^ Да оставиме настрана моја/твоја ќерка, туку ќе преформулирам -да јас на 15/16 години останев трудна, ќе абортирав и сама ќе се справував со последиците кои би можеле да дојдат подоцна. Но тоа мене немаше шанси да ми се случи оти на тие години го немав ни првиот бакнеж не пак секс. И ми се чини темата не е за тоа дали одобруваме абортус или не, но ако сакате да ја водите во таа насока тогаш ок. И да, никогаш не би дала дете на посвојување, а би абортирала (во тие години). Ако веќе некој треба да плати за моја грешка нема да биде невино суштество кое ќе се влечка по домови затоа што мајка му имала страв да не и се случи нешто подоцна со здравјето. А вашите драматични зборови како смрт и стерилитет оставете ги за некој друг, кај мене немаат ефект на заплашување воопшто.