Трачеви и новости

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Лажен кинески Ламборгини за само 26.000 евра
22.06.kineski-lamborgini1.jpg


Една компанија одлучи да почне со продажба на Ламборгини Мурсиелаџо чиј погон ќе го движи мотор од Тојота по цена од 26.000 евра, што се само еден дел од цената која новите кинески супербогаташи ја плаќаат за своите Ламбоси.

Од 0 до 100 km/h овој лажен Ламборгини забрзува за 9 секунди и има максимална брзина од 200 km/h. Далеку од вистинскиот автомобилски убавец. Меѓутоа, мора да се признае дека од повеќе метри оддалеченост, овој фалсификат изгледа добро. Но, кога малку ќе му се приближите поблиску или подобро ќе го разгледате, ќе забележите некои очигледни нешта кои упатуваат на тоа дека станува збор за копија.
22.06.kineski-lamborgini3.jpg


Во најбројната со луѓе земја на светот Ламборгини Гаљардо во моментот чини 500.000 долари, а моделот Авентадор се продава за повеќе од еден милион долари.

Кина е држава во која копираат буквално сè што е возможно да се фалсификува, од текстилна роба до технолошки направи, од пушки до борбени авиони, па човек едноставно да се исплаши да помисли што следно може да видиме од оваа лулка на фалсификатите.