Толкување на сонови

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Секако дека секој има право сам да си го протолкува сонот како мисле дека е правилно ама тоа што сакав да кажам е дека луѓето толку цврство веруваат во тоа дека соновите можат да предвидат нешто што е навлезено длабоко во нивната психа и верувај дека кога сонуваш невеста или како ти паѓаат забите на пример ако си од оние што веруваат во предвидување денот ќе ти се упропасти мислејќи која несреќа ќе ти се случи следна.
Нормално дека луѓето цврсто ќе веруваат оти од цврст сон ги буди кошмарот, стануваат од спиење со страв во коски, испотени, возбудени, срцето им чука брзо...потребно им е време да дојдат при себе.....Сонот е чудна работа, те препородува но од друга страна има слика како на мртовец....Во сонот поминуваш илада километри, посетуваш куќи кои никогаш во јаве не си ги видела, разговараш со непознати луѓе..хмм...се уште не е доволно ништо истражено ниту докажано, така де, занимавај се ти со Фројд се уште, но немој да си толку цврсто убедена дека не постојат сонови кои се обистиниле.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

:) Мила моја, ако за да веруваш дека соновите имаат пророчки карактеристики ти е доволен еден кошмар... Значи ли тоа дека кога гледаш хорор филм, очекуваш пример низ дома да ти прошета некоја од куклите што ги чуваш од детството, како што прошетува Анабел?
Бидејќи и од хорор филм (посебно ако си апнеш нешто плус) можеш да станеш со страв во коски, испотен, возбуден, срцето да ти чука брзо, а бога ми и да ти е потребно време за да си дојдеш при себе.
Сонот дефинитивно им изгледала чудна ствар на баба ти и дедо ти, што верувале дека ако не ја остават сијалицата запалена во мртви денови, ќе им влезе јапер дома, ама во 21 век, мислам дека треба малку да ги надминеме тие „фантазми создадени за заштитување на мозокот од непознатите нешта“. Интересен феномен се за истражување, но не и за верување :)
Во сон поминуваш милиони километри во дел од секунда, затоа што во сонот не влијае врз тебе ниту еден од природните закони на планетава Земја. Не, тоа не значи дека се телепортираш на друга планета, значи дека си ослободен од стегите на твоето тело, бидејќи си режисер на свој свет.
Инаку, мораш да престанеш со иронични реченици од типот „Занимавај се ти со Фројд сѐ уште...“ бидејќи, тоа може да го рече некој што Фројд го исчитал од глава до пети, па знае дека се погрешни неговите тврдења, или слично, не некој што Фројд го знае само од песната стара, како одеше „Фројд е жив...“
Со што ти се занимаваш од областа на сонот, па да кажеш дека е сѐ уште неистражена тема? Кој е твоето познавање за теоријата на филозофите, психолозите, теолозите, антрополозите во врска со сонот? Кои се твоите познавања во врска со сонот од медицинска гледна точка?
Имаш поим или лупеташ, што баба кажала, што мама пренела?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: la.madrugada

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
:) Мила моја.. Значи ли тоа дека кога гледаш хорор филм, очекуваш пример низ дома да ти прошета некоја од куклите што ги чуваш од детството, како што прошетува Анабел?
хахахаха..види вака МИЛИ мој, ај ќе отидам надвор од темата, знм дека е смешно, но кога го гледав филмот "Ајкула",верувај дека и во Охридско енѕеро кога се капев, шубе ми беше и не одев во длабоко..а пак поради филмот -кошмар на улица брестова-, и оној Фреди Кругер, подобро да си молчам;)

Јас го кажав моето мислење, верувам во сонови, показатели се на многу работи, знам да отворам соновник и да видам што значение има некој сон...но, убаво реков, секој сон не значи нешто, но има сонови кои мене ми претскажаа што ќе се случи, не се тоа многу, ама ете затоа верувам во нив.
Ти бидејќи си многу начитан, имаш големо познавање од многу области, сигурно си сретнал записи на многу физичари, хемичари, математичари, на кои во сон им дошло решение на некој експеримент, одговор на некои нивни анализи..како сониле, така направиле...
 
la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена

Не сакам да се правам многу паметна затоа пишувам само на теми со кои сум запознаеа. Ако веруваш во нешто и си убедена поткрепи го тоа со доказ или образложи го твоето мислење а не само да набројуваш нешта за кои си прочитала а не дочитала.
Велат дека луѓето во сон се попаметни од јаве, затоа што потсвеста владее со нашите соништа. Сакам да кажам не станува збор за некоја виша сила па така на нив и текнуваат решение и одговори туку поради тоа што се занимавале со одредена тема и прашања подолго време научниците доваѓаат до решенија и заклучоци во соновите кои ним и биле цело време во потсвеста.
 
не те разбирам, сакаш ли мојте остварени пророчки сонови да ти ги пишам, сакаш имињата на спомнатите физичари и хемичари да ти ги дадам..па тоа се славни имиња познати по своите теории..на ако треба и ќе гуглам да ги пронајдам(не гледам само што е тоа толку битно за темава)
 
la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена
не те разбирам, сакаш ли мојте остварени пророчки сонови да ти ги пишам, сакаш имињата на спомнатите физичари и хемичари да ти ги дадам..па тоа се славни имиња познати по своите теории..на ако треба и ќе гуглам да ги пронајдам(не гледам само што е тоа толку битно за темава)

Не знам кој дел не ти е јасен, кажи ми ќе напишам пак не ми е проблем.
Не реков дека не е точно тоа дека на сон им дошле теории и решениа, ете не знам и не велам дека не е точно туку кажувам што може да е причината за тоа што и дошле теории во сон.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Не знам кој дел не ти е јасен, кажи ми ќе напишам пак не ми е проблем.
Не реков дека не е точно тоа дека на сон им дошле теории и решениа, ете не знам и не велам дека не е точно туку кажувам што може да е причината за тоа што и дошле теории во сон.
А кој тоа знае душо моја која е причината за некој да има пророчки сонови, јас навистина не знам..Мислам дека ни Нострадамус и Ванѓа незнаеле поради што им доаѓале разни визии во глава....Ти знаеш која би бил причината?
 
la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена
А кој тоа знае душо моја која е причината за некој да има пророчки сонови, јас навистина не знам..Мислам дека ни Нострадамус и Ванѓа незнаеле поради што им доаѓале разни визии во глава....Ти знаеш која би бил причината?

Не мислам дека Баба Вага и Нострадамус добивале визии само кога спиеле па така да мислам дека нивното пророштво не се базира на соновите.
Ако уште еднаш прочиташ што пишувам на темата сонови ќе забележиш дека немам ниту еднаш кажано оти знам како настануваат пророчанства.
Цело време пишувам за тоа како потсвета ни ги контролира соништата и како тоа може да се виде на примери.

Сепак мислам дека сме на две толку различни нивоа и имаме различно сфаќање кога станува за збор за соништата што сето тоа ни ја отежнува комуникацијата и меѓусебното сфаќање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: NePokoreniot

Belaaa

Староседелец
19 јануари 2018
2
0
601
Moze nekoj da mi kazi sto znaci na son da davas voda vo staklena casa na star dedo,dedovo mi e biten,bidejki mu e dedo na sakaniot.
 
Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Пред некој ден ги сонував тетката и тетинот. Се карав со тетинот затоа што не ме поздрави, а мајка ми ми рече да не се расправам со него затоа што и се заканувал на баба ми. Што значи ова?