Фан Клуб: Челси

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Цезар Аспиликуета е официјално член на Челси. Квалитетен десен бек, конечно. Сега РДМ ќе има некоја опција плус кога ќе ја составува стартната 11-ка.
Договорен е и трансферот на Виктор Мозес, останува уште да ги помине медицинските прегледи за да се официјализира. Тоа веројатно значи дека е завршена приказната со Хулк. :place
6 нови играчи во овој преоден рок (5 во првиот тим)... баш да видам кој што/каде ќе игра.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Eden Hazard - MAN OF THE MATCH, every match! :giggle Ми се свиѓа нашава игра. Шо е поинтересно, навивачи на други клубови ми викаат дека Челси почна да игра вистински ФУДБАЛ! (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Група Е: Chelsea, Shakhtar Donetsk, Juventus, Nordsjælland.
Првиот натпревар е на Стемфорд Бриџ против Јувентус, 19 септември.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
И после ќе рече некој дека Фалкао не вреди 50-60 милиони. Ма и повеќе вреди! Само ми е жал што нема да го видам во дрес на Челси. Од кога најави заминување Дрогба, се надевав дека ќе дојде Фалкао, или ако не може тој, барем Хулк. На крај никој! :nah
Потрагично од тоа што изгубивме, е тоа што буквално се влечеа по терен играчите, без идеја, без волја, без ништо! :x
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Доста беше купување, редно беше нешто и да се продаде. 4FUN, Меирелеш веќе не е играч на Челси. :)
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
Доста беше купување, редно беше нешто и да се продаде. 4FUN, Меирелеш веќе не е играч на Челси. :)
а беше еден од подобрите минатата сезона.
требаше да ги продадат П. Фереира и Малуда а не Меирелеш.
поголема минутажа на О. Ромеу бидејќи вака само ќе му ја уништат кариерата.

сега малку и пофални зборови, браво за доведувањето на Азар, дечкото е струја :)
Торес секогаш бил машина за голови, имаше кризен период, но полека пак се враќа во форма.
добар е и Бертранд но на секој натпревар игра на различна позиција :D мислам дека време е Оскар да покаже што знае и умее.
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Доста беше купување, редно беше нешто и да се продаде. 4FUN, Меирелеш веќе не е играч на Челси. :)
:eek

а беше еден од подобрите минатата сезона.
(nod)

foREVer гледаш дека беше еден од подобрите , и другите така мислат ( затоа го продадоа - lol ) :sreken

сега no.1 од твојот клуб ке ми биде Торес , ама уште не сум ги гледал оваа сезона како играат... кога ке ги видам два три натпревара , тогаш ке си најдам player No.1 за оваа сезона :igra
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
а беше еден од подобрите минатата сезона.
требаше да ги продадат П. Фереира и Малуда а не Меирелеш.
поголема минутажа на О. Ромеу бидејќи вака само ќе му ја уништат кариерата.

сега малку и пофални зборови, браво за доведувањето на Азар, дечкото е струја :)
Торес секогаш бил машина за голови, имаше кризен период, но полека пак се враќа во форма.
добар е и Бертранд но на секој натпревар игра на различна позиција :D мислам дека време е Оскар да покаже што знае и умее.
Не беше воопшто еден од подобрите, морам да ти противречам. :)
Како што му кажав еднаш и на 4FUN, тој е просечен играч, дури и на моменти под просекот. Е сеа си имаше и добри денови, не велам не. Ама општо земено повеќе штета правеше, често губеше топки и доста голови се примија баш од негови изгубени топки. Плус, на неговата позиција игра Микел, кој моментално е во животна форма (јес да не постигнува голови, ама тоа и не е негова работа, тој е задолжен за дефанзивниот дел, а тука е одличен), така да во прв тим и немаше место за Меирелеш. Ама тука проблемот е сега што Ромеу не е уигран воопшто, а Лампард сè побавен е.
Фереира не оди никаде. :sreken Таман уште некоја сезона и пензија. А треба да се продадат Малуда и Бенајун под најитно.
За Бертранд освен пофални зборови, ништо друго немам да кажам, дечкото е одличен во одбрана, на почетокот се губеше малце кога ќе тргнеше напред, ама сега се усовршува и таму, затоа игра понекогаш и како крило.

:eek


(nod)

foREVer гледаш дека беше еден од подобрите , и другите така мислат ( затоа го продадоа - lol ) :sreken

сега no.1 од твојот клуб ке ми биде Торес , ама уште не сум ги гледал оваа сезона како играат... кога ке ги видам два три натпревара , тогаш ке си најдам player No.1 за оваа сезона :igra
Азар ќе ти биде, ќе видиш. :p А може и Мозес ако покаже нешто, баш чекам да видам како ќе се снајде.



Иначе изглеа јас сум една од ретките што не веруваат дека Торес во Челси ќе биде таа гол-машина што беше во претходните клубови. (wasntme)
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
Фереира не оди никаде. :sreken Таман уште некоја сезона и пензија. А треба да се продадат Малуда и Бенајун под најитно.
За Бертранд освен пофални зборови, ништо друго немам да кажам, дечкото е одличен во одбрана, на почетокот се губеше малце кога ќе тргнеше напред, ама сега се усовршува и таму, затоа игра понекогаш и како крило.


Азар ќе ти биде, ќе видиш. :p А може и Мозес ако покаже нешто, баш чекам да видам како ќе се снајде.



Иначе изглеа јас сум една од ретките што не веруваат дека Торес во Челси ќе биде таа гол-машина што беше во претходните клубови. (wasntme)

Дека Бертранд има да се докажува тоа е точно, но нека го усовршуваат на една позиција а не како Коентрао во Реал, уште на која позиција не заигра кутриот и на крај незадоволен.

Азар 100% ќе биде лидер на тимот но откако Лампард и Тери ќе одат во пензија.

Мозес ама баш ништо нема да покаже, затоа што нема да ја добие потребната минутажа во тимот покрај сите имиња кои можат да играат на тие позиции кај шо игра тој.

Торес е неоспорлива гол машина али не му одговара играта кога тој е единствениот напаѓач. Тој е одличен во тандем со Виља во шпанската репрезентација бидејќи е тимски играч, добар асистент и знае да постигнува голови. Имај повеќе доверба во него :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Vendetta, на добар играч не би требало да му претставува проблем да игра на две позиции. Мислам покрај стандардната, да има уште една позиција на која добро се снаоѓа. Чим можат одредени играчи да играат на позиција лев + десен бек (!), не би требало да биде проблем лев бек + лево крило.

Мозес е донесен најмногу за да биде потпора на Торес, ама не од зад него, туку баш како што кажа ти дека му треба нему, како втор напаѓач. Ама не сум сигурна колку ќе успее тоа, а и дали Ди Матео ќе се осмели да игра со два напаѓачи пошо досега играше со стандард формација 4-2-3-1.
Довербата треба да се заслужи. :)