Трачеви и новости

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Температурата на водата во Охридското Езеро не ја мерат од Управата за хидрометеоролошки работи, бидејќи пред дваесетина дена им се скршил термометарот, а во меѓувреме не е набавен нов. Во Охрид во моментов се мери само нивото на водостојот и, според хидролозите, хидролошката состојба на езерото е добра.
"Температурата на водата се мери на пристаниште каде што е и котвата за водостојот. Но последниве дваесетина дена немаме податоци за температурата на водата", велат од УХМР.
Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија Ванчо Димитриев вчера одби да каже зошто не набавиле нов термометар.
"Првпат слушам за вакво нешто. Сега не можам да ви дадам никаква информација, бидејќи сум во Влада. Но дека поради еден термометар не се мери температурата на водата во Охрид, не можам да кажам. Барајте го раководителот на секторот, бидејќи како директор не можам да ги знам сите детали", рече Димитриев, по што го исклучи мобилниот телефон, а потоа беше недостапен.
Вчера на електронските портали одеше информација дека водата во Охридското Езеро достигнала рекордни 26,5 Целзиусови степени и оти ваква температура не била забележана во јули во последните десетина години. Објаснување и информација за температурата на водата во езерото не добивме ниту од Хидробиолошкиот завод во Охрид, бидејќи директорката на Заводот Сузана Патчева рече дека не ја мерат температурата на водата и оти тоа го прави Управата за хидрометеоролошки работи, од каде што треба да ги добиеме потребните информации.
"Од високите температури краткорочно не се очекуваат негативни последици врз живиот свет во езерото, но, долгорочно, состојбата ќе треба да се следи и ако е потребно, да се преземат мерки за заштита", рече Патчева.
Температурата од 26,5 Целзиусови степени во Охридското Езеро завчера ја измериле од Центарот за јавно здравје во Охрид, кои редовно земаат мостри од водата за да го следат нејзиниот квалитет. Д-р Лидија Симонова од Центарот за јавно здравје во Охрид вели дека оваа температура ја измериле на плажите околу центарот на Охрид, од каде што завчера зеле мостри, а деновиве продолжиле со земање мостри од плажите покрај целото охридско крајбрежје.
"Не е точно дека оваа температура досега е највисока, во 2008 јас лично имам измерено 27 степени. Досегашните испитувања покажаа дека квалитетот на водата во езерото е одличен, односно таа е од прва и втора категорија, зависно од местото каде што е земена мострата", рече д-р Симонова. (Е.А.)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Над 450 гости, меѓу кои многу познати личности од јавниот живот, присуствуваа на најлуксузната свадба, што некогаш била организирана на овие простори, на која својата љубов ја овековечија Сашо Симески – Сури и Анета Ѓонческа – Симеска.
DSC_0109.jpg
DSC_0129.jpg
DSC_0189.jpg
Свадбата се одржа во „Дијамантската сала“ во хотелот „Горица“ во Охрид, која за оваа пригода величествено ја украси специјализираната агенција за организација и декор на свечености „ИМПАКТ ГРУП“ од Охрид, која уште еднаш ја потврди исклучителната креативност и висока професионалност.
DSC_0023.jpg
DSC_0080.jpg
DSC_0139.jpg
Гостинските маси беа декорирани со богати цветни аранжмани, за што специјално од Холандија беа донесини 10.000 најразлични цвеќиња меѓу кои и ретки видови украсни цвеќа како Анториум – Фантазија, Холандска ружа – Свитнес, Ориентален кралски крин и други. Цвеќињата беа поставени на свеќници украсени со рачно изработени кристали. Декорот на масите го збогатија првокласни салфетки со украсни брошеви, а за секој гостин на свадбата имаше подарок – кристален свеќник. Нумерацијата на масите беше изработена од циркони, а сето тоа надополнето со екслкузивно мени.
DSC_0141.jpg
DSC_0148.jpg
Специјално за оваа пригода свадбената сала беше украсена со платна, лустери и дрвца со кристали, а свечената атмосфера беше обоена со амбиентално светло во повеќе нијанси.
DSC_0199.jpg
DSC_0095.jpg
Приемот на гостите и регистрацијата на младенците се одвиваше на големата тераса на хотелот „Горица“ која за оваа пригода „ИМПАКТ ГРУП“ ја трансформираше во вистинско волшепство. Гостите ги пречекуваа елегантно облечени хостеси, а за нивното расположение се погрижи гудачко трио, кое изведуваше класична музика. Се точеше шампањско околу чоколадната фонтана каде бармени подготвуваа егзотични коктели.​
За свадбената забава се погрижија бројни естрадни уметници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Eva

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Што е со темава? По што е најлуксузна свадбава? По бројот на гости или? Ако е така мајка ми и татко ми пред 20 години за време на Југославиа имале 600 гости. Не гледам тема за дискусија, ама ај со среќа нека им е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Што е со темава? По што е најлуксузна свадбава? По бројот на гости или? Ако е така мајка ми и татко ми пред 20 години за време на Југославиа имале 600 гости. Не гледам тема за дискусија, ама ај со среќа нека им е.

10 000 evra samo za dekoracija
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
10 000 evra samo za dekoracija


Убаво убаво, ама мене ова ми е кич, во смисла као демек „Еј видете кој сум„ или видете кој правел свадба(да се зборува во чаршијата)...што знам до толку чим може да си дозволи океј, они си знаат, ама чекај бе не е ова Холивуд што се замислуваат, Македонија е...и џабе на толку фрлени пари ако на пример да речеме бракот не е успешен и се разведат на пример по некоја година? Ха, интересно сепак.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
убаво за него,шо сакал напраил.не паѓам у несвест за нив.ај со лесно нека им е у бракот :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati