Фаκултет и ρабота: дали може да се успее и на двете полиња?

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Искрено тука имам среќа што професорот по пракса, по хотели што се оди во кујна или за послужување е од местово кај што живеам и доста ми помогна .. Се консултирав со него, ќе си ја одржувам праксата на лето, една недела до две по некој од рестораниве овде :)
А со колоквиуми, испити.. До сега фала Богу се ми оди од рака : )))
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
На 25 Мај 2000 матурирав и од први Јуни почнав на работа. Во Октомври подоцна почнав на Економски факултет на УКИМ. 2004-та година начекав одлична и експоненцијално проспаритетна работа која ме натера да баталам еконмоски факултет при крај на 3-та година и ме натера да се преориентирам на информатика. Завршив во 2009-та година, па се вратив на економски да довршам. Тек Јуни 2010-та година завршив и со економскиот, а веќе имав сменето 4 компании.

Јас си знам како ми беше, по 10 саати секој ден работа и неброена количина испити. Неколку пати ми се случуваше да ме будат во Браќа Миладоновци библиотеката кога затвораше во 10 саат. Претходно затвораше во 9, сега продолжија, работи мислам цела ноќ.... сум заборавил. Во ретроспектива, целиот тој период ми е некако како низ магла. Ич немав трема на испити пошто немав ни време за трема, работев бајаги, заработував фино за наши стандарди дури работев и во странство па се враќав само за на испит без некои фенси подготовки.

И така, си минаа годините, косата ми побеле од страните и ми падна кај залисците :D
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Не би можела да работам и да учам истовремено.Мислам дека нема да постигнам.Ама ако некој сака,може да се организира со све.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На 25 Мај 2000 матурирав и од први Јуни почнав на работа. Во Октомври подоцна почнав на Економски факултет на УКИМ. 2004-та година начекав одлична и експоненцијално проспаритетна работа која ме натера да баталам еконмоски факултет при крај на 3-та година и ме натера да се преориентирам на информатика. Завршив во 2009-та година, па се вратив на економски да довршам. Тек Јуни 2010-та година завршив и со економскиот, а веќе имав сменето 4 компании.

Јас си знам како ми беше, по 10 саати секој ден работа и неброена количина испити. Неколку пати ми се случуваше да ме будат во Браќа Миладоновци библиотеката кога затвораше во 10 саат. Претходно затвораше во 9, сега продолжија, работи мислам цела ноќ.... сум заборавил. Во ретроспектива, целиот тој период ми е некако како низ магла. Ич немав трема на испити пошто немав ни време за трема, работев бајаги, заработував фино за наши стандарди дури работев и во странство па се враќав само за на испит без некои фенси подготовки.

И така, си минаа годините, косата ми побеле од страните и ми падна кај залисците :D

This is kinda sad...:(
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Може, ама со мнооогу труд, но зошто?
Ако не е да мора да се помага дома финансиски и/или да се самофинансира школувањето, мислам дека може да се прескокне овој дел.
Океј е да се подработува нешто колку да се има за себе, сега е тоа лесно со фриленс направено, ама фул посветување на кариера уште од 20 години, освен ако немаш некој стартап на ум што би заработил многу пари - не.
Сезонска работа е исто океј, дури и добредојдена. Ем шетнеш (ако е во странство), ем запозаеш нови луѓе, дружба, ем собереш пари да си платиш семестар.
Другото е измачување. Пробав два месеци и немав време за ништо поврзано со факултетот (па и приватниот живот) пошто работев од 14 до 22 часот, што значи имав време да станам, завршам некоја обврска и да одам на работа, а навечер да се вратам мртва уморна и да си легнам. И така во круг...