Пред нешто помалку од година имав сонувано како бркам црна шкорпија, за во следниот момент шкорпијата да ми се најде на рамо и никако не сакаше да се тргне, од страв се разбудив. Според толкувањето, црната шкорпија значело болест, грижи. По месец дена завршив на операција.
Неколку дена пред операцијата, сонував како бел глушец поминува покрај мене. Тоа според толкувањата значело дека ќе слушнам добри вести и ќе сум ги совладала проблемите.
Па и тоа бидна, целиот процес од пронаоѓање на доктор што ќе сака да ме оперира, па до самиот крај на операцијата беше буквално како порачано, па дури и се вработив.
Неколку години пред тоа односно месец дена пред земјотресот во 2016 та сонував како паѓа една зграда, кај мене во комшии, ама буквално си падна, не да се сруши, туку се наведна и падна, а по тоа се крена огромна прашина, која ме рипна од кревет.
По месец дена не расклати убаво земјотресот.
И уште еден куп вакви сонови каде нешто ми поткажуваат, па и во повеќето случаи навистина се случуваат тие работи.
Па да ве прашам, има ли и други што доживеале некои вакви ситуации, или ја просто премногу ги поврзувам работите?
Ама па да е едно две да речеш случајно, но нон стоп кога треба нешто да се случи се некои вакви сонови...