Фан Клуб: Челси

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Chelsea 0 - 1 AC Milan
Стрелец на голот - Емануелсон. Најдосаден натпревар досега. Немам што друго да кажам освен - ни треба квалитетен напаѓач!
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,282
9,124
1,683
428536_485830051431725_646416064_n.jpg
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Прв официјален натпревар во новата сезона - прв пораз. И тоа за трофеј. Мераци. :nah
Не знам ни шо да кажам за играта, од кај да почнам... Ај, џабе ќе ми е пишување. :x
Ваљда ќе се поправи нешто до Супер Купот. Ако не, уште отсега да ја прогласиме сезонава за неуспешна.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Игравте против актуелниот шампион на Англија.
Игравте против тим со 22 првокласни играчи.
Игравте 50 минути без дефанзивец.
Изгубивте 3-2 (само за еден гол).

Ништо не е неуспешно, напротив, одлично се држеше Челзи! И што за мене, неутрален навивач, е најважно, со 10 играчи го направија натпреварот неизвесен. :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Во право си Најти, не дека не си, точно е сè што напиша... АМА! Мора да има едно АМА. Ме загрижува нашата игра, многу. Не може тоа да биде утеха, дека противникот бил јак, а ние сме одиграле одлично, дека судијата ни е крив, и слично. Додуша, мора да се спомне дека денес судијата си имаше нејасни моменти. Прво можеше стартот на Иванович да помине со жолт картон, сепак беше натпревар за трофеј, а сè уште беше прво полувреме. После, Лампард жолт картон буквално за глупост. Па на крај на прво полувреме свира крај на сред акција, не дозволи да се дозаврши. Јас искрено во секој момент очекував некој од нашите да добие втор жолт. Сепак да се вратам на нашата игра... Почетнички грешки. Губење топка на средина колку сакаш. 5 додавања не сврзаа. Микел денес буквално изгубен во просторот беше. Торес повеќе во средина отколку напред, мислам тоа веќе стандардно стана. Азар, о, Азар, неписмен идиот!!! Сам си се дрибла и губи топки. Апсолутно ништо не прикажа од кога е дојден, ни пола милион од тие 30 и кусур. И зошто Фереира не беше барем на клупа кога веќе немаме поадекватна замена на позицијата десен бек? Појасно никогаш не било - ни треба напаѓач и ни треба десен бек!

И ете, пак се распишав... а знам дека е за џабе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
^
Абе Азар допрва ќе се докажува, чекај па и ти, еее... :D
А за Микел, мене тој одамна не ми е јасен како играч каква улога има во тимот. Знам, треба да ја прекинува играта на противникот, да биде нешто како деструктивец, но мислам дека не успева често во тоа.
А за Торес, потсети се, и Дрогба лани бркаше топки од средината и повлекуваше напред. Очигледно таа улога ја добиваат од Ди Матео, и Торес допрва ќе треба како класичен центарфор да се привикне на тоа. :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Дрогба има снага за да ја „одвлечка“ топката од средина до шеснаесетник, Торес не. Плус изминатата сезона позади Дрогба играа Калу и Стариџ, сега тука е Азар, а наскоро и Оскар, затоа најпаметно ќе му е на Торес да си седи напред.
Микел претходните неколку сезони повеќе пречеше отколку што допринесуваше нешто за тимот, ама последнава полусезона (посебно под водство на Ди Матео) многу покажа, во подобра форма беше од Есиен, и си заслужи место во стартната 11-ка. Денес имаше многу лош ден.
А Азар... знам дека има допрва што да докажува, ама нешто, барем нешто да покажеше... Марин за 4 пати помала сума е доведен, а 14 пати подобро од него одигра на изминативе натпревари. Штета е навистина што не можеше да игра денес.

Еве колку добро се покажа Азар денес.

ibe4NgztLvsesd.gif


Превртувам, буквално превртувам очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Nighty

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
као офтопик ке кажу дека си упрао млада дамо : ) он устфари нема сфое ја, навива за 3 тима лол : )
као онтопик ке кажу дека днска прочита дека Хулк нема да иде у Челзи....
штета, што боље играчи у Премиер Лигу тој поинтересна и ке биде, нели ?! ( увек се губу на овј знак дали иде прво извичник или прашалник)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Официјалната страница од вчера има нов лик. Ми се свиѓа делот CHAMPIONS OF EUROPE :D, ама сè на сè, повеќе ми се свиѓаше стариот дизајн. Туку, ова го пишувам зашто барав некој од линковите што ги имам објавено тука од официјалната страница, а ми кажува Еrror. Веројатно и нив ги снема со новиов дизајн. :nah