Хм, а зошто вие се земате здраво за готово?
И како тоа искористена си била? Тебе не ти беше убаво кога се клецкавте?
Мислам.. дај. И јас да се плеснам со некого после 1 недела, не значи дека сум вљубена во него.
Значи дека ми се е*е.
И башка, ако си 1992 родена, имаш 20 или 21 година. Не си дете, да му се невиди.
НЕ ТЕ ОПРАВДУВАМ И НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ ОПРАВДАМ И ЗНАЕШ ЗОШТО,СЕГА ЌЕ ТИ ПОЈАСНАМ
ПРЕД ДА ДОЈДАМ ВО МАКЕДОНИЈА МИ РЕЧЕ ДЕКА САКАЛ МНОГУ ДА МЕ ЗАПОЗНАЕ И МОЖЕБИ МОЖЕЛО ДА СМЕ ЗАЕДНО. ПРОБЛЕМ ЌЕ Е ДАЛЕЧИНАТА САМО. ПЛУС НАЈДОБАР ДРУГАР Е НА ТАТКО МИ. АКО НЕ РАДИ МЕНЕ РАДИ НЕГО МОЖЕШЕ ДА МЕ ПОШТЕДИ. И ЗА ВРЕМЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ МОМЕНТИ КОГА ГО ПРАШАВ ШТО Е ТОЈ ЗА МЕНЕ ТОЈ РЕЧЕ ШТО САКАШ ТОА ЌЕ ТИ БИДАМ,СЕ ! Епа такви зборови не се кажуваат ако не се мисли озбилно. Таквите машки за мене се кукавици. Но јас уште поголема што толку многу го засакав. Со свој камен по своја тимба.
Без нервоза.
Вака да ти појаснам нешто.
Ако јас засвиѓам некој типац, има да му гугам дека зелник ќе му месам и нозе ќе му мијам, додека не го добијам тоа што сакам.
Треба да сфатиш дека само жена може да е доволно глупа преку секс да се вљуби.
Мажите се троа помудри, па полесно ги одделуваат тие работи.
Значи, ако со некој се онадиш а не сте официјално во врска, значи дека се нафаќаш само да се онадиш и да не сте си ништо еден на друг.
Или, поедноставно, ако преку вагина некој во срце ти влага, подобро ич немај секс. Почекај да се вљуби во тебе, онака да ви тргне, па клецкајте се.
Насловот си кажува многу повеќе од било кое солење памет.
Немa зошто да го кривиш него, и не е искористување ако сама си свесна во што си се впуштила. Зошто да му „чукне во лејката“, кога сосема му одговара таа ситуација која и самата си ја прифатила?
Ако од старт си приметила дека ќе сакаш нешто повеќе, си можела и требала да се повлечеш. Дури и сега ако сакаш, зошто да чекаш да му чука во црпката, кога можеш директно и отворено да си кажеш, па да знаеш на што си и каде да тераш? Ако не ти одговара, пријатно, нема голема филозофија, зошто од оваа точка до која си дојдена, може само потешко да ти стане поради невозвратени чувства што не ни требало да бидат развиени на прво место.
Не бе, сами сте си криви. Јес да е нешто што не може да се контролира, ама колку-толку верувам дека сите сме свесни до кај ни се границите на самоконтрола и треба да се придржиме кон истите.
Здравје, направи еден искрен муабет, нема што да изгубиш.
Едит: Што збориш бе? Каков другар на татко?
Едит 2: Добро, не бил стар ко што мислевме.
Сепак девојко, најискрен совет: Никогаш, баш никогаш не споделувај вакви детали во виртуелен свет каде што многумина ти го знаат идентитетот. Најискрено те замолувам, за твое добро.
Јас Весна одамна ја знам.
И одамна кажа и премногу за себе.
За жал, и покрај 2 000 000 совети како твојот, ниеден не послуша.