Толкување на сонови

Danzl

Нов член
23 ноември 2018
18
17
3
Пред некој ден ги сонував тетката и тетинот. Се карав со тетинот затоа што не ме поздрави, а мајка ми ми рече да не се расправам со него затоа што и се заканувал на баба ми. Што значи ова?
Ништо посебно можно е у минато да ти поминала некоја мисла па си сонувала
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Ananas

Истакнат Член
14 јануари 2019
75
33
328
31
Сонував се возев во автобус. Бевме само јас и шоферот, инаку другарче во реалноста кој не вози автобус :)
Го паркира на автопат да земе нешто но излегувајќи падна ранец. Излегов да го земам ранецот и излегувајќи притиснав црвен тастер мислејќи дека е за да не се затвори вратата затоа што автобусот беше празен а запален. На влегување гледам автобусот вози, сам! Седнав набрзина да го насочам, поминав еден паркинг со цивилно паркирано возило и полиција, се караа нешто. Потоа поминав кружен тек и гледам џандар трча кон мене ама толку брзо како забрзана снимка. По десет чекори во секунда правеше.
Паркирав и гледам назад, се тепаат цајканите и луѓето. Се стрчав да ги делам и веќе беа завршиле, се разотидоа.
Што може да значи сонот?
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Sonuvav pred nekoj den deka sum kupuvala jakna. Isto taka, sonuvav deka zabolekarot mi vadese zab. Sto znacat ovie raboti vo sonot?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Јадење во сон се јадови.
Хм, интересно :)
Но нели би било „по логично“ ако јадеш нешто што не ти е убаво и во сонот ти создава мачнина, па тогаш да се толкува како... јад?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Хм, интересно :)
Но нели би било „по логично“ ако јадеш нешто што не ти е убаво и во сонот ти создава мачнина, па тогаш да се толкува како... јад?
Па баба ми така ги толкуваше соновите. Се што се јаде во сон се јадови.
Или пак може да не значи ништо ако си легнал гладен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Неодамна го сонував името Иша, првпат го сретнав во мојот сон. Отворив на Google и прочитав дека е женско име што значи вечерна молитва. Интересно...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Пред нешто помалку од година имав сонувано како бркам црна шкорпија, за во следниот момент шкорпијата да ми се најде на рамо и никако не сакаше да се тргне, од страв се разбудив. Според толкувањето, црната шкорпија значело болест, грижи. По месец дена завршив на операција.
Неколку дена пред операцијата, сонував како бел глушец поминува покрај мене. Тоа според толкувањата значело дека ќе слушнам добри вести и ќе сум ги совладала проблемите.
Па и тоа бидна, целиот процес од пронаоѓање на доктор што ќе сака да ме оперира, па до самиот крај на операцијата беше буквално како порачано, па дури и се вработив.

Неколку години пред тоа односно месец дена пред земјотресот во 2016 та сонував како паѓа една зграда, кај мене во комшии, ама буквално си падна, не да се сруши, туку се наведна и падна, а по тоа се крена огромна прашина, која ме рипна од кревет. :) По месец дена не расклати убаво земјотресот.

И уште еден куп вакви сонови каде нешто ми поткажуваат, па и во повеќето случаи навистина се случуваат тие работи.

Па да ве прашам, има ли и други што доживеале некои вакви ситуации, или ја просто премногу ги поврзувам работите? :) Ама па да е едно две да речеш случајно, но нон стоп кога треба нешто да се случи се некои вакви сонови...