Тинејџери-родители

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Дефинитивно од порано до денес се поместени границите на детството за неколку години.
Жалосно е ова да се случува,да остануваат бремени на 15-16 год. во време кога едукацијата е на далеку повисоко ниво,(иако не на доволно)за разлика од минатото кога сексот бил табу тема.Тука на прво место е разговорот од страна на родителите,кои мора на време да му укажат на своето дете за ризикот од незаштитен секс,полово преносливи болести и несакана бременост.Тука во прашање е и меѓусебната доверба на релација родител-дете.
Исто така тука е и интернетот,па наместо само да гледаат порничи и да дремат на фб,може малку да се информираат и на тој начин.
Е сега во ситуација ќерка ми да остане бремена на тие години,вината ќе ја барам лично во мене,тука јас сум потфрлила како родител .
Ама кога веќе биднала работата има да си го роди детето,и да си ги сноси последиците од своите постапки.
Нормално дека би ја имала мојата подршка и не би ја оставила сама да минува низ сето тоа.
А абортусот како решение не доаѓа во предвид,како што кажаа и погоре кога знаела да шири нозе ќе ги шири и за раѓање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Јас родив на 18 години . Со сексот почнав на 16 ипол . Едукација од интернет , мајка ми и татко ми се толку затворени особи што ниту се потрудиле да ми објаснат некои работи . Сепак , почнав многу рано со едукација од интернет , плус имавме 3 часовно предавање во 2-ра година средно за последиците и се околу сексот .
Јас не планирав да имам бебе но маж ми ( тогашен дечко ) сакал , ми имаше кажувано и предходно , и тогаш ми кажа дека сака бебе , но го земав на шегување сето тоа . Кога веќе сватив дека не е шега , беше предоцна . Прво помислив да абортирам , но маж ми ме премисли . Толку го сакаше бебето што ми се чини леташе од среќа . И така денес сме во брак со 2 деца , а имаме по 22 години :zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ама сум била строга претходно, бре, бре... ваљда пошто сум сакала да звучам демек еве попаметна од горе-долу врсниците. :frantic:rofl
Мислам, стојам на тоа дека едукацијата е потребна и родителите се превиновни што раѓаат деца само колку да ги имаат, а потоа не им објаснуваат ништо за животот, па овие мора да се снаоѓаат како знаат.
Не секој е за родител, во овој случај - за родители не се оние што не го научиле детето основни работи за секс и заштита, па згора на тоа ако останало бремено или направило дете, крекаат, набиваат вина, кукаат + не дозволуваат абортус или приморуваат на истиот без детето да биде прашано.
Децата впиваат ко сунѓери, а од токсични и прости родители, нема што да впијаат освен тоа, па дури и бракот/бебето на рани години го гледаат ко излез од токсично семесјтво и како обид да ги „исправат“ грешките на родителите преку имањето свои деца. Секаде има исклучоци, но крајната поента ми е дека е себично да правиш дете на било која возраст ако примарната цел ти е „да се продолжи лозата“, а не да израснеш продуктивен член на општеството.