1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Фан Клуб: Челси

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од foREVer, 20 март 2012.

  1. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Chelsea Football Club, познат и како The Blues (Сините) [или во минатото The Pensioners (Пензионерите)] е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во западен Лондон.
    [​IMG]
    *Основан е на 10 март 1905 година во пабот The Rising Sun.
    *Дом на фудбалскиот клуб Челси е Стемфорд Бриџ, со капацитет од 41,837 седишта.
    *Од јуни 2003, сопственик на клубот е Роман Абрамович.
    *Играч со најмногу настапи во синиот дрес е Ron HARRIS (1961-1980) - 795 натпревари.
    *Најдобар стрелец во историјата на Челси е Bobby TAMBLING (1959-1970) - 202 голови.

    Трофеи:

    - Премиер Лига – 4 (1954/1955; 2004/2005; 2005/2006; 2009/2010)
    - ФА Куп – 6 (1970; 1997; 2000; 2007; 2009; 2010)
    - Куп на победниците на куповите – 2 (1971; 1998)
    - Супер Куп – 1 (1998)
    - Лига Куп – 4 (1965; 1998; 2005; 2007)
    - Комјунити Шилд (поранешен Черити Шилд) – 4 (1955; 2000; 2005; 2009)

    **

    Откако на 4 март Андре Виљаш-Боаш беше отстранет од менаџерската позиција во клубот (поради лошите резултати што тимот ги прикажуваше под негово раководство), за привремен менаџер до крајот на сезоната беше назначен неговиот помошник (и поранешен играч на Челси) Роберто Ди Матео.

    Моменталниот состав на Челси:

    1 Petr Cech
    2 Branislav Ivanovic
    3 Ashley Cole
    4 David Luiz
    5 Michael Essien
    6 Oriol Romeu
    7 Ramires
    8 Frank Lampard
    9 Fernando Torres
    10 Juan Mata
    11 Didier Drogba
    12 Mikel
    15 Florent Malouda
    16 Raul Meireles
    17 Jose Bosingwa
    18 Romelu Lukaku
    19 Paulo Ferreira
    21 Salomon Kalou
    22 Ross Turnbull
    23 Daniel Sturridge
    24 Gary Cahill
    26 John Terry
    34 Ryan Bertrand
    40 Henrique Hilario

    Привремен менаџер: Roberto Di Matteo
    _________
    Се надевам дека не сум единствениот навивач на Челси на форумов, затоа решив да ја отворам темава. :)
    Да не гњавам со целосна историја, ги издвоив најбитните работи за клубот и во кратки црти објаснив што е како е.
    Во очекување сме на многу нови победи и трофеи (посебно оној долгоочекуваниот во Лигата на Шампиони). :)
    Бидете фер, без провокации и вреѓање.
     
    На emzzy, 048 и Trajche им се допаѓа ова.
  2. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Не си единствен не има ;) Ех Гудионсен, врмиња беа тоа, тогаш Челзи беше во најјаката форма со Мурињо.
     
  3. Ана-Каренина

    Ана-Каренина Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    998
    Допаѓања:
    1,749
    + еден навивач на Челзи.
    Денес играме со Сити, јас да видам искрена и со нерешено ќе бидам среќна а и за чудо мене Ди Матео ме изненадува а и гледам играчиве го сакаат него.
    Сепак јас ќе си останам на старото мислење јас го сакам Хидинк за тренер штета што потпишал договор со некој тим.
     
  4. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Гудјонсен

    Август 2003, почеток на нова сезона... јас детиште шо дотогаш само играло фудбал, првпат во животот седнав да гледам, тогаш уште на А1 даваа ПЛ. Не ми текнува баш против кого играше Челси тогаш, битно одма ми фати око тимот. Можда поради плавата боја, отсекогаш ми била омилена. Гудјонсен играше ПРЕдобро, па немаше веќе дилеми, одма ми стана омилен играч, а Челси омилена екипа. Малце ми е криво шо сум од тие такозваните "навивачи од ерата на Абрамович", ама шо е тука е. Не беа пресудни фрлените милиони на Абрамович за да станам навивач на Челси. :)

    Што се однесува до вечерашната утакмица, и јас мислам дека ќе е тешко, ама верувам во Ди Матео. Не ме изненади многу со резултативе досега, не се сомневав воопшто во него, навивав за тој да ни биде тренер уште во првиот дел од сезонава (кога почна да не уништува АВБ). :D
     
    На uniko и Ночной охотник им се допаѓа ова.
  5. Ана-Каренина

    Ана-Каренина Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    998
    Допаѓања:
    1,749
    Ај и јас да ви кажам како почнав да навивам за Челзи.
    Не се сеќавам која година беше знам 7 или 6 одделение бев играа Манчестер Јунајтед- Челзи и Челзи изгубија 1-0, Флечер даде со глава гол за Манчестер на тоа добро се сеќавам и за инает на брат ми и братучед ми продолжив да навивам за нив.
    Јас предходно не ни имав слушната за Челзи само Реал и Манчетер ги знаев и толку и играчи само Роналдо( да се разбереме не К. Роналдо) и Ривалдо и толку.:D
     
  6. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    2005 првиот дел од сезоната. Какви нервози беа тоа! :stomp
     
    На 048 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ана-Каренина

    Ана-Каренина Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    998
    Допаѓања:
    1,749
    Ајде бе Челзијаши нешто слабо активни на темава сте, јас презадоволна што отидовме во 1/2 со ваква игра.
    Јас искрено се надевам дека со Барса ќе покажеме многу подобра игра, уф каков само успех би било тоа да се пласиме во финале...се сеќавам и со Гранд истово беше, слаба игра, проблеми со менаџери и оп финале....
     
    На 048 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Леле сношти кога го примивме голот излегов надвор, не можев да догледам до крај... ќе ми откажеше срцево. Ај Калу шо е дрво незакастрено, одамна е таков, ама шо се дешава со Рамирес стварно се чудам. Со игра како вчерашната, Барселона партали ќе не направи.
     
    На 048 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,263
    Допаѓања:
    9,105
    Овој Ивановиќ само голови дава :) браво Бане!
     
  10. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Треба предавања за давање голови да им држи на напаѓачине...
     
    На 048 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: