Фан Клуб: Челси

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Лукаку денес даде гол, 4ти му е во ПЛ. Толку има и Торес, со таа разлика што Торес има одиграно 1013 минути, Лукаку 416. И кога ќе ми текне кој од двајцава е на позајмица... (facepalm)
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Team: Cech (c); Azpili, Ivan, D Luiz, Cole; Ram, Mik; Mata, Oscar, Hazard; Torres. - subs: Turn, Fer, Cahill, Bert, Rom, Marin, Moses.

Тимов, стандардно тој, единствена замерка според мене Кејхил би требало да е прва место Луиз, во последно време овој вториов многу слобода си зеде и му се чинит дека играт во напад и останува дупка во одбараната ама ај да видиме каков ќе е денес. Кол конечно се врати, очекувам барем колку толку подобрување во дефанзивата ама мора Луиз да сфати дека е централен дефанзивец!!!
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
46231_562011163824927_33235963_n.jpg

CHELSEA FANS DO NOT FORGET!!!

Ми се гади бе, и од Бенитез, и од таканаречените „навивачи“ (од 19ти мај) шо го бранат и сакаат шанса да му дадат. Каква шанса бе? На кого? На тој Бенитез што тврдеше дека за него има само еден тим во Англија - Ливерпул? Што го нарече Дрогба кукавица и глумец? Што рече дека Лампард е преценет? Дека Челси е клуб без душа, и дека навивачите им се пластични, без страст? На тој Бенитез ќе му давате шанса, што плукаше по сè што е поврзано со Челси, од навивачите, преку играчите, до самиот клуб? НЕ НИ ТРЕБААТ НИ ТАКВИ НАВИВАЧИ, НИ ПРОДАДЕНИ ДУШИ КАКО ОВОЈ СЕГА ШТО ЛИЖЕ КАДЕ ШТО ПЛУКАШЕ!

RAFA OUT!
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Јас си со го сакам Ди Матео!!! Ем поранешен играч на Челзи, па го сакат клубот, ем го сакаа играчите и навивачите. Само шо немат многу искуство како тренер.... за разлика од Бенитез. Јас ич не го сакам Рафа ама баш ич, ама за жал мислам дека ако вчера беше РДМ на клупата дека ќе изгубевме. Рафа одеше вчера на типичен дерби меч во Англија, досаден каде еден потег ќе го решит мечот, за жал од страната на Челзи немаше такво нешто, нападот ко заспан беше, малку одбраната е подобра, ама пак останувам на ставот дека Луиз треба малце да се одмори и Кејхил да игра на негово место.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Колку и да си тролам јас на сметка на Бенитез, не заборавај дека зборуваш за еден од најголемите и најискусни тактичари во модерниот фудбал, кој со Валенсија успеа да освои двапати шпанско првенство (ПОКРАЈ МИЛИЈАРДЕРСКИ ТИМОВИ КАКО РЕАЛ И БАРСА), а и со Ливерпул двапати стигна до финале на ЛШ, од кои еднаш го освои.
Тука е и по некое освоено национално купче, како и два трофеи во (не)успешната кратка кариера во Интер.
Знаеш што му е заедничко за Валенсија, а сега и Челзи? Што ќе води клуб чиј препознатлив симбол стана тактизирањето, а не допадливиот фудбал за око. Во тоа поле, ретко кој е подобар од Бенитез. Е сега, не е толку добар како мотиватор, а секако дека е и далеку од харизматичен. Но ако со резултатите ги побие тие негативности, чуму зијан? Вчера згуснатата одбрана на Челзи спаси сигурен пораз, кој со РДМ ќе дојдеше, од екипа како Сити, која моментално и на хартија е поквалитетна, а и далеку погневна/погладна поради елиминацијата од ЛШ и покрај сите очекувања и надежи.
Има време, ќе се види со овој тренер.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Како дојдовте до заклучокот дека ако беше вчера РДМ на клупа - ќе изгубевме? Апсолутно ништо не беше променето во формацијата, ниту во играта. Единствено што можеше да се забележи е дека Бенитез ги форсира шпанските играчи во тимот. Кој к*рац го стави Ромеу во игра - на местото на Микел, кој вчера (заедно со Цезар) беше најдобар во нашиот тим?

Nighty, 2 работи имам да ти кажам:
1. Абрамович се изнаменува менаџери зашто сака фудбал убав за око. Сака таков менаџер што ќе му овозможи ем да гледа убав фудбал, ем да се радува на трофеи. А и самиот кажуваш дека Бенитез е добар тактичар, што е сосем спротивно од она што Роман го бара (што уште еднаш докажува дека Роман си нема појма од фудбал).
2. Прочитај го ова.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
^
Независно дали докажува дека нема појма или не, Рафа може да е токму она што му фали на Челзи.
Едно е вашето гледиште како навивачи, друго е што трофеите носат милионски суми на сметката на Роман.
Челзи во моментов НЕМА тим со кој може да игра допадлив фудбал за око, за жал. Моментално им треба да се стабилизираат на тактичко поле, особено ако играчи како Тери и Лампар (костур на тимот со години) се појавуваат се’ поретко и поретко во првата постава. Потребно е време да видиме што ќе се случи со буцково, и ќе видиме дали Роман ќе го овозможи тоа. :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
^ А што мислиш, зошто нема Челси во моментов тим за поатрактивна игра? Зашто Роман наместо да го отстрани тој еден играч што е проблем во тимот, тој се обидува да го промени целото негово опружување, специјално за да го прилагоди на тој играчот. Не би ме зачудило сега пола Ливерпул да го доведе. |-( Впрочем, уште првиот ден по назначувањето, Бенитез кажа дека ќе се обиде Шкртел да го доведе. (n)

Една скорешна изјава на Гери Невил: „Торес игра вака веќе 2 и пол години. Тоа не е пад во формата, туку промена во играчот.“ I couldn't agree more.