Толкување на сонови

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Повеќе од 90% од светската популација верува во нив... Дури и Фројд, кој со цел да направи наука од својата теорија и да не избега во метафизика, упорно се обидувал да се тргне од таквото толкување на соништата, за на крај да признае дека само мал процент од неговите запишани соништа (оние кои ги слушнал од пациенти) биле со пророчка содржина.
За жал, многу малку знаеме за областа на сонувањето и тешко е да се десакрализира и демитологизира тој дел од човековото постоење...
Но, од моите досегашни скромни истражувања, можам да ти гарантирам, дека дури и да постојат таквите соништа, не можеш секоја ноќ да сонуваш предвидувања... просто не живееш во таква средина, каде би била поврзана до толку со силите на природата, па да можеш интуицијата, или ако сакаш речи „антечињата“ да ги пуштиш толку високо...
Да се разбереме... верувањето дека сонуваш сонови со кои предвидуваш, се рамни со верувањето дека можеш да делуваш на природниот процес на работите... штом ги сонуваш, треба да можеш и да делуваш...
Мислам дека премногу, ама премногу хаотично го напишав постов, ама целта ми беше... да престанеш да се плашиш од соништата, тие не се ништо друго, освен разговор со твојата потсвест, каде што ти си целосно ослободена од стегите на општеството, не постоиш како субјект, туку само како набљудувач и ги забележуваш сите „дупки“ во својата личност.

Добар ти е постот, како и секогаш, разбрав потполно што сакаш да ми кажеш...и во право си да.
Факт е дека секогаш сонуваме, но не го паметиме секој сон, така и оние соништа за кои ти велев дека ми се обистиниле(на жалост кошмарните соништа), не се многу, не се правам видовита или баба Ванѓа, но ете, после сонувањето, откако оној магичен миг што те тера да се разбудиш и да престанеш да сонуваш, знаев дека тоа пророчко предупредување че се обистини.
Мајка ми на пр. одеше да уплаќа лото само откако ќе сонува нешто за кое она знаеше дека ќе се исполни...смешно можеби, но ете ќе ја цитирам на кратко..."Сонував дека набрав 4 цреши, ај да уплатам лото, можеби че добијам нешто"...и навистина ќе добиеше четворка на лото, пред да ја добие 6+1 наградата, исто на лото, сонувала исто некое црвено овошје ..и да не должам..јас играм цл живот и не добивам ништо а она играше само после сон.

Хаотично е моево пишување набрзина од работа, но ќе ме сфатиш.

Интересна тема е сонот, има премногу за зборување..но факт е дека кога сме во земјата на соновите, можеме да ги контролираме, да ги ваеме, добиваме предлози, идеи, не спремаат психолошки...тие се дел од нас и не се безначајни.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Далеку од тоа дека се безначајни... реков јас дека од соништата личноста многу учи и многу добива.... Но, повторно ќе речам, сѐ што ми раскажа јас припишувам на сугестија... Не живееме таков живот за да можеме да сонуваме пророчки соништа...
Значи, логички, ако фатила четворка на лото, мајка ти, во сонот би требало некако да ги изманипулира мозоците на тие од Државна Лотарија, или пак, да патува во иднината, да види, па во симболи да си го каже тоа во сонот, за да го запамти (четири цреши). И двеве работи се толку луди, што за да би биле точни, јас и ти би требало да пиеме кафе во Бардовци сега :)
Е сега, арно рекол Пирс... ние знаеме да размислуваме само во симболи и знаци... и ете ти ги соништата... и кога ќе им налупаме петсто наши толкувања на тие симболи... ќе испадне дека ќе можеме уште малку да типуваме за сите наградни игри... сите казина има да ги испразниме.
 
Затоа спомнав, јас играм цел живот лото, едни исти бројки, ништо не добивам...она играше пет пати во живот ама само кога и се сонило...значи сепак има нешто.
 
Убаво стои во Библијата... „ќе биде според верата твоја“. Она во што веруваш, тоа ќе ти помогне...
Макар што потполно различно мислење имаме за соништата... но, нема потреба да ја продолжуваме темата... ти одиш според народното „има нешто“, јас одам според што сум го читал/гледал и до ќорсокак доаѓаме :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Убаво стои во Библијата... „ќе биде според верата твоја“. Она во што веруваш, тоа ќе ти помогне...
Макар што потполно различно мислење имаме за соништата... но, нема потреба да ја продолжуваме темата... ти одиш според народното „има нешто“, јас одам според што сум го читал/гледал и до ќорсокак доаѓаме :)
Ок..но само едно прашање да те прашам..Што вели традиционалната медицина ако сонуваш во боја, а што ако сонуваш црно бело?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ок..но само едно прашање да те прашам..Што вели традиционалната медицина ако сонуваш во боја, а што ако сонуваш црно бело?
Традиционалната медицина? Не се занимавам јас со медицина за да знам...
Претпоставувам дека има врска со мајнсетот, бидејќи имав читано некое чудно истражување дека до средина на минатиот век, луѓето почесто сонувале во црно - бели нијанси, а денес почесто во боја, што најверојатно се должи на црно белата техника на телевизијата. Во глобала... ние сме такви суштества што во сѐ мора да најдеме значење... Доколку има „профетско“ или „есенцијално“ значење тоа сонувањето во боја/црно - бело, тогаш... сите соништа на слепи луѓе, или во најмала рака далтонисти би биле безвредни?
 
:D:D Сонување во боја значи здрава јетра и добра функција, додека соновите ако се само црно бели, тоа е аларм за узбуна, нешто не е во ред:rofl

Насловот на темата е толкување на сонови, па ете едно толкување спрема бојата:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена
Далеку од тоа дека се безначајни... реков јас дека од соништата личноста многу учи и многу добива.... Но, повторно ќе речам, сѐ што ми раскажа јас припишувам на сугестија... Не живееме таков живот за да можеме да сонуваме пророчки соништа...
Значи, логички, ако фатила четворка на лото, мајка ти, во сонот би требало некако да ги изманипулира мозоците на тие од Државна Лотарија, или пак, да патува во иднината, да види, па во симболи да си го каже тоа во сонот, за да го запамти (четири цреши). И двеве работи се толку луди, што за да би биле точни, јас и ти би требало да пиеме кафе во Бардовци сега :)
Е сега, арно рекол Пирс... ние знаеме да размислуваме само во симболи и знаци... и ете ти ги соништата... и кога ќе им налупаме петсто наши толкувања на тие симболи... ќе испадне дека ќе можеме уште малку да типуваме за сите наградни игри... сите казина има да ги испразниме.

Конечно некој да се изјасне на форум дека не постојат сонови кои предвидуваат нешта. Не знам зошто е тешко да им се објасни на луѓето дека сонуваме: дел од искуствата што сме ги стекнале и чувства кои ги имаме во нас.
Баш се занимавам со Фројд и стекнав многу нови знаења.
Наместо да верувате во народните толкувања и пророчтвото на соновите читајте и образовајте се.
Поздрав :)
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Конечно некој да се изјасне на форум дека не постојат сонови кои предвидуваат нешта. Не знам зошто е тешко да им се објасни на луѓето дека сонуваме: дел од искуствата што сме ги стекнале и чувства кои ги имаме во нас.
Баш се занимавам со Фројд и стекнав многу нови знаења.
Наместо да верувате во народните толкувања и пророчтвото на соновите читајте и образовајте се.
Поздрав :)
Точно така, ќе читаме, ќе се образуваме, нема никого да убедуваме и ќе оставиме на секој како сака да си го протолкува неговиот сон:)
 
la.madrugada

Нов член
26 март 2018
15
6
3
Верена
Точно така, ќе читаме, ќе се образуваме, нема никого да убедуваме и ќе оставиме на секој како сака да си го протолкува неговиот сон:)
Секако дека секој има право сам да си го протолкува сонот како мисле дека е правилно ама тоа што сакав да кажам е дека луѓето толку цврство веруваат во тоа дека соновите можат да предвидат нешто што е навлезено длабоко во нивната психа и верувај дека кога сонуваш невеста или како ти паѓаат забите на пример ако си од оние што веруваат во предвидување денот ќе ти се упропасти мислејќи која несреќа ќе ти се случи следна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: NePokoreniot