Најдов нешто многу интересно.
*
Во 1995, баскискиот економист Игнасио Паласиос-Хуерта веднаш по завршувањето на своите студии во Универзитетот Чикаго започнува да снима пенали и да го анализира нивното изведување, за во 2003 да го објави своето дело "Професионалците играат минимакс". Професор по економија на израелски универзитет кој што бил заеднички пријател на Паласиос и Аврам Грант, тогашниот менаџер на Челзи, сфаќа дека истражувањето на Паласиос може да им помогне на Челзи во Москва па ги запознава двајцата. По неколкуте контакти Паласиос му праќа на Грант извештај со четири точки:
1. Ван дер Сар има тенденција да се фрла на "природната страна" на изведувачот на пеналот. Ова значи дека против деснак Ван дер Сар би скокнал на голманската десна страна, т.е. лева на десноногиот изведувач. Истото важело и за левак. Тогаш Ван дер Сар би скокнал на неговата лева страна, т.е. десна на левоногиот изведувач.
2. Највеќето пенали што ги одбранил Ван дер Сар, биле шутирани на средна висина, помеѓу 1 и 1,5 метри од земјата, затоа препораката била да се шутира по земја или да се оди на ризик и да се шутира високо.
3. Роналдо често се залетува и застанува пред да го изведе пеналот, во такви ситуации ако голманот остане на нозе, Роналдо 85% шутира лево, т.е. десно на голманот.
4. При фрлањето на паричката , тимот што одбира прв да шутира победува во 60% од случаите.
Финалето завршува 1-1 во регуларното време и започнуваат пеналите. Паласиос го следи натпреварот во својот дом и нестрпливо чека да види како е искористено неговото истражување, но не ни сонува дека фудбалерите на Челзи ќе ги следат неговите совети од збор до збор.
Фердинанд при фрлањето на паричкита добива да бира страна или Манчестер прв да шутира. Тери се обидува да влијае врз неговата одлука нудејќи му први да шутираат црвените, но Фердинанд го игнорира и нормално одбира неговиот тим да ја отвори серијата. Според Паласиос, ова значи дека Манчестер започнува со 60-40 предност, а Тевез го реализира првиот пенал.
Прв за Челзи шутира Балак, шутира на неговата "неприродна страна", т.е. со десната нога шутира десно. Истото го прави и Белети и постигнува гол. После ова и сопругата на Паласиос која била скептична околу "целата работа со фудбалот" седнува да ги следи пеналите. Во тој момент на ред е Роналдо да изведува пенал. Паласиос
ѝ објаснува на својата сопруга што напишал во извештајот за Роналдо, дека не треба голманот рано да излетува, а ако Роналдо застане при залетот најверојатно ќе шутне лево. Роналдо зема залет и нагло застанува, а Чех не мрда од место. Роналдо во тој момент шутира лево, а Чех му го брани ударот. Паласиос кога го видел ова скокнал од место, а неговата сопруга останала во шок. Следен е Лампард, и тој шутира десно. Кога доаѓа на ред Ешли Кол веќе три негови соиграчи имаат шутнато на нивната "неприродна страна", па Кол се одлучува да шутне на неговата "природна страна" во случај да им е пробиена тактиката, но го следи советот на Паласиос и шутира ниско, Ван дер Сар се фрла на "природната страна" на изведувачот но не го брани пеналот, шутот е низок. Е започнува интересното...
Тери таа вечер беше брилијантен, можеби го имаше својот најдобар натпревар во кариерата и нормално како капитен и лидер на тимот добива да го изведе петтиот пенал, доколку постигне гол титулата на ЛШ патува за прв пат во Лондон. Зема мал залет и шутира на неговата "неприродна десна страна" но се лизга при шутот, а топката завршува во стативата. На Ван дер Сар му паѓа камен од срце бидејќи повторно ја згреши страната, скокна на "природната". Во наредната серија иста песна, Калу шутира десно-горе, а Ван дер Сар бидејќи брани против деснак повторно скока на своето голманско десно.
Но после шест удари, Ван дер Сар или некој од клупата ја чита фората на Челзи. Додека Анелка се подготвува да го изведе седмиот пенал, Ван дер Сар со својата лева рака покажува во левиот агол т.е. на "неприродната стана" на десноногиот Анелка. Сега Анелка е во ужасна дилема, тој знае дека Ван дер Сар знае, кај да шутира сега? Ова е теоријата на игри во нејзината најсурова варијанта. Во тие делови од секундата Анелка ја менува одлуката и шутира лево, на својата "природна страна", а топката е на средна висина и Ван дер Сар го брани ударот. Анелка го направи токму она што не смееше според извештајот на Паласиос, најверојатно под притисокот кој што го имаше во тие моменти. По натпреварот Фергусон изјави: "Не беше случајност што Ван дер Сар го одбрани пеналот. Знаевме точно кои играчи, каде шутираат."
*
Еве и видео, па споредувајте.