Ако знам да ширам нозе на толку мали години, ќе знам да ширам и раце за бебето.
Секоја понова генерација е поглупа од претходната. А и што би, кога 12-13 годишни имаат 33-4 годишни родители чија главна преокупација е Фармвил?
Ако знам да се интересирам за порничи, ќе ме заинтересира да се информирам нешто повеќе околу актот, не веднаш да испробам, па после куку мајко, оти на порничот не покажале дека останала цуцата трудна...
Највиновни се родителите, ама да не се лажеме, и децава не се ангелчиња. Дома ќе се прави свето, а надвор е сосема друга личност.
Незаинтересираност и затупавеност од двете страни.
Мене мајка ми уште од мала ме носела кога купувала влошки, ми објаснувала дека тоа е природен процес, за да ме спреми еден ден да не се шокирам кога ќе видам дека илинденско востание ми се случило на гаќи. Секогаш се интересирала што учиме во школо, па уште кога првпат виде дека се учи за репродукција, фино и лепо ме седна, и ми објасни убаво, онака како што би се објаснило на 12 годишно дете, со избрани зборови, но доволно јасно за да биде сфатено и со посебен акцент на несакана бременост и сексуално преносливи болести. Сега мене ми се превртуваат цревата кога ќе прочитам по женскине форуми како некоја сексуално активна (во најтрагичен случај 25+ годишна) прашува што е тоа гонореа и што апче да пие(?!) Утре таа ќе се размножува и ќе го научи нешто детето...ахам.
Децава сега по форуми и гламстици прашуваат дали да кажат дома дека добиле прва менструација, оти срам им било од мајките.
Па чекај бе, ако еден родител не го интересира развојот на сопственото дете до степен што предизвикува срам кај детето, кого ќе го интересира? Тоа со тек на време само ќе увиди, ама кога и како?
И како може да речете дека 17-18 годишни не се мали да бидат мајки и татковци?
Физички може не, но средношколци без работа и бебе во раце? Мех...ветувачки.