Колку што разбрав, а могуќе е ништо да не сум разбрал, Contempt е еден од оние филмови за правење филмови. Повеќето филмови вака би изгледале кога не би постоел комерцијализмот и кога авторите би добиле тотална слобода. Што не мора секогаш да значи дека е добра работа. Таква ситуација имаме околу филмот и во него. Режисерот на Contempt добива ретка слобода на изразување по што испуцава филм кој од задникот на Бардо до античките статуи ве напнува максимално, затоа што режисерот добил дозвола да не напне и да не се секира многу за тоа. Внатре во филмот исто така имаме режисер кој си зема слобода да креира, но тоа не му се допаѓа на продуцентот кој го напнува него. Режисерот, држејќи до своите принципи се повлекува, по што помладиот Пол Џавал добива шанса да го преработи сценариото по вкус на продуцентот.
Пол има згодна (позгодна здравје) жена која од една страна ја почитува неговата независност но од друга страна инсистира на комфорен живот. Во оној момент кога Пол „се продава за пари“ таа почнува да го презира, иако и самата ужива во бенефитите од нејзиниот сопруг. Се чини дека и тој ја презира неа и полека тој презир расте, разделувајќи ги и двајцата се повеќе и повеќе.
За мене филмот не беше напорен, зошто во филм со жени како Брижит Бардо и Џорџиа Мол и да нема никаква содржина пак човек ќе си ги одмори очите. Штета што во денешно време женските филмски ѕвезди не им се ни до колена на колешките од 60-те.