Над 450 гости, меѓу кои многу познати личности од јавниот живот, присуствуваа на најлуксузната свадба, што некогаш била организирана на овие простори, на која својата љубов ја овековечија Сашо Симески – Сури и Анета Ѓонческа – Симеска.
Свадбата се одржа во „Дијамантската сала“ во хотелот „Горица“ во Охрид, која за оваа пригода величествено ја украси специјализираната агенција за организација и декор на свечености „ИМПАКТ ГРУП“ од Охрид, која уште еднаш ја потврди исклучителната креативност и висока професионалност.
Гостинските маси беа декорирани со богати цветни аранжмани, за што специјално од Холандија беа донесини 10.000 најразлични цвеќиња меѓу кои и ретки видови украсни цвеќа како Анториум – Фантазија, Холандска ружа – Свитнес, Ориентален кралски крин и други. Цвеќињата беа поставени на свеќници украсени со рачно изработени кристали. Декорот на масите го збогатија првокласни салфетки со украсни брошеви, а за секој гостин на свадбата имаше подарок – кристален свеќник. Нумерацијата на масите беше изработена од циркони, а сето тоа надополнето со екслкузивно мени.
Специјално за оваа пригода свадбената сала беше украсена со платна, лустери и дрвца со кристали, а свечената атмосфера беше обоена со амбиентално светло во повеќе нијанси.
Приемот на гостите и регистрацијата на младенците се одвиваше на големата тераса на хотелот „Горица“ која за оваа пригода „ИМПАКТ ГРУП“ ја трансформираше во вистинско волшепство. Гостите ги пречекуваа елегантно облечени хостеси, а за нивното расположение се погрижи гудачко трио, кое изведуваше класична музика. Се точеше шампањско околу чоколадната фонтана каде бармени подготвуваа егзотични коктели.
За свадбената забава се погрижија бројни естрадни уметници.