Треш филмови

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
После гледањето на филмот The Room и соодветното уживање во тоа ремек дело на нискобуџетната продукција се решив да отворам тема за треш филмови.

Легендата вели дека филмот започнал еден ден во 2003 кога бесмртниот Томи Висо почнал да приоѓа на машки и женски особи на шанк во некоја биртија во Канада. Не заклучувајте пребрзо, не се работи за бисексуалец (најверојатно томи како и секој бесмртник е асексуален) туку за филмски ентузијаст кој понесен од филмовите со Џејмс Дин (!?) решил да сними свој филм.
И така Томи приоѓа на некоја на шанк и почнува `Хеј...ду ју вона плеј ин а филм хах?. Не се познати реакциите на женските особи околу тоа, дали мислеле дека тоа е дебилен старт или покана за снимање ефтин порнич... сепак Томи бил искрен и навистина на крај снимил филм кој веднаш се нашол на разни листи на најлоши филмови евер.

Тоа е затоа што Томи уствари сака да каже во филмот (демек) е дека изгледот лаже па еден таков језив лик со лузни на фацата, некоја ацтечко-мајанска фризура, поглед како да планира да ти збрца шрафцигер во бубрег и акцент кој е можно да е од некое немачко село а можно е да и од сибир... да ти бил прав добричина, памук од чоек, романтичен до даска, склон кон сексиљави сцени со свеќи и сета таа корни ситуација.

Но животот е непредвдлив и бидејќи во светот покрај искрени филмофили кои се грозат од такви дела постојат и онакви (како мене) кои се неискрени и обожаваат филмови каде што те јаде туѓ срам, каде што има толку киксови што прераснуваат во комедија, каде што потенцијалот за сеир, ремет и смеа е толку јак што веднаш решаваат дека уствари таквиот филм страшно им се допаѓа и на тој начин таквиот филм прераснува во култен.

Родоначелник на овој феномен е Ед Вуд, трансвестит-режисер-проуцент-глумец кој во педесеттите снимал ужасно лоши сај-фај-хорори но денес е ценет режисер на треш филмови благодарејќи на незаборавиот филм со Џони Деп и Мартин Ландау кој за својата улога на Бела Лугоши, лош маџарски глумец-џанак-легенда освоил и оскар.

Да се разбереме не секој лош филм е треш филм, бидејќи за да биде таков мора да го поседува оној шарм на its so bad its actually good или барем да знае да го насмее и расположи гледачот. Македонските филмови на пример се so bad they are actually just bad.

Дали сте љубители на овој филмски феномен и ако сте кои филмови ви останале во сеќавање?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Антитaлентoт Адaм Сендлер, чoвекoт кoј зaлутaл вo филмскиoт свет. Oдврaтнa личнoст кoјa мoментaлнo гo рaсипувa филмoт, дa се пoјaви и нa 5 секунди гoтoвo, филмoт ќе биде зa никaде.
Еве еден тaкoв глуп филм, кaкoв штo е Адaм Сендлер.
http://m.imdb.com/title/tt0096870/

Еве и еден друг штo гo фaтив нa тв.
Џaбе пoтрoшени пaри зa снимaње и џaбе влoжен труд. Не декa требa дa се трудиш зa oвa aмa пaк.
Пaјaци сo гoлеминa нa Гoдзилa фрлaaт oгaн кaкo змејoви, еден херoј ги спaсувa сите, сo пушкa. Невиденa глупoст. :)
http://m.imdb.com/title/tt2151543/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Овој со пајаците ми делува јако за симнување, тоа се тие ситуации :kafe е сега Годзила како чудовиште е родено од трешот, јапански ефтини филмчиња од некогаш, демек од радијација мутирало нешто и почнало да напаѓа градови :rofl

Инаку да се напомене дека филмовите се делат на играни (feature film) и телевизиски а според квалитет на А, Б, Ц и Д продукција (која често се нарекува и Z пошто последна буква во латиничен алфабет:zelen)

А-продукција се знае, треба да има извесни стандарди во поглед на буџет, глума, техникалии, пост-продукција и сето тоа, после Титаник сумите пораснаа драматично до над 200+ милиони долари по филм.
Б се нешто послаби во тој поглед но сепак професионално работени, кај Ц веќе имаме мешавина меѓу профи и аматери а Д (Z) е веќе тотален аматеризам.

Во ТВ-филмовите има и такви кои комотно се А-продукција (Панчо Виља на пример со Бандерас и Џим Броудбент) скап и одлично реализиран филм кој би можел да се дава и во кино.

Има и филмови кои се тешки за класификација како оној со Кевин Смит со продавницата кој бил снимен за 28.000 долари но за тие пари е феноменален, нешто независни/авторски/инди или било како, па оној со камерата хоророт во шумата кој чинел 1500 долари или нешто така или оној со Исус во една барака кога правеа муабет (патник низ времето)...

Друга категорија се филмови стрејт-ту-видео (порано вхс касети, денес двд или во Нигерија стрејт ту цд :rofl) каде што нема диструбиција на филмот низ кино сали а нема ни негово емитување на тв туку може само да се рента од видеотеки или да се купи и да се гледа. Обично тоа се тешки акции со кршење кичми.
Не верувам дека има некој од А продукција во нив, повеќе Б и Ц.

Хонг Конг е една од земјите кои произведуваат филмови фабрички, од почеток до крај на снимање и продукција поминувале две недели, жанр кршење кичми со кунг фу, сцените со тепачки ги снимале успорено (глумците како желки ги дигаат рацете и нозете) а потоа тоа го забрзувале во монтажа за да делува како да се тепаат некои експерти во кунг фу а не пропалици :zelen
И оние звуците на мавање се јаки :rofl
 
Гледaј гo ќе се нaсмееш бaрем. Филмoт си е глуп, aмa и смешнo е тoa кaкo глумaт, изгледoт нa пaјaците и тoa кaкo фрлaaт oгaн.
Имaм мнoгу вaкви треш гледaнo, нa тв секoгaш тaкви дaвaaт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еве уште еден филм кој го најдов. :)

http://m.imdb.com/title/tt0194800/
Филмов е за војници кои одат да запрат еден луд терорист, а во тоа им помага една храбра жена.
Што да се каже за глумата освен ова (facepalm)

Секој има бесконечно куршуми и нема никакви шанси да бидат убиени. И самиот опис си кажува, помалку бројни се, помалку оружја имаат, ама сепак немаат што да изгубат и на крајот ќе победат. Вакви не се ни суперхероите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
После гледањето на филмот The Room и соодветното уживање во тоа ремек дело на нискобуџетната продукција се решив да отворам тема за треш филмови.

Легендата вели дека филмот започнал еден ден во 2003 кога бесмртниот Томи Висо почнал да приоѓа на машки и женски особи на шанк во некоја биртија во Канада. Не заклучувајте пребрзо, не се работи за бисексуалец (најверојатно томи како и секој бесмртник е асексуален) туку за филмски ентузијаст кој понесен од филмовите со Џејмс Дин (!?) решил да сними свој филм.
И така Томи приоѓа на некоја на шанк и почнува `Хеј...ду ју вона плеј ин а филм хах?. Не се познати реакциите на женските особи околу тоа, дали мислеле дека тоа е дебилен старт или покана за снимање ефтин порнич... сепак Томи бил искрен и навистина на крај снимил филм кој веднаш се нашол на разни листи на најлоши филмови евер.

Тоа е затоа што Томи уствари сака да каже во филмот (демек) е дека изгледот лаже па еден таков језив лик со лузни на фацата, некоја ацтечко-мајанска фризура, поглед како да планира да ти збрца шрафцигер во бубрег и акцент кој е можно да е од некое немачко село а можно е да и од сибир... да ти бил прав добричина, памук од чоек, романтичен до даска, склон кон сексиљави сцени со свеќи и сета таа корни ситуација.

Но животот е непредвдлив и бидејќи во светот покрај искрени филмофили кои се грозат од такви дела постојат и онакви (како мене) кои се неискрени и обожаваат филмови каде што те јаде туѓ срам, каде што има толку киксови што прераснуваат во комедија, каде што потенцијалот за сеир, ремет и смеа е толку јак што веднаш решаваат дека уствари таквиот филм страшно им се допаѓа и на тој начин таквиот филм прераснува во култен.

Родоначелник на овој феномен е Ед Вуд, трансвестит-режисер-проуцент-глумец кој во педесеттите снимал ужасно лоши сај-фај-хорори но денес е ценет режисер на треш филмови благодарејќи на незаборавиот филм со Џони Деп и Мартин Ландау кој за својата улога на Бела Лугоши, лош маџарски глумец-џанак-легенда освоил и оскар.

Да се разбереме не секој лош филм е треш филм, бидејќи за да биде таков мора да го поседува оној шарм на its so bad its actually good или барем да знае да го насмее и расположи гледачот. Македонските филмови на пример се so bad they are actually just bad.

Дали сте љубители на овој филмски феномен и ако сте кои филмови ви останале во сеќавање?

Не можам да се сетам во моментов на таков филм, ама овој инсерт од турски акционен филм го гледав сега скоро и боли дијафрагма од смеење:rofl:
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Турција се легенди, турскиот Стар ворс видете го на јутјуб, имале крадено цели сцени од америчкиот со сечење филмска лента (тие скапите сцени со вселенски летала) :zelen а другото е аматерски крш, главен глумец нормално турскиот Џемс Бонд - Мурат Карамурат (не му е право име ама така останало како Брусли на пример) а со него имам гледано филм нешто турци селџуци против крстоносци, скокаше по 10 метри преку тврдина од место без залет, земаше шака полна со стрели и наеднаш ќе потегнеше 5-6 стрели од еден лак и ќе убиеше 5-6 противници :frantic:rofl

п.с. Џунејт Аркин се викал и снимил 248 филма во кариерата :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux

291 филм, не 248. И само две награди земал, некакви си златни портокали. :rofl
Гледам еден филм сега додека го барав актерот, Turks in space се вика. Јако име нема што, и според описот којзнае колку луд филм е. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дај имајте милост, ќе треба сите да ги симнувам. :frantic
По рецензијата на Аут, се решив да го прекинам долгогодишното одложување и во 5 сабајле го изгледав The Room.
Уште сум под импресии и барам податоци за типот. Едвај чекам да излезе филмот на Џејмс Франко каде ќе го глуми фраеров.

Моментално ми текнува на една култна сцена. Го немам гледано филмот, ама ова е буквално треш. :zelen
Еден по маица, друг по џемпер, метакот ја пробива кантата (дупло) и го погаѓа несреќников право во срце. :nah

Индијциве се исто кралеви на трешот. Рецимо сценана каде главниот јунак минува со коњ под камион, па и бројниве по серииве сега.
Имаше скоро по нет една сцена каде цурава, демек неука, а добра домаќинка, го пере лаптопот на момакот со сунѓер и потоа следеше тричасовен зум на фаците што го здогледаа лаптопот како се суши на жица.

Anyway, how's your sex life?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе, а каде без ѕвездата? Ван Дам, човекот кој не умира. :zelen

http://m.imdb.com/title/tt0193364/
Тука го бара татко му кој е изгубен некаде во Израел. После ќе налета на некои секташи, има малку сф и акција, битно Ван Дам победува.

http://m.imdb.com/title/tt0298296/
One man army. Нема потреба од повеќе зборови. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider