1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тинејџери-родители

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од МериСелест, 8 март 2013.

  1. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Значи според тебе ако добро те сфатив посвојувањето е полошо отколку абортусот?
    Со што е полошо посвојувањето?Ако си против него?
    Зар ке ти биде полесно да ја натераш керка ти (Ако се случи тоа ) на абортус и да заврши со стерилитет п а и можна смрт отколку на посвојување.
    Mногу грешиш но сепак нели?твој избор.
     
    На Arkantos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. M.Adams

    M.Adams Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    82
    Допаѓања:
    96
    ^ Да оставиме настрана моја/твоја ќерка, туку ќе преформулирам -да јас на 15/16 години останев трудна, ќе абортирав и сама ќе се справував со последиците кои би можеле да дојдат подоцна. Но тоа мене немаше шанси да ми се случи оти на тие години го немав ни првиот бакнеж не пак секс. И ми се чини темата не е за тоа дали одобруваме абортус или не, но ако сакате да ја водите во таа насока тогаш ок. И да, никогаш не би дала дете на посвојување, а би абортирала (во тие години). Ако веќе некој треба да плати за моја грешка нема да биде невино суштество кое ќе се влечка по домови затоа што мајка му имала страв да не и се случи нешто подоцна со здравјето. А вашите драматични зборови како смрт и стерилитет оставете ги за некој друг, кај мене немаат ефект на заплашување воопшто.
     
    На Bibi@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Роди ме мамо со крсмет и фрли ме на буниште :)
    Шала на страна... Ако го оставиш во дом, има можност да биде посвоено, има можност да се протне некако низ општеството, да крпелка како што крпелкаме сите од први до први, има можност да остане пропалица и да пита за леб. АМА ИМА МОЖНОСТИ! Ти не си никој и ништо да скратиш нечиј живот. Чим си ширела нозе ти, ќе знаеш да ги рашириш и за раѓање.
    - извини што се обраќам во форма Ти(затоа што не се однесува на тебе, се однесува на тие што се бремени уште од градинка), ама така го почна постот...
     
  4. M.Adams

    M.Adams Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    82
    Допаѓања:
    96
    ^А каде е тоа правило ако некој ширел нозе за секс треба да ги шири и за раѓање? Има закон за кој јас не знам? Или тоа е твое лично убедување и сакаш да го продаваш без пари?
    А зошто тебе поточно ти смета абортусот? Ако е заради стерилитет и смрт прочепкај низ нет да видиш дали и како може да дојде до тоа со оглед на тоа во кое време живееме денес, не барај податоци од минатиот век.
     
  5. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Постои можност за стерилитет од доверлива информација(жена ми е медицинско лице, белки знае повеќе од мене и тебе)
    Моето убедување за абортус потекнува од тоа што мајка ми забременила во врска на неполни 20 години, дечкото ја оставил и стоела пред искушение, да се откаже од фамилијата или да абортира.... Како што гледаш не абортирала затоа што била силна жена... за разлика од некои други што би абортирале од СЕБИЧНОСТ.
    А законот... законот следи дека секој треба да се сноси со последиците од своите постапки. Ти шири нозе за секс, користи заштита и нема да шириш нозе за раѓање.
     
  6. M.Adams

    M.Adams Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    82
    Допаѓања:
    96
    Мајка ти била 20 години, тука се зборува за тинејџери колку што знам.
    И зборуваш за превентива а јас зборувам за тоа-што ако веќе работата е сторена.
    Нема закон против абортус, а ти сакаш упорно да влееш чувство на вина за секој што ќе се одлучи за него. ???
     
  7. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Не можам да влеам чувство на вина кога некој воопшто и нема чувства.
     
  8. M.Adams

    M.Adams Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    82
    Допаѓања:
    96
    ^
    Значи сега на емоции ќе играме. Себични, без чувства...ќе ме расплачеш.
    Толку напор да убедиш некој во нешто во што не сака да се впушти а не е противзаконско, не знам зошто.
     
  9. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Не, не, не. Не сакам да те убедам. Само си дебатирам, интересно ми е што никако не попушташ :) Ништо друго.
    Не играм на емоции, ти објаснувам како јас ја гледам работата со абортусот. Ама, ја претеравме, две страни наполнивме со препукување, еве сечам...
    Нека не е против законот. Според мене е против моралот :)
     
  10. Careforwhat

    Careforwhat Полноправен Член

    Зачленет на:
    2 март 2013
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    34
    За жал,понекогаш и големата контрола врз децата не е доволна.Да се грижиш за сопственото дете во граници на нормалата,разговорот е најдоброто нешто за сосредочување на животните случувања,доволна е блискост со барем еден од родителот.Треба да си го препознаваме детето и да забележиме доколку нешто чудно се случува кај него и да интервенираме на време,за да не дојде до поголема штета на физичкиот и психичкиот развој на детето.Навистина се почесто се случуваат вакви работи,млади девојчиња остануваат трудни....Тоа е гревно според мене (worried) Немам сооодветен коментар на темава,не знам како би реагирала во ваков случај.... :(
     
    На Arkantos, Bibi@ и JaMi им се допаѓа ова.

Сподели: