. Кликнете на тоа горе кај што пишува torrents и толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Браво за филмот, пошто гледан ми е, уште една недела одмор :).

Сега, не се сеќавам на детали ама ќе чкртнам нешто.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Последниов филм беше најдобар, гледан ми беше веќе неколку пати ама ако. А којзнае, можеби најдобар ми беше заради убавата актерка. :)
Претходните филмови сите ги гледав ама немав време да пишам.

Првиот, About Time. Не беше лош иако јас не сакам такви филмови, не дека го изгледав едвај ама да го репризирам нема шанси.

Contempt искрен да бидам не ми се допадна, а сакам постари филмови. Тој го имав гледано и порано и не ми беше нешто баш нај, за овој можам да кажам дека не го гледав скроз цел туку рипав сцени. Без навреда за тој што го предложи.

Black Balloon исто како претходниот, гледам на повеќето ви се допаднал ама мене не, такви филмови ич не сакам. Можеби не е нешто во ред со мене не знам ама не ми се допадна филмот. Повторно без навреда за тој што предложил. :)

Јас ќе предложам акционен трилер, да смениме малку нели.

Taking of Pelham 123 оригиналот нормално од 1974.
За тие што ги мрзи да бараат торенти или не можат да најдат, еве им. Кликнете на тоа горе кај што пишува torrents и толку.

Конечно филмче со Адам Сендлер :zelen
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Конечно филмче со Адам Сендлер :zelen
Се мислев дали римејкот да го ставев дека повеќе познати глумците, и плус понов па да не ви се допадне повеќе. Ама ај си викам постариов па што сака нека биде. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се мислев дали римејкот да го ставев дека повеќе познати глумците, и плус понов па да не ви се допадне повеќе. Ама ај си викам постариов па што сака нека биде. :)

Нееее каков римејк батали тоа i was kidding with Sandler, Пелхам ми е секогаш во топ-50 филмови и сега ќе имам оправдание да го гледам пак :p
Препорака за оние кои ценат (скоро) совршено сценарио. Само што мислам дека женски особи не сакаат вакви филмови, којзнае зошто...:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Новиот имаше крај без врска, удри на акција, никаква логика, публика што се пали на брканици голта секаква помија. Згора на тоа лоша глума.

Стариот е подобар, не е којзнае што, ок филмче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Why no posts?

Киднапирањето на Пелхам 123 е јак филм, јак трилер и јака хајст прича (оние за грабежи така се викаат).
Четворица ликови се здружуваат со цел да го киднапираат метрото во Њу Јорк, изгледа нивните претходни кариери не им донеле добар живот, едниот екс-специјалец-наемник, другиот екс ситен мафијаш, третиот екс машиновозач (party) а последниот не знам што беше точно...
Решени се да направат јак скор и со парите да си живеат среќно до крајот на животот и за малку успеваат, го одвојуваат последниот вагон од композицијата и земаат 18 заложници за чие ослободување бараат милион долари.
Пошто сите имаат автомати а пристап кон вагонот за `спасувачка акција` нема - градоначалникот решава да не изигрува херој и да им ги даде парите. Речено сторено, го добиваат кешот на крај на истекот на рокот ги пуштаат заложниците, се преоблекуваат и си тераат по план. За жал имаше цајкан во цивил во вагонот кој успеа да упука еден од грабнувачите, инспекторот (единствена грешка во кастингот, тотален антиталент, делува како мешавина меѓу голем, глупав пес и пензионер кој чека автобус) како што е ред по филмовите успева случајно да го открие излезот каде што тројцата преостанати бегаат, еден од нив е упукан а лидерот (екс-специјалецот), знаејќи дека го чека цел живот на робија - прави избор да се приклучи на електричната мрежа ...
Последниот тип (машиновозачот) единствен успева да избега, но само за кратко - и него го откриваат бидејќи е настинат...со што е избегнат хепи енд (нормално 9 од 10 гледачи во вакви филмови навиваат за `лошите`)

Одлично снимен трилер без претерана и сувишна акција, добра глума (посебно типот за кој вики вели дека се викал Роберт Шо), драматика и сите составни елементи кои еден јак трилер треба да ги има. Филмот е на чекор до совршен трилер, а тој чекор кој недостасува е инспекторот (кој со својата појава и антиталент не може да долови ништо) и општо крајот делува некако избрзано, исфорсирано, недоречено - после одличниот вовед и развој на причата низ 95% од филмот.

Филмот имал и два римејка од кој последниот е ужасен и беден и не вреди да се арчат мегабајти, првиот не го имам гледано.
Да не беше крајот таков ќе беше легендарен филм. И вака е натпросечен но не е тоа тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr