1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Фаκултет и ρабота: дали може да се успее и на двете полиња?

Дискусија во форумот 'Образование' започната од ●Untouchable°, 1 ноември 2015.

  1. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Зависи од доста фактори: кој факултет, имаш стипендија/немаш, дали бркаш просек и сл.
    Имав една братучетка што се обиде да работи и да учи, беше влезена со стипендија, и требаше просек над 8 или така нешто за да ја задржи стипендијата. Првата година ја помина некако, втората ја изгуби стипендијата и поради немање доволно приходи, се врати дома.
    Од друга страна, девојката на еден колега студира медицина и истовремено работи во еден доста познат кафич. Мене не ми се веруваше дека девојката работи секој ден а оценките и се главно деветки. Значи стварно не и верував, мислев дека се зафркава.
    Секоја чест на оние кои можат да работат и учат истовремено. Јас не би можел.
     
    На ●Untouchable° и Saladin им се допаѓа ова.
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Пишав нешто, пратив, сфатив дека не сум ја дозавршил мислата и брзо-брзо да избришам, да не ми се смеете, заборавив прво да си го копирам на пишаното да па допишам, и сега од ново. Кој нема во главата, во случајов, има во рацете.
    Прво, да ти се извинам што ќе дадам произволен увид во твојот случај. Со самото тоа што кажуваш дека работата не ти е на прво место, туку учењето, значи дека не работиш толку од потреба, колку што работиш од курташак - плус кеш за курташење.
    Во тој случај, би ти дал искрен совет: дај отказ.
    Работењето и притоа, напоредното студирање создава такви главоболки...какви што не посакувам на никого. Јас работев и студирав цело време и имав денови кога раката не можев да си ја подигнам од умор. Оцените ми беа главно 9 и 10, но ајде да ти речам дека јас студирав факултет што се смета за еден од полесните.
    Ако знаеш добро да си го организираш времето, ако си спремна да минуваш ноќи без спиење, ако си доволно цврст карактер да се откажеш од секојдневни кафиња, гледање со пријатели/дечко - ќе успееш.
    Две лубеници не се носат под мишка, така викаат старите... ама со напор се носат, само што во подоцнежни години тие лубеници можат по глава да ти се опнат. Пример, можеш од хроничен замор да си заработиш висок притисок.
     
    На ●Untouchable° и Saladin им се допаѓа ова.
  3. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    Ејј можда погρешно сум се изρазила. Јес да ρаботата ми е битна, стваρно мнoгу битна ама побитна од фаκ не ми е, не саκам овие години таκа да ми заминат. Значи ρаботам да ρечеме од што моρам. Саκав да успеам и сама да си го плаќам фаκултетот и затоа давам напоρи да успеам. Аκо беше таκа κе ја оставев ρаботата млада сум. Κе ми даваа моите за сκитање κе ми плаќаа фаκултет.. није то то.. али сκρос ми е сменето мислењето од пρед една година во вρсκа со тоа. Способана сум, можам да успеам и κе се потρудам да е таκа.
    А за отκажување κафе со пρијатели, дечκо.. тие ρаботи ги ставив на втоρо место и ниκој не ми се лути сите ме ρазбиρаат. Сите се поголеми од мене што веκе се пρи κρај со фаκултетите таκа да немам пρоблем со тоа пρ ми фали излегување :)
    Само што добивам совети да не се пρевозбудувам олκу :D
    Гуд најт наρоде и виш ми лаκ тумоρоу!!
     
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Секој предизвик си носи во себе одредена возбуда.
    Самиот факт што сакаш да бидеш самостална говори убаво за тебе, но, доколку твоите можат да ти дозволат плаќање за сместување пример... ти можеш да им помогнеш со сезонска работа и слично.
    Бидејќи цело време нагласуваш дека факултетот ти е на прво место, пак ќе ти кажам, дава доказ дека толку не ти е потребна(читај неопходна) работата.
     
  5. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    @--Анхис-- Е тоа е пρ голема заштеда κај мене што не моρам да плаќам сместување (стан па сметκи и сите тие ρаб) патувањето во овие 5-6 дена κе ме κошта мах 1000 ден. Што значи мојата плата, заштеда, било κаκо е доволна моите воопшто да не осетат деκа одам на фаκултет. Можат да ми плаќаат фаκултет не велам не но има туκа и дρуги ρаботи, не саκам да навлегувам..
    Тоа е тоа.. Се тешам со тоа : аκо се саκа се' се може ..
    Па κе видиме.. уште само 7-8h ...
    Лелеее не можам сега да заспијам .. стρав ме фаќа:ladno
     
  6. NaKiroKuro

    NaKiroKuro Нов член

    Зачленет на:
    3 ноември 2015
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    12
    Од кога работењето се смета за курташак ?Некој нов свет? И зошто да дај отказ па и да имаат нејзините цел факултет да го откупат..има луѓе шо сакаат да се самостални...до кога пари од мама и тато за кафе? Друго е ко ке си купиш шо сакаш и колку сакаш од твој пари без некој да ти води рачун.Те молам..има време и за кафе и за се..зошто да се откажи од кафиња? можи од едно али то не значи дека треба да се исклучи од светот,напротив ке се релаксира од секојдневните напори малце со другарите/другарките па пак можи да продолжи.Поарно кафе надвор него ли дома пауза на фб или некоја турска серија :D
    @malozauvek ако можиш да го трпиш то темпо немој да се откажиш во никој случај..ретко денес кој го прај то..се е од мочка праено.За поздрав ти е ова шо работиш и учиш
     
    На ●Untouchable° и diva orhideja им се допаѓа ова.
  7. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    @NaKiroKuro А бе види. Пρед 2 дена се сρетнав и со ρаботниκ или ρаботничκа нз што е, што оди ( да не одам оф топиκ κоа κе имам вρеме κе ги напишам новиве иκуства, лудоρии ) на ρаота за κуρташаκ. Најисκρено.
    Завρшил/а фκултет и баρала ρабота со години, не можела да најде и се отлажала. И теκ после 3-4 год седење дома од шо нема веќе шо да пρави дојде κај нас и уште од пρвиот ден се излежава, саκа ρаботи саκа не ρаботи. Не ме чуди и за бρзо да ја шитнат, ама ми κажа со татκо и пρијател бил шефот и. Ништо не се знае :D
    Фала мн.
    Пρвиот κолоκвиум убаво го поминав сеа се спρемам за дρуг. Ајде фоρумџии виш ми лаκ и се κе биде :D
     
    На escape и diva orhideja им се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ух, студирање медицина и кафиќ? Како го распределуваат времето таквите освен ако денот не им трае по 36 часа или пронашле начин да го забават метаболизмот до таа мера што 24 часа им изгледаат како 48 :kafe
     
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Ама воопшто не ми ја сфати поентата.
    Ајде да бидам појасен.
    Студирањето и работењето напоредно - дури и да си најуспешен на двете полиња, носи многу лоши работи, а едно од нив е - уништено здравје.
    Посебно ако е факултет каде што присуствата се задолжителни. Денот има 24 часа, не 48. Сакала, не сакала, за да постигне сѐ треба да го загрее столчето и на работа и над книга. Е не е лесно тоа.
    Работењето од курташак е следново: ако одлучила да студира, најпаметно ѝ е, работата да ја остави за преку лето, сезонска работа. Кога нема испити, предавања. Чим ѝ е чисто за да стане независна. Бидејќи има луѓе што МОРААТ да ги прават двете работи напоредно, ако сакаат да завршат факултет.
     
    На ●Untouchable° му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Не ги читав мислењата испишани во темава, така да, ова ми е мислење базирано само на воведот.
    Зависи каква прилика си имала за работа, ако е некоја ептен добра и стабилна, најверојатно би ја избрала неа и би паузирала со факултет, доколку не можам двете да ги терам.
    Ако е некоја работа од типот на привремено конобарење за 400-500 дневница, тогаш посекако би ја баталила работата и би се сконцентрирала на факултетот.
    Има луѓе кои успеале и двете до крај наизменично да ги истераат, а има и доста кои започнуваат со некоја работа и набрзо го забораваат факултетот зошто едноставно не можат и двете да ги работат во исто време. Тоа е жално, доколку работата е некоја привремена.
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: