Тинејџери алкохоличари

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Може .. незнам не ви се мешам во тоа и немам намера, само кажувам од моја гледна точка и како гледам на тоа :) кажав, без навреда, не си земај ништо лично, кажав општо, не посочив никого.
Немај гајле затоа е оваа тема да си кажиме сите што мислиме околу ова, не сфаќам ништо лично макар што не ме навредува тоа бидејќи си знам што е и како е сам. Заради тоа имам малце по чил мислење околу ова, сигурно забележа :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
лош термин - алкохоличар. Немате изглеа појма што значи во права смисла алкохолизмот. Тоа не е да зедеш да се поднапиеш со друштво во парк. Тоа нема никаква врска со пиењето во друштво. Кога си алкохоличар, ти го дружиш шишето на секое место, време, безразлика дали има некој со тебе или не.
Ова со децава е еден вид на фаза. И не, не го оправдувам алкохолот за добра дружба. Можеби до еден степен ее во ред, колку да пушти виугите, но ако се претера, се станува инфантилен дебил. Како што вика Electra алкохолот е еден вид на лажно оправдување - бегање од реалноста. Поради она што општеството ни го нуди, сите стануваме еден вид на numbs, алкохолот е лажно бегање од реалноста.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се имам опиено само еднаш во животот, од љубопитност, и на тоа останувам. Алкохол повеќе не ставив во устата, не гледам некоја убавина во пиењето, радо би потрошил пари на нешто попаметно, отколку на алкохол којшто знам дека ми наштетува.

Исто како што и ти напиша коментари од твое искуство, исто така и јас напишав од мое. Јас што имам направено, моите пријатели што имаат направено, луѓето околу мене што ги имам гледано и за луѓето кои имам слушано. Секако, има луѓе кои не престанале со активно пиење од самото започнување. Јас дадов пример за мене и моите пријатели дека престанавме, што значи, не прераснуваат сите тинејџери/млади луѓе во алкохоличари, нели? Браво за тебе што не пиеш алкохол, ако за тебе тоа претставува успех.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Имам пиено алкохол 3 пати до сега. Се имам опијането 3 пати до сега. Првиот и вториот пат беа катастрофа, третиот пат беше во ред - се отрезнив пред да дојдам дома.

***

Мислам дека повеќето млади/тинејџери пијат исклучиво за да се направат камен и да имаат со што да се пофалат. "Бев во парк викендов и се направив камен" стана многу честа реченица, исто и тоа "Еј брат, лом сум се напраил - ништо не се сеќавам".

А тука се и оние кои пијат само кога има луѓе наоколу, па ќе направат некоја глупост со надеж наредниот ден да бидат тема за муабет.
Си сакаат внимание и уживаат во тоа кога некој ќе почне да ја раскажуваа таа "луда" случка и сите очи се на него или кога некој ќе им каже "Еј брат, абе стварно ненормален си!".

Во секој случај - како што поминува времето почнуваме да ги гледаме работите на друг начин, па веќе после некое време, кога ќе размислиме какви сме биле, што сме правеле и како сме се однесувале, ќе се засрамиме.

Така и со овие млади алкохоличарчиња. За неколку години (колку и да им треба), тие што ќе бидат доволно среќни да се освестат и одвикнат од тоа, ќе седат во круг со група пријатели и ќе зборат "Еј, се сеќавам кога на 16-17 години се пијанчевме во парк и мислевме дека сме кул".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y and Scars

Wind

Полноправен Член
30 јуни 2012
18
39
13
Све бре невинаши како демек вие не сте пиеле на таа возраст (facepalm)
Тоа се тие години кога си слободен и се забавуваш ако не го искористиш нема назад.Алкохолот е во ред во умерени дози колку да се опуштиш и забавата е поинтересна...нема шо да објаснувам си знаете како е ''невинаши'' ;)

Алкохоличар е човек што спие со алкохолот во рака,а не тинејџер кој пие 2-3 пати месечно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jess21 and Selma

jess21

Нов член
9 август 2012
7
5
3
Не можеме да ги наречеме алкохоличари,за да бидеш алкохоличар треба долго време да се пијанчиш.Што се однесува до тинејџерите,памтам јас кога бев средно без алкохол немаше забава,јас бев една од тие кои редовно пиеа алкохол, но никогаш се немав испијането.А ги памтам и моите другари кои секоја вечер се пијанеа до бесвест во паркот,толку пати ги трезневме (делот кој најмногу го мразев).Реално гледано не можеш да бидеш тинејџер без да пробаш алкохол и да пробаш многу други работи за прв пат во животот.А и не можеш да му забраниш на тинејџер да не пие (моите родители пробале,не успеале),сепак тоа е нивни живот и нивна одлука :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Wind