1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Толкување на сонови

Дискусија во форумот 'Спиење и сонови' започната од Реми, 2 март 2012.

  1. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345

    Добар ти е постот, како и секогаш, разбрав потполно што сакаш да ми кажеш...и во право си да.
    Факт е дека секогаш сонуваме, но не го паметиме секој сон, така и оние соништа за кои ти велев дека ми се обистиниле(на жалост кошмарните соништа), не се многу, не се правам видовита или баба Ванѓа, но ете, после сонувањето, откако оној магичен миг што те тера да се разбудиш и да престанеш да сонуваш, знаев дека тоа пророчко предупредување че се обистини.
    Мајка ми на пр. одеше да уплаќа лото само откако ќе сонува нешто за кое она знаеше дека ќе се исполни...смешно можеби, но ете ќе ја цитирам на кратко..."Сонував дека набрав 4 цреши, ај да уплатам лото, можеби че добијам нешто"...и навистина ќе добиеше четворка на лото, пред да ја добие 6+1 наградата, исто на лото, сонувала исто некое црвено овошје ..и да не должам..јас играм цл живот и не добивам ништо а она играше само после сон.

    Хаотично е моево пишување набрзина од работа, но ќе ме сфатиш.

    Интересна тема е сонот, има премногу за зборување..но факт е дека кога сме во земјата на соновите, можеме да ги контролираме, да ги ваеме, добиваме предлози, идеи, не спремаат психолошки...тие се дел од нас и не се безначајни.
     
  2. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Далеку од тоа дека се безначајни... реков јас дека од соништата личноста многу учи и многу добива.... Но, повторно ќе речам, сѐ што ми раскажа јас припишувам на сугестија... Не живееме таков живот за да можеме да сонуваме пророчки соништа...
    Значи, логички, ако фатила четворка на лото, мајка ти, во сонот би требало некако да ги изманипулира мозоците на тие од Државна Лотарија, или пак, да патува во иднината, да види, па во симболи да си го каже тоа во сонот, за да го запамти (четири цреши). И двеве работи се толку луди, што за да би биле точни, јас и ти би требало да пиеме кафе во Бардовци сега :)
    Е сега, арно рекол Пирс... ние знаеме да размислуваме само во симболи и знаци... и ете ти ги соништата... и кога ќе им налупаме петсто наши толкувања на тие симболи... ќе испадне дека ќе можеме уште малку да типуваме за сите наградни игри... сите казина има да ги испразниме.
     
  3. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Затоа спомнав, јас играм цел живот лото, едни исти бројки, ништо не добивам...она играше пет пати во живот ама само кога и се сонило...значи сепак има нешто.
     
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Убаво стои во Библијата... „ќе биде според верата твоја“. Она во што веруваш, тоа ќе ти помогне...
    Макар што потполно различно мислење имаме за соништата... но, нема потреба да ја продолжуваме темата... ти одиш според народното „има нешто“, јас одам според што сум го читал/гледал и до ќорсокак доаѓаме :)
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Ок..но само едно прашање да те прашам..Што вели традиционалната медицина ако сонуваш во боја, а што ако сонуваш црно бело?
     
  6. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Традиционалната медицина? Не се занимавам јас со медицина за да знам...
    Претпоставувам дека има врска со мајнсетот, бидејќи имав читано некое чудно истражување дека до средина на минатиот век, луѓето почесто сонувале во црно - бели нијанси, а денес почесто во боја, што најверојатно се должи на црно белата техника на телевизијата. Во глобала... ние сме такви суштества што во сѐ мора да најдеме значење... Доколку има „профетско“ или „есенцијално“ значење тоа сонувањето во боја/црно - бело, тогаш... сите соништа на слепи луѓе, или во најмала рака далтонисти би биле безвредни?
     
  7. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    :D:D Сонување во боја значи здрава јетра и добра функција, додека соновите ако се само црно бели, тоа е аларм за узбуна, нешто не е во ред:rofl

    Насловот на темата е толкување на сонови, па ете едно толкување спрема бојата:D
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  8. la.madrugada

    la.madrugada Нов член

    Зачленет на:
    26 март 2018
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    6
    Конечно некој да се изјасне на форум дека не постојат сонови кои предвидуваат нешта. Не знам зошто е тешко да им се објасни на луѓето дека сонуваме: дел од искуствата што сме ги стекнале и чувства кои ги имаме во нас.
    Баш се занимавам со Фројд и стекнав многу нови знаења.
    Наместо да верувате во народните толкувања и пророчтвото на соновите читајте и образовајте се.
    Поздрав :)
     
    На Аркантос и Хептаграм XI им се допаѓа ова.
  9. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Точно така, ќе читаме, ќе се образуваме, нема никого да убедуваме и ќе оставиме на секој како сака да си го протолкува неговиот сон:)
     
  10. la.madrugada

    la.madrugada Нов член

    Зачленет на:
    26 март 2018
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    6
    Секако дека секој има право сам да си го протолкува сонот како мисле дека е правилно ама тоа што сакав да кажам е дека луѓето толку цврство веруваат во тоа дека соновите можат да предвидат нешто што е навлезено длабоко во нивната психа и верувај дека кога сонуваш невеста или како ти паѓаат забите на пример ако си од оние што веруваат во предвидување денот ќе ти се упропасти мислејќи која несреќа ќе ти се случи следна.
     
    На NePokoreniot му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: